Македонските ракометари со триумф над Турција обезбедија пласман на ЕП 2024 - Канал 5

Македонските ракометари со триумф над Турција обезбедија пласман на ЕП 2024

Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во Скопје, потешко од очекувањата, ја совлада Турција со 30-27 во завршниот квалификациски натпревар и со победа го завери настапот на Европското првенство кое идната година ќе се одржи во Германија.

Македонските ракометари со триумф над Турција обезбедија пласман на ЕП 2024

Македонските ракометари во првото полувреме беа во константно водство кое изнесуваше највисоки четири голови разлика (7-3, 9-5), но Турција со два погодоци во завршницата замина на полувреме со „егал“ (15-15).

Поинаква слика на паркетот во салата „Борис Трајковски“ донесе второто полувреме, кое турските ракометари го отворија со серија од 3-0, одржувајќи ја предноста до 55. минута кога македонските репрезентативци, предводени од одличниот голман Мартин Томовски, првпат се врати во водство (26-25).

Со серија голови на Марко Митев, избраниците на селекторот Кирил Лазаров успеаја до крајот на натпреварот да ја сочуваат предноста, а завршниот гол од седум метри го постигна 36-годишниот Гоце Георгиевски, кому ова му беше последен настап во националниот дрес што го носеше изминатите 16 години.

Томовски на голот запиша 15 одбрани, а најефикасни во македонскиот состав беа Марко Митев и Жарко Пешевски со по пет голови.

Македонија го заврши настапот во квалификациската група 1 на второто место со четири победи и два порази и заедно со првопласираната Португалија обезбеди место на завршниот турнир во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова

Шефицата на државата Сиљановска Давкова попладнево во Софија ќе оствари билатерална средба со бугарската престетседателка Илијана Јотова. 

Попладнево во Софија средба Сиљановска - Јотова

На средбата на маргините на Самитот на шефови на држави и влади на земјите од Југоисточна Европа, Сиљановска ќе биде придружувана од шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. Тој нема да има официјална средба со неговата бугарска колешка Велислава Петрова Чамова, но во рамките на состаноците дискутирале и размениле мислења. Во изјава пред средбата Муцунски порача дека суштината на средбите е на бугарската страна да и објаснат дека Македонија е заложник на неприницпипелна политика.

Претходно во изјава за бугарските медиуми прашан за впишување на Бугарите во македонскиот устав Муцунски појасни дека за земјава е важно да нема нови билатерални барања во иднина на евроинтегративниот пат и дека е убеден дека доколку се има воља може да се најде решение. Потенцира и дека Акцискиот план за малцинствата е направен во консултација со експерти од Унијата, а тоа веќе го потврдија и од самата Европската комисја.

„Наша цел како е да бидеме во ситуација во која не само што ќе ги отпочнеме преговорите, туку да знаеме дека нема да има и други билатерални прашања коишто ќе се појават по отпочнувањето на преговорите. Како прашања поврзнаи со историски комисии, тие не се европски темелни прашња и затоа велам добро е да разговараме и да расчистиме кои се очекувањата од двете страни, бидејќи сепак има еден силен билатерален елемент на сето тоа“– Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи.

На регионалниотн самит во Софија присуствуваат претседатели не шефови и влади на 13 земји од регионот. Со денешниот самит во Софија завршува претседателството на Бугарија со Процесот за соработка во Југоисточна Европа ПСЈИЕ и во наредната година со него ќе претседава Романија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследник

Фудбалскиот клуб Бенфика потврди дека Жозе Мурињо ќе стане нов тренер на Реал Мадрид.

Мурињо во Реал за 15 милиони - Бенфика веднаш промовираше наследник

Раководството на Реал ќе мора да Бенфика да и плати обештетување од 15 милиони евра за трансферот на Мурињо од Лисабон во Мадрид.

„Ти благодарам, Жозе Мурињо“, пишува во соопштението на Бенфика.

Веднаш потоа, Бенфика објави дека постигнала договор со Марко Силва, кој ќе биде наследникот на МУрињо на клупата на Бенфика.

Потпишан е двегодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија ја запира воената помош на Украина

Владата става крај на обезбедувањето вооружување од бугарската армија за Украина, изјави денеска премиерот Румен Радев.

Бугарија ја запира воената помош на Украина

Според него, Бугарија дала доволно, додека како што кажа, трпи социјално-економски штети од војната.

Повтори дека до мир може да се дојде само преку дипломатско решение, а не со воени средства.

Според Радев, зајакнувањето на владеењето на правото, на демократските институции и на одбранбените капацитети на бугарската армија, а не вложување дополнителни средства во војната, е вистинската инвестиција во иднината на земјата.

Неговата одлука предизвика бурни реакции кај бугарската опозиција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер