РакометМакедонските ракометари поразени од Франција на отворањето на Европското првенствоМакедонската машка ракометна репрезентација загуби вечерва во Дизелдорф од Франција со 39:29 на отворањето на 16. Европско првенство чиј домаќин до 28 јануари ќе биде Германија.Пред рекордна бројка од над 53.000 навивачи на стадионот „Меркур Шпил Арена“, избраниците на селекторот Кирил Лазаров добро го отворија натпреварот против актуелниот олимписки првак и по девет минути игра дојдоа прв пат во водство од 6:5. Предноста на македонските ракометари достигна највисоки 10:8 во 15 минута, што изнуди прв тајмаут во францускиот табор, по кој Триколорите влегоа во серија од 4:0 и го презедоа водството, а на полувреме заминаа со највисоки плус четири голови предност (17:13). Искусните Французи во продолжението рутински го приведоа натпреварот кон стартна победа, не оставајќи им на македонските ракометари ниту најмал простор за изненадување против големиот фаворит. Пикерот Жарко Пешевски беше најефикасен во македонските редови со седум голови, а голманот Никола Митревски запиша 10 одбрани. Своето осмо учество на европските првенства македонските ракометари ќе го продолжат в недела против домаќинот Германија во рамки на второто коло во групата А. /MИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евраКривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што на екс директорот на царина му се укинува мерката притвор во траење од 30 дена.Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, судот му определи и мерки на претпазливост согласно законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Од судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.Тагови: Стефан Богоев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци. Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење. „Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош. „Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКако уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите? Сите интитуции знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во Кратовско.Веста дека семејство го узурпирало просторот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Михајло Видимлиски и снимателот Сашо Тренчев денеска тропнаа на врата на локалитетот Куклица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook