Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ЖивотМакедонските вина претставени во Италија на еден од најголемите саеми за вино во ЕвропаМакедонските винарии учествуваа на еден од најголемите саеми за вино во Европа – „Vinitaly 2022" кој оваа година се одржуваше од 10 до 13 април во Верона, Италија. На саемот беа преставени вина од 4.500 винарии, пред 20.000 професионална винска публика од светот. Во рамки на саемот се одржала и посебна мастерклас дегустација на македонските вина од сортата „вранец" и преку стручна презентација биле презентирани посебните карактеристики на оваа сорта која е најзначајна во земјава. – Со учеството на ваков тип на интернационални саеми се гради имиџот и препознатливоста на Македонија како винска земја во светски рамки и се остваруваат контакти со диструбутери и купувачи со цел зголемување на продажбата, велат од „Вина од Македонија". Учеството на саемот беше финансиски поддржано од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за поддршка на руралниот развој за 2022 година./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаУапсен е гостиварец- му пронашле кокаин „Task Foce“ пронајде дрога во Гостивар и лиши од слобода едно лице.На 25.10.2026 во 01:55 часот на ул.„Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од мобилниот тим „Task Force“ при ОВР Гостивар го лишиле од слобода М.Д.(27) од Гостивар. При преглед извршен кај него, полицискисте службеници пронашле две пакувања со кокаин. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
Црна хроникаПијани возачи предизвикале сообраќајки во струмичко и валандовско- загина човек од с.Добрејци Двајца возачи на подрачје на СВР Струмица возеле под дејство на алкохол и предизвикале сообраќајни несреќи со смртни последици и со тешки телесни повреди.На 25.10.2026 околу 02:00 часот во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Радовиш, во близина на с.Радичево, општина Василево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.В.(19) од с.Злеово, радовишко и патничко возило „мицубиши“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(58) од с.Добрејци, струмичко. Од здобиените повреди на местото починал возачот Р.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Во несреќата со телесни повреди се здобил сопатникот во патничкото возило „мицибуши“ Д.А.(36) од село Дабиле, струмичко. Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека Н.В. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,32 промили алкохол во крвта, по што е лишен од слобода. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. На 25.10.2026 во 00:15 часот во ОВР Валандово било пријавено дека на регионален пат во с.Марвинци, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од В.И.(26) од с.Брајковци, валандовско и мотоцикл „кавасаки“ со валандовски регистарски ознаки, управуван од М.Г.(57) од с.Марвинци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општа болница Гевгелија. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Валандово, при што било констатирано дека возачот на патничкото возило „мерцедес“ В.И. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,45 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни пријави, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија18-годишен делчевец за пример- пронашол документи и поголема сума пари и ги предал во полицијаНа 24.10.2026 година, во 14:00 часот, во Полициската станица Делчево, 18-годишен жител на Делчево предал пронајдени лични документи и парични средства во износ од 114.000 денари и околу 2.000 евра.Имено, младиот делчевец на булеварот „Македонија“ во Делчево пронашол патна исправа и лична карта на лице од Делчево, како и наведените парични средства, по што совесно постапил и истите ги предал во полициската станица. Министерството за внатрешни работи ја поздравува оваа постапка, која претставува позитивен пример за чесност, совесност и високо развиена граѓанска одговорност, особено кај младите. Ваквите постапки заслужуваат јавно признание и претставуваат поттик за негување на општествените вредности, меѓусебната доверба и одговорното однесување во заедницата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook