Македонските ракометарки ја совладаа Швајцарија на европското во Скопје

Женска кадетската репрезентација на Македонија забележа победа над соодветната селекцијана на Швајцарија во дуел на Европскиот шампионат за ракометарки до 17 години што се одржува во Скопје.

Во рамки од второто коло на групата А, селекцијата на Македонија ја победи Швајцарија со 24-23, полувреме 13-13.
Во првото полувреме нашите ракометарки во два наврати имаа и по три гола предност (6-3 и 7-4), но гостинките брзо успеаја да ја анулираат па на одмор се замина со израмнет резултат 13-13.
Во вториот дел, Швајцарките беа оние кои први направија два гола позитива откако во 45. минута поведоа со 20-18. Но, избраничките на селекторката Јулијана Дамчевска, не се предадоа и набргу го израмнија резултатот на 21-21 (48. минута). До крајот на мечот се играше со многу грешки, а во таквата игра подобро се снајдоа нашите млади ракометарки кои на крајот заслужено триумфираа со конечни 24-23
Во нашата репрезентација најефикасна беше Марија Тасевска со 6 голови, додека Милица Николиќ и Арлинда Динарица постигнаа по четири.
За Македонските ракометарки ова беше втора победа, по вчерашната со службен резултат против Грција, додека за Швајцарките прв пораз.
На шампионатот утре е ден за одмор, по што в петок нашите ракометарки одново во терминот од 17 часот ќе го играат дуелот против селекцијата на Фарските Острови.

Познати првите 10 финалисти на Евровизија 2024 година

Заврши првата полуфинална вечер на годинешниот избор за песма на Евровизија која се одржува во Шведска.

Место во големото финале изборија тројцата преставници од државите од екс Ју, Србија, Хрватска и Словенија.

И годинава Македонија е без преставник на Евросонг.

Во полуфиналето немаше жири, туку само публиката одлучуваше за пласман во финалето преку телефонско или онлајн гласање.

На овој начин беа избрани првите десет финалисти, а тоа се:

1. Србија, Теја Дора – Рамонда

2. Португалија, Јоланда – Грито

3. Словенија, Раивен - Вероника

4. Украина, alyona alyona & Jerry Heil – Тереза ​​и Марија

5. Литванија, Силвестер појас - Луктелк

6. Финска, Windows95man – Без правила!

7. Кипар, Силиа Капсис – Лажго

8. Хрватска, Бебе лазања - Рим Тим Таги Дим

9. Ирска, Хера Бјорк - исплашена од височини

10. Луксембург, ТАЛИ – Борец

Второто полуфинале на Еврозвизија е на програмата во четврток, финалето ќе се одржи во сабота.

Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден

Федералниот суд во Флорида го одложи, без да одреди датум за продолжување, почетокот на судскиот процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп поради несовесно постапување со документи класифицирани како тајни.

Тоа е едно од четирите процеси што се водат против Трамп, а требаше да започне на 20 мај, но федералниот суд оцени дека тој рок е неодржлив поради бројните претходни претставки поднесени до судот.

Ајлин Кенон, судијката назначена од поранешниот претседател, не одреди нов датум.

На републиканскиот претседателски кандидат во моментов му се суди во Њујорк за сомнителни исплати пред претседателските избори во 2016 година.

Во судскиот процес против него во Флорида, Трамп е обвинет, заедно со двајца лични секретари, дека однеле доверливи документи во приватна резиденција во Мар-а-Лаго по напуштањето на Белата куќа во јануари 2021 година.

Според обвинението, Трамп со чувањето на овие документи ја загрозил националната безбедност. Меѓу нив имало и воени планови како и информации за нуклеарно оружје, кои во согласност со законот требало да ги врати во Националниот архив.

Тој беше обвинет и за обид за уништување докази. Најсериозните обвиненија може да му донесат затворска казна од десет години.

Неговите адвокати направија се за да се одложи судењето.

Македонија еден час гласа на вториот круг од претседателските и на парламентарни избори

Македонија денеска гласа на вториот круг од претседателските избори и на парламентарни избори. Гласачките места се отворија  седум часот, и ќе се гласа до 19 часот.

Право на глас за претседателските избори имаат 1. 814 317 лица а за парламентарните 1 815 350 лица или 1033 избирачи повеќе, поради лицата кои помегу двата изборни круга станале полнолетни, и имаат право да гласаат само за новиот парламентарен состав.. на едно избирачко место во Општина Центар е нашиот репортер Игор Манасиевски. По еден час гласање како тече изборниот процес?

Целиот извештај погледнете го во видеото.

притисни ентер