Македонските ракометари подобри од светскиот шампион Данска - Канал 5

Македонските ракометари подобри од светскиот шампион Данска

Сензационално деби на светската ракометна легенда Кире Лазаров на селекторската функција на  најдобрата ракометна репрезентација на Македонија.

Македонските ракометари подобри од светскиот шампион Данска

Црвено жолтите под водство на својот капитен и селектор во Арената Борис Трајковски го победија актуелниот светски шампион селекцијата на Данска со 33 – 29.

По очајниот настап на светскиот шампионат во Египет синоќа во празната арена видовме силна, сплотена и тактички одлично подготвена репрезентација на Македонија.

Новиот лик на селекцијата нашите ракометари го најавија уште на стартнот третиот дуел во квалификациите за пласман на Европскиот шампионат.

Македонските ракометари од првата до последната секунда на синоќешниот дуел ја имаа контролата на играта и резултатот. Одбраната на челот со маестралниот Митревски на голот беше како вистински гранитен гребен, неосвоив за силните Данци а во нападот голот на Ландин го полневме од сите позиции.

Сите линии во тимот фукционираа беспрекорно а нашите легенди на клупата тактички мудро и полни со самодовреба го водеа македонскиот национален тим до голем триумф над апсолутниот фаворит.

Честитки за големата победа заслужи целокупната македонска експедиција, а селекторот Лазаров иако дебитираше во улогата на селктор тактички со нападот 7-на 6 тактички го надмудри многу посикусниот предводник на Данска Јакобсен.

Најефикасни во извонредниот македонски тим беа Кузмановски, Манасков, Талевски со по пет погодоци. Селекторот Кире Лазаров мечот го заврши со четири погодоци, повратникот Филип Миркуловски постигна три гола, а Никола Митревски имаше 13 одбрани.

Кај Данска прво име е Микел Хансен со 11 погодоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско

Од слобода се лишени две лица и поднесена е кривична пријава

Расчистено разбојништво од почетокот на јули во скопско

По преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје - ЕВР Гази Баба на 08.08.2026 во 10:20 часот на ул.„Јани Лукровски“ ги лишија од слобода Џ.А.(26) и А.А.(26), двајцата од с.Брест, скопско, поради сомнение за извршено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од кривичниот зкаоник.

Тие се сомничат дека на 04.07.2026 во 20:45 часот во населба Илинден во Скопје физички и со дрвен предмет го нападнале Б.С.(28) од с.Арачиново, скопско, по што со закана со пиштол му одзеле пари.

Во координација со јавен обвинител против нив е поднесена кривична пријава и изведени пред судија за претходна постапка кој им определи мерки за претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан, летниот одмор деновиве го минува во Гуча, србија, каде што се одржува 65-тиот собир на трубачи.

Орбан гостин во Гуча на фестивалот на трубачи (ВИДЕО)

Присутните биле изненадени од ненајавениот гостин, кој го опишуваат како обичен, без дистанца, насмеан, опуштен и подготвен да ужива во скара и пиво.

Српските медиуми објавија и видео на кое се гледа дека Орбан не одбива да прави селфи слики со посетителите и мирно шета по улиците, без видливо обезбедување.

Орбан беше премиер 16 години, пред да ги загуби изборите во април годинава од Петар Маѓар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во Нагасаки денеска се одржа комеморација по повод 81-годишнината од американското атомско бомбардирање на градот.

Нагасаки одбележа 81 година од атомското бомбардирање

Во 11.02 часот по локално време, присутните оддадоа минута молчење во чест на жртвите. Токму во тој час на 9 август 1945 година американски бомбардер фрлил атомска бомба врз Нагасаки.Градоначалникот на Нагасаки, Широ Сузуки, во декларацијата за мир порача дека нуклеарното оружје не е „нужно зло“, туку „апсолутно зло“ кое не може да коегзистира со човештвото.

Јапонската премиерка Санае Такаичи порача дека земјата останува посветена на трите ненуклеарни принципи и дека ќе продолжи со „реални и практични“ напори за создавање свет без нуклеарно оружје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер