Македонските ракометарите во Олборг - Канал 5

Македонските ракометарите во Олборг

Ракометната репрезентација на Македонија е веке во Олборг каде што утре ке го одигра квалификацискиот натпревар за Европското првенство против Данска.

Македонските ракометарите во Олборг

По триумфот над актуелниот светски и олимписки шампион во четвртокот во Скопје, нашите ракометари сосема растоварени ке влезат во утрешниот дуел со домакинот кој гори од желба за реванш.

Без оглед на исходот, македонија е речиси пласирана на европскиот шампионат иако до крајот на квалификациите ке останат и дуелите со Финска во април и Швајцарија во мај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Твојот талент заслужува можност: Македонија2025 го отвора повикот за стипендии за средношколци

Фондацијата МК2025 го отвора повикот за стипендии „Таленти денес – лидери утре“ за учебната 2026/2027 година и ги повикува сите амбициозни средношколци од Македонија да аплицираат и да станат дел од новата генерација млади таленти.

Твојот талент заслужува можност: Македонија2025 го отвора повикот за стипендии за средношколци

Повикот е наменет за средношколци кои покажуваат одличен успех, учествуваат на натпревари, имаат љубопитност, идеи, амбиција и желба да се развиваат. Ова е можност за младите кои сакаат да го направат следниот чекор во своето образование, личен развој и идни професионални цели.

Преку Фондот за поддршка на талентирани средношколци „Таленти денес – лидери утре“, и оваа година ќе бидат избрани 10 стипендисти. Поддршката за секој/а стипендист/ка изнесува 60.000 МКД, исплатени во 10 еднакви месечни износи во текот на учебната година, односно во месеците во кои се одвива настава - од септември 2026 до јуни 2027 година.

Но, оваа програма е многу повеќе од финансиска стипендија. Таа е можност за менторство, обуки, практични искуства, поврзување со успешни професионалци и учество во активности на Фондацијата МК2025 и Македонија2025. Целта е да им се помогне на младите таленти да продолжат да учат, да се развиваат и посигурно да чекорат кон своите цели.

Кој може да аплицира?

Право на аплицирање имаат:

● средношколци од прва до трета година на редовна настава во државни средни училишта;

● ученици со просечен успех над 4.70;

● добитници на награди или учесници на државни и/или меѓународни натпревари во областа на природните и општествените науки, компјутерското програмирање и други области;

● кандидати-ученици кои доаѓаат од социјално ранливи семејства со вкупен годишен бруто приход во семејството до 925.000 МКД.

Корисниците на стипендија за 2025/2026 година потребно е повторно да аплицираат на отворениот повик, доколку ги исполнуваат критериумите.

„Со оваа програма не поддржуваме само одлични ученици - поддржуваме млади луѓе со визија, труд и потенцијал. Веруваме дека вистинската поддршка, дадена во вистински момент, може да биде пресвртница во нивниот образовен и личен развој. ‘Таленти денес – лидери утре’ е повеќе од стипендија - тоа е вложување во иднината на Македонија“, посочија од Македонија2025.

Досегашните стипендисти се најдобар доказ дека ваквата поддршка може да направи значајна разлика. Нивните приказни зборуваат за труд, истрајност, нови можности и верба во сопствениот потенцијал. Осознајте ги импресиите на поранешните и сегашните стипендисти тука: https://macedonia2025.com/support-fund-for-talented-students-talents-today-leaders-tomorrow/

Повеќе информации за програмата, начинот на аплицирање и потребната документација се достапни на следниот линк: https://macedonia2025.com/en/news/fondacija-mk2025-otvoren-povik-za-stipendiranje-na-deset-10-srednoshkolci-talenti-denes-lideri-utre

Апликациите се поднесуваат електронски преку E-scholarships платформата на Македонија2025. За валидни ќе се сметаат само апликациите поднесени преку платформата.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 15 август 2026 година, до 23:59 часот.

Досега, преку програмата „Таленти денес – лидери утре“ се доделени 50 стипендии. Сега е редот на новата генерација.

Не пропуштајте ја оваа можност - аплицирајте, развивајте се и станете дел од заедницата на млади таленти и идни лидери!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“

Општина Аеродром викендов ќе биде центар на уличната кошарка и домаќин на најголемиот 3x3 турнир во светот – Red Bull Half Court, што по четврти пат се одржува во Скопје.

Општина Аеродром ќе биде домаќин на најголемиот 3х3 турнир во светот – „red bull half court“

На 13 и 14 јуни, паркот „Авионче“ ќе ги собере најдобрите македонски баскетџии, кои на новиот реконструиран терен ќе се натпреваруваат за титулата национален шампион и за можноста да бидат дел од светското финале на Филипини.

Настанот ќе се одржи на целосно обновениот терен во паркот „Авионче“, кој доби нов и модерен изглед, дополнително збогатувајќи го едно од најпосетените спортски катчиња во Општина Аеродром.

Покрај возбудливите натпревари, посетителите ќе имаат можност да уживаат и во настапот на светски познатиот Grabo Dunks, четирикратен FIBA шампион во забивање, кој ќе приреди атрактивно шоу за сите љубители на кошарката.

Со одлична спортска програма, музика и богата атмосфера, Red Bull Half Court уште еднаш ќе го претвори Аеродром во центар на баскетот и на спортските возбудувања.

Општина Аеродром ги поканува сите љубители на спортот да бидат дел од овој уникатен настан и да уживаат во незаборавен кошаркарски викенд во паркот „Авионче“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трет ден од Светската универзијада во Бразилија: Два нови тимски медали за Македонија

Македонската универзитетска карате репрезентација продолжи со одличните настапи на Светската универзијада во Бразилија, а третиот натпреварувачки ден донесе уште два значајни медали во тимските кумите натпревари.

Трет ден од Светската универзијада во Бразилија: Два нови тимски медали за Македонија

Машкиот кумите тим прикажа извонредни борби во текот на целиот ден, а најголем впечаток остави во полуфиналето каде со одлична тактичка и борбена изведба ја совлада силната селекција на Турција и обезбеди пласман во големото финале. Во борбата за златниот медал против Шпанија, македонските каратисти повторно покажаа висок квалитет и огромно срце, но овојпат мораа да се задоволат со сребрениот медал, што претставува еден од најголемите тимски успеси на македонското универзитетско карате.

Успешен ден имаа и девојките во кумите тимска конкуренција. Со сигурни и убедливи победи против Австралија и Чиле, тие стигнаа до полуфиналната фаза и борба за медал. По поразот од силната репрезентација на Шпанија, македонските каратистки го освоија бронзениот медал и уште еднаш потврдија дека припаѓаат на самиот светски врв во универзитетското карате.

Со освоеното сребро кај мажите и бронзата кај жените, Македонија продолжува да испишува нови страници во својата карате историја на Светската универзијада во Бразилија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер