3ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните
МакедонијаМакедонските средношколци во регионот подобри само од косовскитеМакедонските ученици се понеобразовани за математика, наука и читање. Земјава се најде на дното на табелата на глобалниот ПИСА тест за проверка на знаењата и вештините на средношколците за 2018 ширум светот кој денеска го објави Организацијата за економска соработка и развој. Иако македонските средношколци имаат минимален напредок на меѓународниот тест во споредба со 2015 година, сепак резултатите се лоши. Нашите ученици се најдоа на 67-то место во рангот од 79 земји. Послаби во регионот се само учениците од Косово, додека најдобри резултати покажале 15-годишниците од Словенија. Професорот Петар Атанасов вината за слабите резултати ја лоцира во три стратешки грешки во образовниот систем – погрешните реформи, лошите кадровски решенија и партизираноста во образованието без инвестиции. Чекор назад во образованието претставува инвестирањето во квантитет, а не во квалитет, смета Атанасов. Највисоко рангирани според резултатите повторно се азиските земји. Прва на листата е Кина, па Сингапур и Макао. Од европските земји највисоко е рангирана Естонија, која се најде на петтото место. Тестот ПИСА е меѓународна студија која се прави на секои три години и се користи како показател за тоа кои земји ги подготвуваат младите најдобро за следните предизвици во животот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во ЕвропаЕвропската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки. Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка. Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот. „Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски. Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик. „Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“ По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки. „Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе. Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.Тагови: Игор Стефановски Иџе Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАктивни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски БродСедум пожари се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 изгаснати информираа од центарот за управување со кризи.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и подмочани во општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активни пожари има и над селото Палиград во општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста сватови во општина Чашка, кај селото урвич во општина Боговиње, кај селото Градец во општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во општина Македонски Брод.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Мицкоски не смее да побара одговорност од Стоилковиќ, затоа што мисли како негоХристијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, по величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.Мицкоски не смее ниту да го спомене Стоилковиќ, а камоли да побара негова одговорност. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Мицкоски мора јавно да одговори: Дали се согласува со ставовите на својот министер Иван Стоилковиќ? Дали Ратко Младиќ е и негов „генерал“? Ако не се согласува, тогаш нека ги осуди ваквите ставови и нека ги разреши Стоилковиќ и Китановиќ. Или не смее, бидејќи нема дозвола за Стоилковиќ? СДСМ подолго време предупредува дека ваквите провокации не се изолирани инциденти. Тие се вклопуваат во поширока политика од операцијата “Талог“ на создавање тензии, поделби меѓу граѓаните и етнички провокации, која Мицкоски ја спроведува по налог на Вучиќ. Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ. Паралелно, во јавниот простор Латас води кампањи исполнети со навреди, етикетирање и дехуманизација на политичките противници. Влегува српска медиумска маншинерија преку преку Еуроњуз и Ало, на сомнителен начин и со заобиколување на законите. Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook