Македонските уметници со први места на интернационалниот фестивал „Балканска романсијада“ во Софија - Канал 5

Македонските уметници со први места на интернационалниот фестивал „Балканска романсијада“ во Софија

На 9 ноември 2025 година во Софија се одржа Интернационалниот фестивал на руска класична и современа романса „Балканска романсијада“, кој традиционално ги обединува најдобрите интерпретатори на романтичната музика од различни држави.

Македонските уметници со први места на интернационалниот фестивал „Балканска романсијада“ во Софија

Македонија оваа година се претстави со извонреден успех – нашите уметници освоија први места во сите категории на натпреварот.

Во категоријата соло пејачи од 20 до 27 години, првото место го освои Анастасија Славковска, студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Таа се истакна со својот впечатлив израз, сценска енергија и емоционална интерпретација, а токму поради тоа ја доби и специјалната награда за Највпечатлив глас на фестивалот.

Во категоријата соло пејачи од 15 до 20 години, првото место ѝ припадна на Фјола Лечај, исто така студентка на Факултетот за музичка уметност во Скопје, која ги воодушеви членовите на жирито со чистината на гласот и сигурноста во изведбата.

Младата Мартина Трпчевска, десетгодишна ученичка од Скопје, освои прво место во категоријата соло пејачи до 15 години, покажувајќи дека иднината на македонската вокална уметност е светла и ветувачка.

Во највозрасната категорија, соло пејачи постари од 27 години, првото место го освои Мила Николовска од Националната опера и балет во Скопје, која со своето маестрално изведување уште еднаш ја потврди високата уметничка традиција на нашата земја.

Сите овие изведувачи беа предводени од Елена Силјаноска, корепетитор од Националната опера и балет во Скопје, чие професионално водство и музичка поддршка беа од огромно значење за нивниот настап.

Посебна благодарност им се упатува и на професорите Весна Илкова, Иван Наумовски и Горан Начевски, ментори на младите уметници кои ја претставија Македонија во најдобро светло и донесоа заслужени први места.

Фестивалот „Балканска романсијада“ претставува вистински мост на културна размена и пријателство меѓу земјите од регионот, а годинашните успеси на македонските натпреварувачи се уште еден доказ за нивниот талент, труд и посветеност кон уметноста.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра

 Манчестер Сити го продаде голманот Џејмс Трафорд на Лидс. 

Манчестер Сити го продаде резервниот голман за 50 милиони евра

Според „Атлетик“, Сити ќе добие 50 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите, за својот резервен голман. Покрај тоа, Сити задржа клаузула од 20% од наредната продажба.

Овој трансфер претставува нов клупски рекорд за Лидс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МЗ: Осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот Фостер од аптеките без доплата

Министерството за здравство е известено од компанијата – носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер, што се наоѓа на Позитивната листа на лекови, дека се направени промени во интерес на пациентите што го користат овој лек.

МЗ: Осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот Фостер од аптеките без доплата

Почнувајќи од овој месец, осигурениците повторно ќе можат да го подигнат лекот од аптеките без доплата, односно само со плаќање на законски утврдената партиципација за услугата по рецепт. Тоа важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти и се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест (ХОББ).

Министерството за здравство во континуитет спроведува активности насочени кон обезбедување поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кога чаршијата пее...Битола добива свој фестивал на чалгијата

БИТ ФЕСТ, со уште еден посебен настан, посветен на чалгијата, потврдува дека, визуелниот идентитет на фестивалот соодветствува со културата, историјата и музичкото богатство на градот.

Кога чаршијата пее...Битола добива свој фестивал на чалгијата
Долгогодишната чалгиска традиција, која во Битола зазема истакнато место уште од крајот на минатиот век, оваа година добива своја посветена манифестација.

Оригиналните песни, инструменти и препознатливиот звук, кои за Битола и битолските боеми значеле многу и денес оставаат силен печат во секојдневието на градот. Оваа година чалгијата на посебен начин ќе ја заживее Битола, а посебно Старата битолска чаршија.

Во организација на Културно-информативниот центар (КИЦ), а во рамките на Битолското културно лето БИТ ФЕСТ, од 14 до 16 август ќе се одржат „Битолски Чалгиски Денови“ - првиот фестивал во градот посветен само на оваа специфична музичка форма.

Чалгиската музика во Битола потекнува од богатата градска музичка традиција, којашто со векови комуницирала со големите светски музички центри.

Влијанијата од Истанбул, Солун, Дамаск, како и од Виена и Париз, го обликувале она што денес го знаеме како чалгиски звук. Слично на модата од тоа време и музиката се делела на „Ала Турка“ и „Ала Франга“.

За Битола и битолските боеми, оваа музика со нејзините оригинални песни и инструменти значела премногу, што е потврдено и од бројните преданија и легендарни музички имиња кои оставиле неизбришлив траг во културното наследство на градот.

Овогодишното прво издание на фестивалот „Битолски Чалгиски Денови“ го претставува идејниот концепт кој означува патување низ времето, инспирирано токму од боемскиот живот и музичката традиција кои со децении претставуваат препознатлив дел од идентитетот на Битола.

Целта на овој настан, кој е во организација на Културно-информативниот центар е да се оживее автентичната атмосфера и духот на Старата чаршија.

Реконструкција на некогашниот амбиент

Во текот на фестивалот, Старата битолска чаршија ќе се претвори во вистинска, жива сцена на старото битолско боемство. Вечерната програма ќе биде резервирана за концертни настапи на главната сцена, додека во текот на денот, во чаршијата ќе се движат седум пајтони со мали чалгиски состави. Десетина чалгиски оркестри ќе настапуваат на повеќе локации, исполнувајќи го просторот со автентични звуци.

Свеченото отворање ќе биде означено со впечатливо дефиле што ќе тргне од Офицерскиот дом (КИЦ) и ќе се движи кон чаршијата. Во дефилето ќе учествуваат седум пајтони со музичари и околу сто статисти облечени во староградски носии, создавајќи впечатлива реконструкција на некогашниот градски амбиент. Како дел од фестивалската понуда, во централниот дел на чаршијата, кај Монмартарот, ќе биде поставен угостителски простор со неколку традиционални кафеани.

Промоција на новиот албум „Песни од Офицерски“

Музичкиот врв на фестивалот се очекува да биде на 15 август, кога публиката ќе има можност да го проследи концертот на Оливер Јосифовски и неговите пријатели. На овој настан ќе биде официјално промовиран новиот албум „Песни од Офицерски“, дело кое директно ја продолжува оваа музичка традиција. Претходниот ден, на 14 август, на главната сцена ќе настапи Битолскиот чалгиски оркестар.

Завршницата на фестивалот ќе се одржи на 16 август, кога во утринските часови, на Тумбе Кафе, ќе се одржи последниот концерт „На кафе со чалгиите“, со што ќе биде заокружено ова уникатно културно искуство.

Првиот фестивал „Битолски Чалгиски Денови“ претставува значајна можност за вреднување и промоција на ова музичко богатство, со директна организација на Културно-информативниот центар, укажувајќи на посветеноста на локалните институции кон зачувувањето и промоцијата на културното наследство во рамките на Битолско културно лето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер