1Европа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и Даблин
Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
КултураМакедонските театри до крајот на годинава на значајни гостувања во странство Во втората половина од годинава, со поддршка од Министерството за култура, ќе се реализираат неколку значајни гостувања на македонските театри во странство.Од Министерството соопштија дека идниот месец Македонскиот народен театар ќе гостува во Националниот театар во Баку, Азербејџан, со театарската претстава „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“ од Едвард Олби, а во режија на Синиша Евтимов. Ова гостување ќе се реализира по повод одбележувањето на 20-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Македонија и Азербејџан, а ќе придонесе за промовирање и афирмирање на најновата македонска театарска продукција во Азербејџан, за зацврстување на културната соработка меѓу двете земји и за соработка на копродукциски проекти меѓу двете национални театарски институции во иднина. Со поддршка од Министерството за култура, кон крајот на идниот месец Народниот театар од Битола, со претставата „Среќен крај“, ќе учествува на фестивалот АККО кој ќе се одржи во израелскиот град Акре. Фестивалот за алтернативен театар АККО е основан во 1980 година и вклучува натпревар за оригиналната игра која премиерно се изведува за време на фестивалот, на кој учествуваат локални и странски театарски продукции, улични театри итн. Идејата за соработка и гостување на Битолскиот театар во Израел почна да се реализира уште во 2014 година, за време на одржувањето на Фестивалот на монодрама во Битола кога авторот на текстот „Среќен крај“, Иддо Нетанјаху, ја проследи претставата „Без паника“ во изведба на Народниот тетар од Битола и изрази желба за соработка. Неколкумесечната комуникација меѓу театарот и авторот резултираше со соработка, и тоа на претставата „Среќен крај“, текст кој обработува една семејна драма во 30-тите години во Берлин. Изведбата на претставата „Среќен крај“ во Израел, несомнено, ќе биде чекор кон запознавање, но и идна соработка меѓу нашите две земји. Со поддршка од Министерството за култура, идниот месец НУ „Театар Комедија“ ќе ја изведе претставата „Многу врева за ништо“ во режија на Дејан Пројковски на „Фиат-фестивалот“ во Подгорица, Црна Гора. Претставата „Многу врева за ништо“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Дејан Пројковски претставува ново сценско читање на светската класика и алтернативен поглед во создавањето на сценскиот јазик. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
СветЕвропа бара место во преговорите за Украина, дипломатските разговори продолжуваат во Москва и ДаблинОд Абу Даби преку Москва до Даблин. Се интезивираат дипломатските напори за мировно решение во Украина. Додека американскиот двоец Виткоф-Кушнер замина кај Путин во Москва, околу 50 светски лидери во ирската престолнина разговараат за стратешките предизвици. Доминантно прашање на собирот на Европската политичка заедница, каде учествува и претседателката Синљановска Давкова е кој европски лидер или група лидери би седналe на преговарачка маса за Украина, откако вчера и завчера остана надвор од преговарачката маса во Абу Даби. Консензус нема, најзигледни фаворити се Кошта и Калас. -Toa e Aнтонио Кошта, тука е високата претставничка и потпретседателка, која ги претставува безбедносните прашања во Европа. Или пак, знаете лидерите би можеле да изберат поразлично и да ги отворат овие дискусии повторно. , изјави Каја Калас, висока претставничка на ЕУ. -Би рекла дека поважно од тоа „кој“ е да се осигураме дека ќе зборуваме со обединет, кохерентен и доследен глас. Тоа е тоа што им треба на нашите партнери. И мислам дека тоа ѝ треба на Украина. , изјави Роберта Мецола, претседателка на Европскиот Парламент. Во Даблин забележителен беше оптимизмот од преговорите во Абу Даби, каде што Русија и Украина во посредство со Вашингтон договорија размена на заробени војници од досега најголеми размери, но и натаму без напредок за територијалните прашања. -Од она што го слушнав од нашата делегација разговорите беа сериозни, а не празни. Постигнат е договор за размена на воени заробеници. , изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. -Слушнав некои позитивни сигнали од Абу Даби вчера и завчера. Имаме шанса и на средба со Американците да се постигне мир во Европа. Но, тоа е долг пат и по тој пат треба да одиме заедно. , изјави Фридрих Мерц, канцелар на Германија. Американскиот двоец Виткоф Кушнер, пак, според дел од медиумите, на Путин денеска му предложиле Русија да подготви нов нацрт-договор што ќе ги реши нејзините безбедносни грижи и барања, но исто така ќе утврди какви симетрични чекори е подготвена да преземе за да го деескалира конфликтот и да ја увери Европа дека нема да нападне во иднина.Тагови: САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСе повеќе странски туристи ја посетуваат Македонија – најбројни гостите од Турција Се повеќе туристи, но не и подолг престој. Во септември земјава ја посетиле над 136.000 туристи, што е за 2,5% повеќе во споредба со период месец лани. На кумулативно ниво, во првите девет месеци од годинава бројот на туристи е зголемен за 3%. Сепак, податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека туристите во просек се задржуваат околу 2,5 ноќевања, додека во септември просекот е помал и од две ноќевања. Според професорот и поранешен директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, овие податоци покажуваат дека Македонија станува дестинација за транзитни и кружни патувања. Според него, потребно е поголемо внимание на постојните, но и создавање нови туристички атракции, повеќе чартер-летови и поголема понуда на пакет-аранжмани за престој во земјава. -Ние стануваме сè повеќе дестинација за кружни патувања и задржувањето на туристите е многу помало. Сметам дека ни се потребни дополнителни авионски линии, зголемување на обемот на странски туроператори коишто ќе оперираат во нашите туристички места со зголемена сезоналност, од мај до октомври. Поголем број на чартери и исто така пакет-аранжмани со останување 5 до 7 денови во дестинацијата,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Но, предизвикот не е само како да се задржат туристите подолго, туку и како да се привлечат надвор од летната сезона. И минатата зимска сезиба бројот на туристи во периодот од декември до февруари бил зголемен за околу 6,5 проценти, но сепак бројот на ноќевањата се намалил за 1,5 проценти. Јаневски смета дека градовите треба навреме да подготват новогодишни програми и промоцијата да ја насочат кон туристите од регионот. Посочува дека не е доволно гостите да ја поминат новогодишната ноќ во Охрид или Скопје, а веќе следниот ден да заминат. Целта треба да биде развој на понуда што ќе ги мотивира да останат три до четири дена, преку градски, конгресен и друг вид туризам. - Сметам дека повеќе треба да се работи на конгресниот туризам, повеќе да се работи на сити-брејк дестинацијата за три до четири ноќевања. Исто така, поголем фокус треба да биде за стимулирање, реинвестирање во дестинацијата и исто така развивање и зајакнување на домашните туроператори коишто треба да бидат носители на аранжманите, а не само извршители, односно не локални DMC-ја во самата дестинација,- доц. д-р Љупчо Јаневски – професор на Факултет за туризам. Според податоците на ДЗС, во септември најмногубројни биле туристите од Турција, од каде пристигнале речиси 28 илјади гости. По нив следуваат туристите од Србија со над 8.300, Германија со над 6.600 и Полска со околу 4.700 туристи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСнопче: Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕОна што денес се случува во Собранието претставува загрижувачки преседан за функционирањето на парламентарната демократија.На пратениците од опозицијата им е загарантирано правото во времетраење од два часа да поставуваат пратенички прашања до Владата. Но, кога се бара пауза, со што се прекинува можноста за остварување на ова право, а потоа образложението е дека двата часа веќе поминале, станува збор за апсурдно толкување на Деловникот на Собранието. Ова е еден вид политичка шизофренија: да имаш загарантирано право во времетраење од два часа, а потоа времето поминато во паузи да се користи како аргумент за да ти се ускрати токму тоа право! Додека зборував од моето место, бев прекинат од координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, поради што не успеав до крај да го искажам својот став, објави Халил Снопче од Алијанса за Албанците.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook