Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиМакедонските репрезентатовци на Специјална олимпијада ги освоија срцата во белгиски ЕсенМакедонските репрезентативци кои се дел од Специјалната олимпијада за лица со посебни потреби, в сабота во белгиски Антверпен го започнуваат своето учество на Игрите на Специјалната олимпијада за Европа и Евроазија, веќе една недела се подготвуваат во Есен, Белгија.Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, деветтемина македонски спортисти со големи срца, заедно со своите тренери и вкупно 15-члената експедиција од Македонија, ги освоија срцата на граѓаните и управата на малото белгиско градче. По тој повод, синоќа во Есен беше организирано официјално примопредавање на олимпискиот факел, на кое илјадници граѓани на улиците ги поздравија македонските спортисти, а градоначалникот и Советот на Есен им приреди прием, на кој им се заблагодарија за тоа што своите подготовки ги одвиваат во градот. Себат Ајвази, Севдо Ибраимова и Кристијан Тутурески (атлетика), Александар Цветковски (бадмингтон), Катерина Петковска, Драган Ѓорѓиевски и Христијан Стијанов (пливање) и Живко Стојанов и Цветанка Каракулева (пинг-понг) ќе ја претставуваат Република Македонија на Игрите на Специјалната олимпијада во Антверпен. Тие во Есен, каде се аклиматизираат до сабота кога започнуваат Игрите што ќе траат до 20-ти септември, беа пречекани како херои. Според Љупчо Петровски, претседател на Специјална Олимпијада Македонија, овие спортисти, кои се лица со посебни потреби се добро подготвени и во Есен ја брусат формата за да остварат одличен резултат на Игрите, кои по Специјалните летни олимписки игри се второ по ранг натпреварување за овој вид на спортисти. Синоќа, градскиот Совет на Есен и градоначалникот на овој град им приредија прием во градската зграда, каде ги почестија со пригодни подароци, посакувајќи им огромен успех на Игрите, додека македонскиот амбасадор во Кралството Белгија, Лазар Еленовски, им порача дека Македонија се гордее со нив оти се вистински амбасадори на својата држава. Инаку, на Игрите на Специјалната Олимпијада за Европа и Евроазија во Антверпен, покрај Македонија, ќе учествуваат и спортисти од 56 други држави и повеќе од 2.000 спортисти. Настанот го покрива сопругата на белгискиот крал, Принцезата Матилда. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОН: Американските напади врз бродови може да претставуваат злосторства против човештвотоВо извештајот на Обединетите нации се наведува дека неодамнешните американски воздушни напади врз бродови осомничени за шверц на дрога го прекршиле меѓународното право и би можеле да се сметаат за злосторства против човештвото.Во извештајот на специјалниот известувач Бен Сол се наведува дека од септември минатата година, во Карипското Море и во Тихиот Океан, надвор од територијалните води на САД, биле извршени најмалку 68 американски напади во кои загинале повеќе од 220 луѓе, пренесува Би-би-си. Извештајот беше објавен два дена откако американската војска соопшти дека убила четворица луѓе во напад врз брод на Карибите. „Потврдени разузнавачки податоци открија активна вмешаност на пловниот објект во трговијата со дрога. Во операцијата беа убиени четворица нарко-терористи“, се вели во соопштението на „Southcom“ – командата на американските сили во регионот – која исто така објави видеоснимка од нападот. Американската војска ја започна операцијата наречена „Southern Spear“ на почетокот на септември. Сепак, официјалните лица не понудија цврсти докази дека целните бродови навистина биле вклучени во шверц. Министерот за одбрана Пит Хегсет претходно изјави дека целта на операцијата е да се отстранат „нарко-терористите од нашата хемисфера“ и да се заштитат САД од „дрогата што ги убива нашите луѓе“. On September 19, under the direction of #SOUTHCOM, Joint Task Force Western Hemisphere executed a lethal, kinetic strike on a go-fast vessel operating along established narco-trafficking routes in the Caribbean. Confirmed intelligence revealed the vessel's active involvement in… pic.twitter.com/LPNJ5ec3GU — U.S. Southern Command (@Southcom) September 19, 2026 Кршење на правото на живот Сол истакна дека целите, дури и ако можат да се идентификуваат како припадници на одредени терористички групи, не извршиле вооружен напад врз САД што би го активирал правото на самоодбрана според меѓународното право. Во извештајот објавен денес од Советот за човекови права на ОН, Сол наведе дека „таквите напади претставуваат низа вонсудски убиства со кои се крши правото на живот, бидејќи не се оправдани со национална или лична самоодбрана“. Сол додаде дека за нив не постои оправдување според меѓународното хуманитарно право, правото на море, конвенциите за борба против наркотици или меѓународното право за борба против тероризмот. „Постојат разумни основи да се верува дека 68-те пријавени напади, во кои загинаа 223 лица, претставуваат злосторства против човештвото во форма на убиство според обичајното меѓународно право“, заклучи Сол. Извор: Индекс.хрТагови: напади ОН САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски се сретна со Ајман ал-Сафади, заменик-претседател на Владата на ЈорданМинистерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Њујорк оствари средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан.„На маргините на #UNGA2026 во Њујорк остварив средба со заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи и иселеништво на Хашемитското Кралство Јордан, Ајман ал-Сафади. Потпишавме Меморандум за разбирање за одржување политички консултации меѓу двете министерства, со што создаваме дополнителна рамка за редовен дијалог и продлабочување на билатералната соработка. Разговаравме за можностите за натамошно унапредување на односите, координацијата во рамки на мултилатералните организации, како и за актуелните регионални и глобални предизвици. Остануваме посветени на посилен политички дијалог, поголема соработка и развој на нови области од заемен интерес.“- објаву Муцунски. Тагови: Тимчо Муцински Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПревентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на имотни деликти, зависности и насилствоПолициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“.Денеска (21.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес спроведоа превентивна активност „Кажи не на дрогата“ со цел укажување за штетните последици од болестите на зависност, како и начините и методите кои што треба да се користат и применуваат во справувањето со овој вид на појави. Во Прилеп, Велес и Чашка, пак полициски службеници од ОВР Прилеп и СВР Велес реализираа превентивни активности за заштита од кражби, измами и разбојништва, во рамки на кои, преку непосредна комуникација полициските службеници ги советуваа граѓаните како да ги заштитат своите домови и да внимаваат на своите лични предмети. Полициски службеници од ПС БПС Велес реализираа превентивна активност на тема „Не користи мобилен телефон додека возиш“, укажувајќи им на возачите за ризикот од користење на мобилен телефон за време на управување со возилата, како и за потребата од доследно почитување на сите сообраќајни правила. Во Штип и Свети Николе, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност (16–22 септември). Низ директна комуникација, на граѓаните им беше потенцирана важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи односно зголемување на нивото на сообраќајна култура, како и почесто користење на алтернативни превозни средства. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал. Отсекот за превенција при СВР Куманово во Куманово реализира превентивна активност за спречување на говорот на омраза и насилно однесување, пред се кај помладата популација.Тагови: Превентивни активности Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter