3Мерлин од Мексико е нова сензација на Светското првенство- патката носи дрес и чорапи на репрезентацијата (ВИДЕО)
РакометМакедонските ракометарки ги продолжуваат подготовките за дуелите со Шведска и со СрбијаЖенската ракометна репрезентација на Македонија по трите натпревари на меѓународниот подготвителен турнир во Анкара, Турција, вечерва продолжува со редовни тренинзи во Скопје. Македонија ја очекуваат натпревари со Шведска на гостински терен и со Србија дома, во квалификациите за Европското првенство 2018. Селекторот Симе Симовски на турнирот во Турција замина со некомплетен состав, поради активностите на дел од репрезентативките на клупски план и оствари по една победа, пораз и еден нерешен резултат. На првиот натпревар од турнирот, против селекцијата на Турција, Македонија доживеа пораз од 30-26, додека на втората средба против другиот турски состав, се играше нерешено 30-30. На последниот меч, одигран вчера против селекцијата на Италија, нашата репрезентација и покрај тоа што имаше негатива на полувремето од 15-13, во вториот дел одигра многу подобро и со пресврт стигна до победа од 29-24. Македонија ги отвора квалификациите за ЕП 2018 в среда (27 септември) против првиот фаворит во групата, селекцијата на Шведска, на гостински терен во Линд. Четири дена подоцна, (1 октомври) во СРЦ „Кале“ во Скопје од 19 часот, нашите ракометарки ќе ја пречекаат Србија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРојтерс: „Три супертанкери со нафта поминаа низ Ормутскиот теснец“ Три супертанкери под саудиско знаме со шест милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на нивната војна, објави Ројтерс.Три супертанкери под саудиско знаме со шест милиони барели сурова нафта поминаа низ Ормутскиот теснец неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп потпиша договор со Иран за прекин на нивната војна, објави Ројтерс, повикувајќи се на податоци за следење на бродовите. Се вели дека други танкери ги откриле своите позиции денес додека пловат низ теснецот, откако бродовите поминаа недели криејќи ги своите патувања при транзитирање низ водниот пат. Поаѓањата од саудиските пристаништа беа најголемите заминувања низ теснецот во последните недели, според анализата на Ројтерс за движењето на бродовите. Саудиска Арабија најчесто го користела својот пристанишен терминал на Црвеното Море за испорака на нафта поради конфликтот што започна на 28 февруари и спречи стотици милиони барели нафта да ги напуштат пристаништата производители во Заливот преку Ормутскиот теснец. Танкер под знамето на Хонг Конг, кој натоварил нафта од рафинеријата Рувајс во Абу Даби на почетокот на март и оттогаш останал во Заливот, денес поминал низ теснецот, покажаа податоците од LSEG, која ги следи движењата на бродовите. Танкер за течен природен гас, контролиран од „КатарЕнерџи“, исто така, денес го преминал теснецот, покажуваат податоците од LSEG и Kpler. Тој го натоварил товарот во Рас Лафан на 12 и 13 јуни и треба да го достави во Порт Касим, Пакистан на 18 јуни.Тагови: нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураЧетврт век урбана култура: фестивалот Битола Отворен Град го одбележува своето 25-то изданиеОд 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија.Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ги надмина рамките на класичен фестивалски настан и стана дел од културниот идентитет на градот. “Некои градови имаат фестивал. Овој фестивал има град.” - истакнуваат организаторите преку своите социјални медиуми. И додаваат… Град како сцена. Улици како културна институција. Музика како причина луѓето да се сретнат. А 25 години фестивалска историја како приказна што ги поврзува различните генерации битолчани. Годинашното издание ќе се реализира на повеќе локации низ градот, следејќи ја идејата по која фестивалот е препознатлив уште од своето основање културата да биде видлива, достапна и присутна во секојдневниот живот на градот. Целосната програма на јубилејното издание ќе биде претставена на официјална прес-конференција во пресрет на фестивалот. Сите настани се бесплатни и отворени за публика. По 25 години, Битола Отворен Град продолжува да ја негува истата идеја со која започна отворен град, отворена култура и простор за нови генерации. Битола Отворен Град 2026 ќе се одржи од 24 до 27 јуни на повеќе сцени низ Битола. Организатор на фестивалот е Младински културен центар-Битола (МКЦ-Битола) со поддршка на Општина Битола во рамките на Годишната програма за култура и од партнерите и поддржувачите од бизнис секторот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКатерина Зајковска официјално стапува на должност во ДКСКНовоизбраната членка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Катерина Зајковска даде свечената изјава во Собранието со што и официјално стапува на должност во Антикорупциската комисија.Зајковска беше избрана во Собранието со 56 гласа „за“ и еден „против“. Нејзиниот избор следува по оставката на Цвета Ристовска, со што беше испразнето едно од местата во ДКСК. Оставката беше поднесена откако во постапка за проверка беше утврдено дека Ристовска не пријавила поврзаност на една од фирмите на нејзините синови со изборна кампања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook