3ЛИДЕМ: Свиревме против булингот, но институциите останаа глуви! Уште колку деца треба да страдаат за некој да реагира?!
Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
МакедонијаМакедонските ученици вицешампиони на Европскиот квиз на пари – свечено одбележан успехот во МБАФиналето на овој престижен натпревар за финансиска писменост се одржа на 23 мај 2025 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација.Денес, во просториите на Македонската банкарска асоцијација (МБА), се одржа свечен настан по повод освоеното второ место на Европскиот квиз на пари од страна на македонскиот тим, составен од учениците Марин Христоски и Алексеј Мицкоски од ООУ „Кире Гавриловски – Јане“ од Прилеп, под менторство на наставничката Соња Јорданоска. Финалето на овој престижен натпревар за финансиска писменост се одржа на 23 мај 2025 година во Брисел, Белгија, во организација на Европската банкарска федерација. Настанот го отвори д-р Маја Стевкова-Штериева, претседателка на Македонската банкарска асоцијација, а на присутните им се обратија и д-р Трајко Славески, гувернер на Народната банка, м-р Бујаре Абази, претседателка на Комисијата за хартии од вредност, и д-р Весна Јаневска, министерка за образование и наука. Во своето обраќање, претседателката на МБА, д-р Стевкова-Штериева, го истакна значењето на успехот како извор на мотивација и национална гордост: „Ова признание нека биде поттик и за други ученици да се охрабрат, да учат, да истражуваат и да сонуваат. Зашто образованието е клучот што ги отвора сите врати – и во личниот и во професионалниот живот. Вашиот успех не е само ваш личен успех. Тој е успех и на вашите наставници, вашите семејства, училиштето, и на сите нас кои веруваме во вредноста на знаењето и вложувањето во младите.“ – изјави Стевкова-Штериева. Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во своето обраќање истакна дека постојаната надградба на знаењата на младите, вклучително и во областа на финансиите, е најдобрата инвестиција за стабилна и одговорна иднина на секое општество. Народната банка постојано настојува преку разни едукативни активности да ја зголеми свесноста кај младите за важноста на финансиската писменост. „Првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, донесена од страна на Народната банка и другите финансиски регулатори, предвидува и активности за поголема застапеност на финансиската едукација во формалното образование, за што соработката и поддршката од надлежното министерство ќе биде од огромно значење“, потенцираше гувернерот Славески. Претседателката на Комисијата за хартии од вредност м-р Бујаре Абази рече: ,,Овој проект е дел од поширока мисија – да ги поттикнеме младите да станат финансиски писмени, одговорни и самоуверени во носењето одлуки што се однесуваат на нивните пари и иднина. Денес квиз, утре живот. Живееме во свет на безброј информации, финансиите се се покомплексни, а дигиталните технологии секојдневно го менуваат начинот на кој ги користиме ресурсите, затоа како регулатор на пазарот на хартии од вредност, нашата улога ја гледаме не само во надзорот, туку и во едукацијата. Нашиот интерес е да имаме кадри кои ги разбираат финансиските услуги што ги користиме и на тој начин да не влегуваат во непотребни ризици, а истовремено се избегнуваат и се минимизираат последиците, со што креираме постабилен финансиски систем. Финансиската писменост и квалификуваната работна сила во денешно време се сметаат за особено ретки ресурси и се основен предуслов за создавање на ефикасни и конкурентски ориентирани финансиски пазари,, заврши м-р Бујаре. Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека второто место меѓу тимови од 30 држави е многу високо достигнување и потврда дека македонските ученици добро ги познаваат економските процеси, имаат одлични знаења за управување со парите, планирање на буџетот и правење финансиски инвестиции. „Министерството се заложува да ја подигне финансиската писменост меѓу сите млади и затоа ќе ја продлабочиме соработка со финансиските институции како Народната банка, Македонската банкарска асоцијација, Комисијата за хартии од вредност и така натаму и заеднички ќе го обликуваме моделот преку кој уште поефективно, финансиски ќе ги едуцираме новите генерации“, рече Јаневска. Додаде дека Министерството и Владата веќе ги зголемија средствата за поддршка на талентираните ученици, за да можат без било какви грижи, во иднина да учествуваат на големи меѓународни олимпијади. На свеченоста земаа збор и самите европски вицешампиони, на кои им беа доделени признанија и подароци. Награди беа доделени и на второ- и третопласираните екипи од националниот натпревар: - Ана Грбиќ и Мила Игњатовска од СЕПУГС „Васил Антевски-Дрен“ од Скопје, под менторство на професорката Билјана Ниновска, - Катја Ивановска и Никифор Кискоски од ООУ „Љубен Лапе“ – Аеродром, Скопје, под менторство на наставничката Андријана Савеска. Овогодинешниот Европски квиз на пари забележа рекорден одѕив – над 73.000 ученици од 2.877 училишта учествуваа на националните натпревари во 30 европски земји. Финалето, кое траеше два дена и вклучуваше активности за вмрежување на младите, собра 60 финалисти. Тимот од Италија го освои првото место, додека третото место ѝ припадна на Шведска. Македонската банкарска асоцијација, во соработка со Народната банка и Комисијата за хартии од вредност, со поддршка од Министерството за образование и наука, останува посветена на унапредувањето на финансиската писменост како клучен елемент во подготовката на младите за активно и одговорно учество во економијата.Тагови: МБА Европскиот квиз на пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОд ноќеска почнува зимското сметање на времето, стрелките се поместуваат за еден час наназад Зимското сметање на времето оваа година започнува ноќеска во 3:00 часот, со поместување на стрелките на часовниците за еден час наназад.Летното сметање на времето оваа година завршува во недела, 25 октомври, во 3:00 часот наутро, кога часовниците треба да се поместат за еден час наназад, на 2:00 часот наутро. Македонија го следи стандардното централноевропско време (CET, UTC+1), додека во текот на летниот период се користи централноевропско летно време (CEST, UTC+2). Оваа практика е во согласност со повеќето европски земји.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
ЕвропаГори „Орловото гнездо“ на Хитлер, уапсен е осомничениот (ВИДЕО)Германската полиција соопшти дека привела осомничен откако избувнал пожар во историска планинска структура позната како „Орловото гнездо“, која ја користеле како место за одмор нацистичките функционери, вклучувајќи го и диктаторот Адолф Хитлер.Околу 200 пожарникари и работници за итни случаи се бореле со пожар во областа Берхтесгаден во јужната германска покраина Баварија во петокот, откако зграда позната како Келштајнхаус се запалила, соопшти полицијата. Според снимките од метеоролошките камери, пожарот сè уште беснеел во зградата во раните утрински часови во саботата. Фотограф на АФП објави дека полицијата го блокирала пристапот до патот што води до местото, додека на самиот врв паѓал снег. Полицијата го привела осомничениот, а причината за пожарот се истражува Во соопштението, полицијата наведува дека истражува дали осомничениот, кој бил приведен во близина на местото на настанот, е поврзан со пожарот. Во моментов нема информации за можен мотив. German police have detained a suspect after a major fire broke out at Adolf Hitler’s former Alpine retreat, the Eagle’s Nest, in Bavaria on Friday night. The building was engulfed in flames, with around 200 emergency personnel deployed. Difficult terrain hampered firefighting efforts, and the blaze was still burning early Saturday. No injuries were reported. Police are investigating whether the suspect was involved in starting the fire. — Clash Report (@clashreport) October 24, 2026 Полицијата додаде дека никој не е повреден. Според полицијата, детектор за чад во зградата го активирал противпожарниот аларм во петокот околу 21:50 часот. локално време. Пристигнувајќи на местото на настанот, пожарникарите забележале пламен како се крева високо во воздухот. Кога пристигнале, ја нашле зградата „целосно зафатена од пламен“. Пристапот до локацијата - која се наоѓа на надморска височина од 1.834 метри надморска височина - како и самото гаснење на пожарот, претставувале голем предизвик, изјави портпаролката на полицијата Лиза Мајер. „Влегувањето во зградата е можно само со употреба на тешка заштитна опрема за дишење“, објасни таа. Историска зграда изградена за нацистички службеници Изградена во 1938 година како куќа за гости за нацистички службеници и нивните гости, имотот е сместен во спектакуларен алпски пејзаж и е одвоен од блиската летна резиденција на Хитлер, позната како Бергхоф. Денес, Келштајнхаус е во сопственост на сојузната покраина Баварија, а по војната е прогласена за историски споменик што потсетува на нацистичкиот период. Службите за итни случаи не пронајдоа никого во зградата. „Кривичната истрага е во тек“, рече Мајер. Недолго откако избувнал пожарот, „сомнително лице го привлече вниманието на истражителите“, објави полицијата. Според германскиот таблоид „Билд“, полицајците наишле на мотоциклист кога пристигнале на местото на настанот. Зградата ја преживеала Втората светска војна без штета Зградата, позната по голем број повоени американски филмови, нуди исклучителен поглед на живописниот планински пејзаж - остра спротивност со ужасите на Третиот рајх, чии антисемитски, расистички и експанзионистички политики предизвикаа смрт на милиони луѓе и доведоа до холокаустот. Изградена од камен и гранит, зградата била дизајнирана да импресионира странски дипломати. Зградата ја преживеала Втората светска војна без никаква штета. Тука работи ресторан од 1952 година, а на локацијата е отворена изложба која ја прикажува историјата на зградата. Туристите можат да стигнат до локацијата само со автобус.Тагови: Адолф Хитлер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Словачка се одржуваат локални и регионални избори Гласачките места во Словачка се отворија утрово во 7:00 часот за локални и регионални избори, а граѓаните ќе можат да гласаат до 20:00 часот.Речиси 4,41 милиони луѓе имаат право на глас, а гласањето се одвива на 6.029 избирачки места во 2.926 општини, градови и градски окрузи, објави TASR. Гласачите избираат градоначалници, членови на општински и градски совети, претседатели на самоуправни региони и членови на регионални собранија. Во Братислава и Кошице се избираат и претседатели на градски окрузи и членови на нивните совети. Мандатот на избраните претставници трае четири години, а граѓаните можат да гласаат само во местото на нивното постојано живеалиште. Покрај возрасните граѓани на Словачка, право на глас имаат и странски државјани со постојано живеалиште во таа земја.Тагови: Словачка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter