3По повод Светскиот ден на бегалците, УНХЦР ги мобилизира младите да застанат со бегалците и да го бранат азилот
РакометМакедонските ракометарки поразени од ШведскаЖенската ракометна репрезентација на Македонија претрпе убедлив пораз од Шведска во првиот од двата бараж дуели за пласман на Светското првенство во Германија кое ќе се одржи кон крајот на годинава.Избраничките на селекторот Симе Симевски беа со совладани од Швеѓанките со 11 гола разлика 31:20 во мечот кој се одигра во СРЦ „Кале“ во Скопје. Најдобра ракометарка во нашите редови беше Елена Ѓорѓиевска со седум гола, а ја следеше Ливриниќ со четири гола. По три постигнаа Душица Ѓорѓиевска и Сара Ристовска. Кај Шведска одлични беа Тофт Хансен, Санд и Гулден кои дадоа по четири гола. Реваншот меѓу Шведска и Македонија кој е во рамки на баражот за СП 2018 е закажан на 13 јуни. На останатите бараж дуел беа постигнати овие резултати: Италија -Србија 23-33, Унгарија – Словачка 28-19, Хрватска – Словенија 23-28, Чешка – Турција 29-25, Црна Гора - Белорусија 33-26, Русија - Полска 31-20, Романија - Австрија 34-29 и Украина - Шпанија 24-24. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче со земјоделците од Иванковци: Катастрофална состојба со откупот на пченица и јачменПретседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен.Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба да ги следи производствените трошоци и да реагира доколку откупната цена на јачменот и пченица е ниска, нема никаква реакција. Земјоделците на средбата посочија дека ниту откупната цена на јачменот, ниту на пченицата, не се јавно објавени. Жетвата на јачменот е веќе на средина, земјоделците го предаваат, а не знаат по која цена. На дел им се откупува по 9 денари за килограм,, што за нив значи директна загуба. Претседателот Филипче посочи дека со погубните политики на власта земјоделството пропаѓа. „Земјоделството пропаѓа. Ако државата не ја пресмета производната цена во соодветно време и да даде помош согласно зголемените трошоци, бидејќи ние не знаеме од сега дека порасна цената на ѓубривата, знаеме од кога почна војната на Блискиот Исток, ако немаме Влада која ќе помогне да се има реална цена, што ќе даде дополнителна субвенција, интервентна мерка, а влијае за да има непречен откуп, како што нема, тогаш вие земјоделците сте оставени сами на себе“, рече Филипче. На средбата Филипче посочи дека СДСМ има план за развој на земјоделството, според потребите на земјоделците, како и план кој го цени трудот на земјоделците. „Прво, соодветна производна цена по јавна и јасна методологија, за да се знае колку е трошокот. Ако остане неоткупен производ, државата да води грижа за тоа. Потоа окрупнување на земјиштето, намалување на земјоделска такса од 2%, средување на состојбата со каналите за наводнување, педолошки анализи на почва и друго и сето тоа да биде стратегија за развој на земјоделството, но да бидеме искрени, сето тоа се прави со помош од ЕУ“, рече Филипче.Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВасев ќе се брани од слобода, по една година помината во затворски притвор10:42Минчев: Има ли Македонец кој ќе прифати дека Гоце Делчев не е Македонец?09:50Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Мицкоски на партискиот роденден на ВМРО-ДПМНЕ најави ново поглавје - држава на можности, не на изговори15:12
Мисајловски на состанокот на Северноатлантскиот совет во Брисел: Македонската Армија се развива со засилено темпо12:53
Мисајловски со колегите од сојузничките земји на состанокот на Северноатлантскиот совет во седиштето на НАТО во Брисел09:06
Шоу бизПочина американскиот хип-хоп продуцент Теј КитХИП-ХОП продуцентот Теј Кит, кој беше номиниран за Греми и работеше со уметници како Бијонсе, Тревис Скот и Фјучр, беше пронајден мртов на 29-годишна возраст.Продуцентот познат по хитовите на „Travis Scott“ „Sicko Mode“ и „Nonstop“ на „Drake“ беше пронајден мртов од полицијата во неговиот стан во Нешвил. Работел со познати музичари Кит, чие вистинско име е Брајтавиус Чемберс, работел и со ѕвезди како „Eminem“, „Cardi B“, „Megan Thee Stallion“, „J. Cole“ и „21 Savage“. Во соопштението од полициската станица на Метро Нешвил се вели: „Не се сомневаме дека е извршено казнено дело во врска со смртта на 29-годишната Брајтавиус Чемберс, познат и како музички продуцент номиниран за Греми, Теј Кит.“ View this post on Instagram A post shared by Tay Keith (@taykeith) Тој беше номиниран за Греми Кит беше номиниран за Греми во категоријата најдобра рап песна за „Sicko Mode“, која исто така се искачи на врвот на американските музички листи. Тој беше повторно номиниран во 2024 година за неговата продуцентска работа на песната „Rich Flex“ од „Drake“ и „21 Savage“. Кит ја основа музичката издавачка куќа „Drumatized Music Group“ со седиште во Мемфис со својот менаџер Камбријан Стронг. Двајцата беа именувани на листата „30 под 30 музика“ на Форбс за 2024 година, а списанието Билборд го именуваше Кит за еден од највлијателните продуценти на 21 век. Извор: Индекс.хрКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСлучај запалени возилa - поведена истрага за загрозување лица под меѓународна заштитаНаместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита.Повод за повикувањето на блокади беше палењето на автомобилите пред бугарската амбасада во Скопје, која во меѓувреме доби сериозен правен пресврт откако Основното јавно обвинителство скопје откри елементи на тешко кривично дело и го предаде предметот во рацете на обвинителството за организиран криминал и корупција. Наместо за предизвикување општа опасност, осомничениот сега се гони за загрозување на лица под меѓународна заштита, бидејќи со пожарот на 15 јуни директно ги загрозил животите на военото аташе и вработените во дипломатското претставништво. Имајќи предвид дека станува збор за кривично дело што спаѓа во групата на кривични дела против човечноста и меѓународното право и кое својата основа ја наоѓа во конвенцијата на обединетите нации за превенција и казнување на кривични дела насочени против меѓународно заштитени лица, вклучително и дипломатски претставници, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор во траење од 30 дена за лицето на кое до сега му беше определена притворска мерка од 8 дена во скратена постапка, информираат од обвинителството.Тагови: Бугарска амбасада Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter