Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
2Боледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни
Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
2Робертсон проговори за целосниот распад во Ливерпул-„Бев на неговата свадба, а една недела подоцна тој почина“
РакометМакедонските ракометни кадети победнички ги стартуваа евроквалификациите Македонската машка кадетска ракометна репрезентација со победа ги стартуваше квалификациите за пласман на Европското првенство, совладувајќи ја попладнево во неизвесен натпревар во Скопје селекцијата на Словачка со 27-26 (14-14).Најефикасен во триумфот со кој црвено – жолтите се на чекор до пласман на завршниот турнир беше Јован Петрески со осум голови. Во воведниот натпревар во рамки на групата Б која се игра во салата во Автокоманда, ракометарите на Швајцарија лесно го совладаа Косово со 33-19 (16-8). Избраниците на селекторот Наум Танески утре од 15 часот ќе играат против Швајцарија, а в недела во истиот термин за противник ќе ја имаат селекцијата на Косово. Пласман на Европското првенство чиј домаќин ќе биде Црна Гора, ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од петте квалификациски групи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКлековски вели дека деновите за боледување од матичен ќе се кратат согласно со законотМинистерот за здравство Клековски посочи дека скратувањето на деновите за боледување кои на пациентите ќе може да им ги одобруваат матичните лекари е во рамки на законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБоледувањата под лупа на МВР - полиција ќе проверуваaт дали тие кои се на боледување се навистина болни Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли.Полицијата ќе се вклучи во борбата против злоупотребите со боледувањата. Ова го најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски откако Фондот за здравствено осигурување подготвува построги контроли, меѓу кои и можност за проверки на лицата кои користат боледување Министерот вели дека Владата бара модалитет како да им стави крај на злоупотребите, но истовремено уверува дека секоја контрола мора да ги почитува човековите права на пациентите согласно со Уставот, законите и меѓународните стандарди. -Сите знаеме дека во изминативе повеќе години, не се две, не се пет не се десет.... од самата независност на државата имаме катастрофални злоупотреби од страна на одредени чинители во рамки на овој дел од државнот апарат. Од огромен број на граѓани и од огромен број на неработници. Како во рамки на државните институции така и во приватните инститцуции. Како што сме ние овде денес на работа и работиме, како што колегата ваш е на работа и не е на боледување а не да оди на боледување кога ќе му текне, изјави – Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи . Паралелно со најавите за засилени контроли, полицијата деновиве спроведува и повеќе акции против нелегалната трговија со дрога но и со лекови и медикаменти. Во Струмичко, на сокриен дел од парцела кај местото „Матник“ во атарот на селото Секирник, полицијата откри и одзеде околу 680 килограми стебла канабис каде биле приведени две лица. Според МВР, осомничените претходно ја подготвиле почвата, ги засадиле и одгледувале растенијата, а при полициската акција биле одземени - Станува збор за акција која што се работи поголем временски период во однос на СВР Струмица. Морам да се заблагодарам на полициските службеници кои спиеја на нива.... да дојдеме до резултат, кој доведе до откривање на кривично дело производство и пуштање на накортични дроги. Станува збор за доста поголма количина на марихуана која била одгледувана во СВР Струмица – истакна Тошковски. Во друга поилицидка акција поврзана со голема заплена на нелегални лекови и суплементи биле запленети и 100 илјади евра. Тошковски вели дека дел од запленетите лекови биле наменети за македонскиот, а дел за пазарот во соседството. Кримининалната група била разотркеина и преку анализата на телефони одземени во претходна акција на полицијата. Тошковски очекува Обвинителството и судот да го продолжат случајот и истиот да добие судска разрешница, со што, како што посочи, ќе се испрати јасна порака дека никој не е над законот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧетири недели молк од АВМУ за „Арена М“ - ММА бара одговори Во етер ги има секој ден, а АВМУ и четири недели подоцна нема одговор врз основа на која документација Арена М каналите емитуваат програма во Македонија, без да имаат било каква лиценца или концесија.Од Македонксата меидумска асоцијација денеска упатија уште едно писмено барање, а најавуваат и кривична пријава за директорот Трајчевски. Директорот на Канал 5 и претседател на ММА - Иван Мирчевски вели дека е со тоа што ААВМУ ја претставува Арена М како странска компанија, иако станува збор за домицилна, македонска компанија која има простории во земјава, уредништво, директорот Трајчевски го дерегулира и делегитимира медиумскиот пазар. -Моја лична препорака до господинот Трајчевски е во најкус можен рок да си даде оставка, затоа што наредната недела ММА планира да појде до јавното обвинителство, да видиме дали има елементи, се надевам дека ќе им биде јасно дека има елементи за злоупотреба на службената позиција. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 Последен доказ дека Арена М е домашна компанија, од ММА го посочуваат огласот за вработување на хигиеничарка, во која јасно се гледа дека дирмата е регистрирана во Скопје. Од ММА веќе реагираа и до ЕК и ЕУ, со оглед дека Арена М каналите не се регистриани ниту во европскиот опсерваторски сајт Мависе. -Ова се нарекува само со еден збор - ТВ пиратерија. Компанијата е регистрирана во Македонија која ги врши вработувањата за потребите на тој телевизиски канал, сега имаат и оглас на нивниот официјален Е-маил и не ми е јасно како се невидливи за регулатори. Од друга страна тие истовремено се шетаат по јавните институции по Владите, институции, други едни наши колеги кои се псевдоновинари, кои не припаѓаат на редакција, работат за некаква Еуроњуз редакција која се уште не е во правниот промет. Така што, регулаторот кој треба да го регулира медиумскиот пазар, дебело го дерегулира, што мислам дека дебело е печен за соодветен кривичен поднесок до јавното обвинителство. - Иван Мирчевски – Директор на Канал 5 Канал 5 се обиде да стапи во контакт со директорот Зоран Трајчевски, но тој во порака ни одговори дека не може да даде изјава поради службено патување во Брисел. Не упати да се обратиме во АВМУ, но ниту од таму не добивме одговор на нашите прашања – врз основа на кои документи Арена М се смета како канал кој се реемитува и каде е тој регистран, со оглед дека не е заведен ниту во српскиот регулатор РЕМ. Од агенцијата само повторија дека сите одговори ги дале во претходните соопштија. Тагови: АВМУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter