Македонските ракометари со убедлива победа го почнаа Мундијалот - Канал 5

Македонските ракометари со убедлива победа го почнаа Мундијалот

Македонската ракометна репрезентација со убедлива победа од 38: 29 против Јапонија , го почна Свестското првенство.

Македонските ракометари со убедлива победа го почнаа Мундијалот

Македонските репрезентативци влегоа како фаворити во овој дуел, но Раул Гонзалес порача дека истата треба да се оправда на теренот, нешто што нашите избраници го одработија во салата во Минхен каде победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент. Јапонија водеше само на стартот на мечот при резултат 4:3, но потоа серијата од 4:0 на нашата репрезентација значеше прво значајно одлепување, кое во продолжение од мечот само се надополнуваше.

Во вториот дел, македонските репрезентативци најчесто ја одржуваа предноста од пет гола, но во самата завршница комплетно го скршија отпорот на играчите од Азија, па така на крајот ја забележавме првата победа на мундијалот во Германија и Данска со конечни 38:29.

Кирил Лазаров со осум погодоци беше најефикасен играч на теренот, а исклучително добри во офанзивата беа и Дејан Манасков и Стојанче Стоилов кои постигнаа по седум погодоци. Извонредна работа денеска заврши и голманот Борко Ристовски кој со 20 интервенции ги откажа противниците. Со првата запишана победа, Македонија ја оствари посакуваната цел и ги освои првите бодови во групата, а идентично сценарио секако очекуваме и на мечот со Бахреин кој го играме в недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Тимчо Муцунски, денеска учествуваше на Бизнис форумот помеѓу Република Турција и Република Македонија, кој се одржа во Истанбул.

Муцунски од Истанбул: Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка

Форумот беше отворен од министерот Муцунски и министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат, а на него учествуваа бројни претставници на институциите, стопанските комори и бизнис-заедниците од двете земји.

Во своето обраќање, министерот Муцунски истакна дека одличните политички односи меѓу двете земји претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на економската соработка, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестиции.

„Силните политички односи мора да се преточат во уште посилна економска соработка, поголема трговска размена, повеќе инвестиции и поконкретни можности за компаниите и граѓаните на двете земји“, истакна Муцунски.

Тој нагласи дека интегрирањето на надворешната трговија во рамки на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија претставува јасна потврда дека економската дипломатија е една од клучните приоритети на надворешната политика.

„Економската дипломатија не е дополнување на надворешната политика – таа е во нејзиното јадро. Денес дипломатијата не се мери само преку политички дијалог, туку и преку способноста да отвора пазари, да привлекува инвестиции, да го поддржува извозот и да создава конкретни придобивки за граѓаните“, порача Муцунски.

Осврнувајќи се на економските односи меѓу двете земји, министерот потенцираше дека Турција останува еден од најзначајните економски и трговски партнери на државата, при што турските инвестиции и присуството на повеќе од 3.000 турски компании претставуваат значаен придонес за економскиот развој и отворањето нови работни места.

Тој посочи дека минатата година билатералната трговска размена достигна една милијарда американски долари, оценувајќи дека ова претставува значаен успех, но и дополнителен поттик за поставување поамбициозни цели во иднина.

Во обраќањето беше нагласена и потребата од натамошно зајакнување на директната соработка меѓу бизнис-заедниците, како и фокусирање на заеднички проекти во области со повисока додадена вредност, меѓу кои индустријата, информатичко-комуникациските технологии, логистиката, туризмот, агробизнисот, инфраструктурата и иновациите.

„Владите ја создаваат рамката, институциите ги отстрануваат пречките, а компаниите создаваат вредност, работни места и конкретни резултати. Токму затоа е неопходно да продолжиме со зајакнување на директната соработка меѓу нашите компании, инвеститори и стопански комори“, истакна Муцунски.

На маргините на Форумот, министерот Муцунски оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, Омер Болат. На средбата беа разгледани актуелните економски текови меѓу двете земји, можностите за понатамошно зголемување на трговската размена, како и потенцијалите за нови инвестиции и зајакната институционална соработка.

Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за понатамошно продлабочување на економските односи и создавање поволни услови за поврзување на бизнис-заедниците од двете држави, оценувајќи дека посилната економска соработка придонесува не само за билатералните односи, туку и за поголема регионална поврзаност, стабилност и просперитет.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција.

Божиновска: Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во енергетиката и инвестициите

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во Истанбул учествуваше на Бизнис форумот Македонија – Турција, значаен економски настан посветен на продлабочување на билатералната соработка, привлекување инвестиции и отворање нови можности за партнерства меѓу компаниите и институциите од двете држави.

Форумот ги обедини претставниците на владите, институциите и бизнис-заедниците од Македонија и Турција, со цел унапредување на економските односи, зголемување на трговската размена и поттикнување на нови инвестициски иницијативи. На форумот учествуваше висока македонска владина делегација, предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во чиј состав се и ресорни министри од економската, енергетската и инфраструктурната област.

Во рамки на форумот, министерката Божиновска говореше на панел-дискусијата „Билатерална соработка во трговијата, индустријата, производството и синџирите на снабдување“, каде ги претстави можностите што ги нуди Македонија во секторите енергетика, рударство и минерални суровини, како и реформските процеси насочени кон создавање стабилна, предвидлива и конкурентна инвестициска клима.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, во рамки на Македонско-турскиот бизнис форум во Истанбул, оствари билатерална средба со министерот за трговија на Република Турција, проф. д-р Омер Болат.

На средбата беше потврдена заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката меѓу двете пријателски земји, со посебен акцент на енергетиката, рударството, минералните суровини и привлекувањето нови инвестиции.

Средбата претставува уште еден значаен чекор во зајакнувањето на македонско-турските односи и потврда на заедничката определба за продлабочување на економската соработка, привлекување инвестиции и создавање нови можности за одржлив развој и просперитет на двете земји.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

Околу 50 вработени во Клиниката за детски болести денеска протестираа пред Министерството за здравство, незадоволни што веќе шест месеци работат без плата и сè уште немаат продолжени договори за работа.

50 вработени од Клиниката за детски болести на протест, не земале плата шест месеци, немаат продолжени договори за работа

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер