Македонските ракометарки ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија - Канал 5

Македонските ракометарки ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија

Женската македонска ракометна репрезентација ги почна подготовките за претстојните два (последни) натпревара од квалификациите за Европското првенство. 

Македонските ракометарки ги стартуваа подготовките за дуелите со Германија и Словенија

Селекторот Кристијан Грчевски повика 20 ракометарки за двата дуела, а повторно на списокот ја нема Сара Ристовска, која е во процес на рехабилитација.

Македонската репрезентација со победата над Белгија во Куманово (33:28) го обезбеди третото место во групата и на тој начин останува со шанси за пласман на завршниот шампионат.

Германија е актуелен светски вицешампион, а воедно и лидер во групата со макесимални осум бодови.

Натпреварот со Германија македонските ракометарки го играат на 8.април (среда) во Скопје (СЦ Борис Трајковски) од 18 часот, а потоа останува и последното коло на гостински терен против Словенија во Велење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нејмар подготвен за вториот меч на Бразил на Мундијалот

Предводникот на  Бразил, трофејниот Италијанец, Карло Анчелоти, изјави дека закрепнувањето на Нејмар се одвива добро и дека тој би можел да им се приклучи на тимските тренинзи веќе следната недела.

Нејмар подготвен за вториот меч на Бразил на Мундијалот

34 годишниот Нејмар има проблеми со повреда на листот на десната нога, но се очекува да биде подготвен најдоцна до вториот натпревар на Светското првенство.

„Неговата ситуација е сосема јасна, работи одлично индивидуално. Ќе направи магнетна резонанца и ако сè биде во ред, следната недела ќе им се приклучи на тимските тренинзи“, изјави италијанскиот стручњак на прес-конференција.

Бразил првиот натпревар на Мундијалот ќе го одигра на 14 јуни против Мароко, а вториот на 20 јуни против Хаити.

Последниот меч во групата Ц, Бразил ќе го игра против Шкотска на 26 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Во воведното обраќање Филипче порача дека регионот се соочува со сериозен предизвик од авторитарни, националистички и коруптивни структури, на кои прогресивните сили мора да одговорат со единство, соработка и заедничка акција.

„Скопската иницијатива е акција за зајакнување на регионалната соработка меѓу социјалдемократските и прогресивните политички партии во нашиот регион“, истакна Филипче.

Тој оцени дека Западен Балкан се наоѓа во клучен момент кога по долгогодишни застои повторно постои реална можност за членство во Европската Унија.

„Нашата генерација има единствена можност да го заврши овој процес. Имаме можност не само да исполниме една стратешка цел, туку и да го оствариме долгогодишниот сон на цела една генерација“, рече Филипче.

Во своето обраќање тој предупреди дека европската перспектива на регионот е загрозена од организиран отпор кон реформите и демократијата.

„Антиевропските сили се поорганизирани од кога било досега и решени да ја одложат, ако не и целосно да ја спречат, европската интеграција“, нагласи Филипче.

Домашниот национализам, популизмот, организираниот криминал и екстремизмот сè повеќе дејствуваат заеднички против европските вредности и реформските процеси.

„Особено загрижува блиската соработка помеѓу организираниот криминал и националистичко-популистичките структури. Криминалните мрежи, заштитени од ретроградните политички елити, најмногу стравуваат од реформите во владеењето на правото што ги носи европската интеграција“, истакна Филипче.

Тој посочи и на лицемерието на оние кои јавно настапуваат како противници на европската интеграција, додека својата лична и деловна иднина ја врзуваат токму за земјите членки на Европската Унија.

„Овие самопрогласени патриоти и бранители на националниот идентитет најдобро ја откриваат сопствената хипокризија преку тоа каде ја обезбедуваат својата лична и деловна иднина – најчесто токму во Европската Унија – додека истовремено шират дезинформации за иднината на Европа меѓу своите граѓани“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди и на подемот на антидемократски движења кои, како што рече, се насочени кон поткопување на темелните прогресивни и антифашистички вредности на современите општества.

Филипче порача дека единствениот одговор на овие предизвици е создавање силна прогресивна коалиција на регионално ниво.

„За да ја победиме оваа црна регионална коалиција, мора да одговориме со единство, одлучност и долгорочна соработка“, порача претседателот на СДСМ, прогласувајќи ја конференцијата за отворена.

YouTube video

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Отворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026

Седумнаесеттото стручно советување за подземна и површинска експлоатација на минерални суровини ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.

Отворен повикот за научни трудови за ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026

Отворен е повикот за пријавување научни и стручни трудови за XVII-то стручно советување со меѓународно учество од областа на подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, ПОДЕКС-ПОВЕКС 2026.

По успешното минатогодишно издание, годинава се очекува уште посилно учество на претставници од академската заедница, рударската индустрија, институциите, регулаторната јавност и креаторите на политики од земјава како и еминентни меѓународни експерти и професори. Настанот ќе биде можност за стручна размена на знаења, презентација на научни истражувања, техничко-технолошки достигнувања и современи практики во рударството и геологијата.

Во фокусот на советувањето ќе бидат актуелните состојби во подземната и површинската експлоатација на минерални суровини, развојот на нови технологии, заштитата на животната средина, безбедноста при работа, управувањето со руднички отпад и отпадни води, рекултивацијата, законската регулатива, како и улогата на рударството во економскиот и технолошкиот развој.

„Во време кога светската побарувачка за минерални суровини расте, а технологијата, енергетската транзиција и индустрискиот развој сè повеќе зависат од сигурно и одговорно обезбедување ресурси, ваквите стручни собири имаат особено значење. ПОДЕКС - ПОВЕКС е платформа каде што науката, индустријата и институциите можат заеднички да разговараат за решенија, предизвици и идни насоки за развој на рударско-геолошката дејност во Македонија и регионот“, велат од Организацискиот одбор.

Во рамки на советувањето се предвидени стручни трудови, дискусии, панел-сесии и keynote презентации на теми важни за развојот на современото, безбедно и одржливо рударство.

Крајниот рок за испраќање трудови е 25 август 2026 година, а информацијата за прифатените трудови ќе биде објавена на 1 септември 2026 година. Повеќе информации за начинот на подготовка и форматирање на трудовите се објавени на веб страницата https://www.zrgim.mk/

Организатор на советувањето е Здружението на рударските и геолошките инженери на Република Македонија, во коорганизација со Универзитетот „Гоце Делчев“, Факултет за природни и технички науки, Штип, и МАР, Македонска асоцијација за рударство.

Советувањето ќе се одржи на 30 и 31 октомври 2026 година во Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер