Македонските ракометари против Русија по втор триумф на СП во Египет - Канал 5

Македонските ракометари против Русија по втор триумф на СП во Египет

Ракометната репрезентација на Македонија попладнево од 15 и 30 часот ќе го одигра вториот натпревар во главната фаза на Светскиот шампионат во Египет.

Македонските ракометари против Русија по втор триумф на СП во Египет

Противник на подмладената македонска репрезентација во 2 коло од главната рунда е селекцијата на Русија.

Тимот на Русија во Египет настапува слично како и црвено жолтите со подмладена селекција без неколку големи ѕвезди.

Селекторот Брестовац пред денешниот меч се соочува со проблем поради повредите на бековите Филип Кузмановски, Мартин Велковски и Марио Танкоски, кои заработија повреди во дуелот против силната Словенија. На тој меч нашиот национален тим одигра одлични 20-сетина минути. Ако попладнево одиграме поголем дел од средбата како што игравме во една третина од дуелот против Словенија, тогаш сигурно нашите најдобри ракометари ќе бидат многу блиску до вториот успех на Мундиујалот во Египет.

Клучот за победа и добар резулат е во цврстата и борбена игра во одбраната која би ни донела лесни голови во нападот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

Во период од  9 до 11 јуни во Домот на Армијата во Скопје, се одржа  Втората конференција за заедничка обука за оклопните борбени возила „Страјкер“.

Армијата домаќин на Втората конференција за заедничка обука за „Страјкер“

На конференцијата учествуваа претставници од Соединетите Американски Држави, (Националната гарда на Вашингтон, Армијата на САД за Европа и Африка, 7. Aрмиска команда за обука и 2. Коњички полк), претставници од Република Бугарија, Американската воена група во Република Македонија и Канцеларијата на одбранбеното аташе на САД.

Конференцијата ја отвори директорот на Генералштабот на Армијата, бригаден генерал Орце Јордев, кој ја истакна посветеноста на Армијата во развојот на способностите поврзани со употребата на возилата „Страјкер“ и нејзината улога како кредибилен НАТО-сојузник.

Во текот на работните сесии беа разгледани националните програми за обука, можностите за унапредување на заедничката рамка за обука, предизвиците поврзани со одржувањето и одржливоста на системите, како и оперативните искуства од употребата на возилата „Страјкер“. Учесниците имаа можност и непосредно да се запознаат со капацитетите на Армијата за обука и одржување на овие борбени возила, како и со плановите за нивен понатамошен развој.

По завршувањето на конференцијата беа усвоени и потпишани заедничките заклучоци, со кои се утврдени насоките за идната соработка и заедничките активности во областа на обуката, одржувањето и развојот на способностите поврзани со „Страјкер“.

Во рамки на конференцијата, началникот на Генералштабот на Армијата,генерал-мајор Сашко Лафчиски оствари средба со бригадниот генерал Пол Селерс од Националната гарда на државата Вашингтон, на која беше потврдена заедничката заложба за понатамошно унапредување на билатералната воена соработка, размена на професионални искуства и развој на способностите за употреба и одржување на возилата „Страјкер“.

Одржувањето на оваа конференција претставува значаен придонес кон зајакнувањето на интероперабилноста меѓу сојузниците, размената на експертиза и развојот на заедничките способности во рамките на НАТО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување материјални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување материјални докази од обвинителството, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. 

Со изведување материјални докази од Обвинителството продолжи судењето за пожарот во „Пулс“

Обвинителството презентираше докази за агенцијата за обезбедување „Рубикон секјурити солушнс“, кои се однесуваат на околностите поврзани со обезбедувањето на објектот, планот за надзор и на преземени и непреземени обврски.

Во судницата беа презентирани и дозволата за работа на „Рубикон“ и листата на вработени, како и фотодокументација и докази обезбедени од претресот на канцеларијата на „Рубикон“. Во пожарот во Пулс загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стевче Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затворот во Шутка

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на Гром, Стевче Јакимовски за 20 дена треба да се јави во затворот во Шуто Оризари на отслужување на затворската казна, соопштија од кривичниот суд.

Стевче Јакимовски на 2 јули треба да се јави во затворот во Шутка

Ова следува откако Апелација му ја потврди едногодишната затворска казна за делото бесправно градење поврзано општинската зграда. Во казната, како што појаснуваат од судот, му е пресметано и времето поминато во куќен притвор во периодот од 10 ти март до 15ти август 2019 година – што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци.

„Судија за извршување на санкции од кривичниот суд Скопје, на осудениот С.Ј му издаде упатен акт за издржување на едногодишната казна затвор и истиот е упатен да се јави во Затвор Скопје на 2 јули 2026 година.“- Кривичен суд.

Јакимовски во телефонски разговор за Канал 5 вели дека се уште не го добил упатниот акт, но најави дека ќе бара одлагање на издржувањето на затворската казна бидејќи како што и претходно рече, ќе ја оспори пресудата, која ја нарече политичка и дека целта била да се оневозможи да се кандидира на повторните избори за градоначалник на Карпош.

„Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена..... За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата....Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда...“ - Стевче Јакимовски – поранешен град. на О.Карпош (09.06.2026)

Покрај потврдата на едногодишната затворска казна, Апелација уважи една од жалбите на Јакимовски, и тоа во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.

Како што посочија пред два дена од судот во однос на ова кривично дело, со оглед дека истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година.

.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер