Македонските ракометари вечерва против домаќинот Германија на Европското првенство - Канал 5

Македонските ракометари вечерва против домаќинот Германија на Европското првенство

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20:30 часот против домаќинот Германија го игра вториот натпревар на Европското првенство (ЕП).

Македонските ракометари вечерва против домаќинот Германија на Европското првенство

-Очекувам цврста Германија која ќе бара многу контакт, многу прекини. Мора да се подготвиме ментално и нашиот напад да биде подобар, тоа што ни недостигаше со Франција, изјави пред вечерашниот дуел селекторот Кирил Лазаров.

Македонските ракометари на отворањето на ЕП беа поразени од Франција со 29-39.

Натпреварот против домаќинот на ЕП 2024 ќе се игра пред 17.000 гледачи во „Мерцедес Бенц Арена“, чиј капацитет е одамна распродаден.

Тоа ќе биде шести дуел меѓу македонската и германската репрезентација. Низата од четири победи на Германија во меѓусебните дуели (36-25, СП 1999, 33-23, СП 2009, 24-23, ЕП 2012, 28-23, СП 2013), беше прекината на последниот дуел одигран на ЕП 2018 кога натпреварот заврши нерешено 25-25.

Претходно денеска од 18 часот во првиот натпревар од второто коло во групата А ќе играат Франција и Швајцарија./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

На 15 јуни со почеток во 19 часот во Градски парк- Кочани ќе се одржи хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели.

Хуманитарен настан посветен на Јорданчо Џамов и загинатите ангели

Настанот има за цел да ја обедини хуманоста, љубовта и заедништвото, а сите собрани средства ќе бидат наменети за:

• Изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“

• Помош и поддршка за семејства од ранливи категории

Во рамките на програмата ќе бидат организирани:

• Модна ревија во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип

• Продажба на фустани, при што сите собрани средства ќе бидат наменети за поддршка на хуманитарната цел на настанот

🎼 Музичка програма

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати

Унгарските пратеници се согласија со 40-процентно намалување на нивните плати, со цел да се намали притисокот врз јавните финансии и да се покаже политичка одговорност.

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати

Одлуката беше донесена со акламација, односно за неа гласаа сите 189 присутни пратеници на седницата на парламентот. Од следниот месец нивната основната бруто плата ќе изнесува 3.690 евра. Според владејачкото мнозинство, заштедите од мерката ќе ги покријат годишните трошоци за функционирање на парламентот. Со мерката се укинува и надоместокот за мобилни телефони, а се намалуваат и парламентарните додатоци за канцеларии, станови и персонал. Новоизбраниот премиер Петер Маѓар ја поврза реформата со мерките за фискална дисциплина и борба против корупцијата во Унгарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Најмалку 14 лица загинаа во нови израелски напади врз јужен Либан, соопшти либанското министерство за здравство, во ново заострување на безбедносната состојба долж границата со Израел. 

14 загинати во нов израелски напад низ јужен Либан

Нападите биле изведени во повеќе подрачја, меѓу кои Тир, Марваније и Зифта, во округот Набатије. Нападите продолжуваат во период на зголемени тензии меѓу Израел, Хезболах и Иран. Хезболах соопшти дека таргетирал израелски војници на либанска територија, но не презеде одговорност за напади врз израелска територија. Израелските власти, пак, најавија дека операциите во Либан ќе продолжат, со образложение дека цел на нападите е инфраструктурата на Хезболах.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер