Македонските ракометари победија на првиот тест пред Европското првенство - Канал 5

Македонските ракометари победија на првиот тест пред Европското првенство

 Македонската машка сениорска ракометна репрезентација ја совлада попладнево во Стара Пазова селекцијата на Црна Гора со 39-37 во првиот од серијата контролни натпревари пред јануарското Европско првенство во Германија.

Македонските ракометари победија на првиот тест пред Европското првенство

Двете репрезентации одиграа три полувремиња од по 30 минути, а на полувреме избраниците на селекторот Кирил Лазаров имаа водство од 22-17. Во дополнителните 30 минути, резултатот беше 15-14 за македонската репрезентација.

Со натпреварот против Црна Гора, избраниците на селекторот Лазаров ги комплетираа мини – подготовките во Србија и по враќањето во Македонија повторно ќе се соберат на 2 јануари, по што следуваат контролни натпревари против Грција на 4 и 5 идниот месец.

Настапот на Европското првенство репрезентацијата на Македонија го стартува на 10 јануари во премиерниот дуел против Франција во Дизелдорф, во рамки на групата А во која се и домаќинот Германија, како и Швајцарија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евра

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје ја уважи жалбата на осомничениот Стефан Богоев и ја прифати понудената гаранција, со што на екс директорот на царина му се укинува мерката притвор во траење од 30 дена.

Стефан Богоев излегува од притвор, судот прифати гаранција од 55.000 евра

Кривичниот совет донесе решение со кое ја уважи жалбата и ја прифати понудената гаранција на осомничениот во износ од 55.000 евра во денарска противвредност, кои ќе бидат депонирани во корист на Република Македонија како обезбедување за присуството на осомничениот во понатамошниот тек на постапката. Покрај гаранцијата, судот му определи и мерки на претпазливост согласно законот за кривична постапка, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за преминување на државната граница. Од судот посочуваат дека доколку осомничениот не ги почитува определените мерки, може да му бидат изречени и построги мерки за обезбедување на неговото присуство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Скопска апелација ја потврди едногодишната затворска казна за ексградоначалникот на општина Карпош Стевче Јакимовски во предметот поврзан со издрагбата на општинската зграда.

Апелација ја потврди едногодишната казна затвор за Стевчо Јакимовски за бесправно градење

Како што информираа од судот постапувајќи по жалбите на обвинетите и надлежниот јавен обивнител донесена била второстепена пресуда со која е потврдена првостепената одлука за ктивичното дело бесправно градење за кое на Јакимовски му е изрежена казна затвор во времетраење од 1 година. Во изречената казна ќе му биде пресемтано и времето поминато во куќен притвот во перидот од 10 ти март до 15 август 2019 година, што значи дека Јакимовски ќе треба да одлежи затворска казна од уште 7 месеци.

Дополнително Апелација ја уважи жалбата на Јакимовски во делот што се однесува на обивнението за злоупотреба на службената положба и овластување и во тој дел предметот се враќа на повторно судење.

„Во однос на кривичното дело – Злоупотреба на службена положба и овластување жалбата на обвинетиот е уважена и предметот, само во тој дел се враќа на повторно судење. Во однос на ова кривично дело, со оглед да истото е сторено во период од 2011 година до 2017 – та година, предвидената казна е од три до пет години, па согласно одредбите за застарување истото би застарело во 2027 – ма година. “-Основен кривичен суд Скопје

Јакимовски веднаш по објавата на пресудата на пресконференција рече дека според него станува збор за политичка пресуда со која тој се спречува да се кандидира доколку би имало наскоро повторни избори во општина Карпош.

„Јас се надевам дека Врховниот суд е тој што ќе заземе праведен став и ќе ги отсрани овие недостатоци на оваа очигледно политичка пресуда што е направена. За ова што ме товарат исто така имаат и два фалификата за кои што го известив и судот употребивме и вештачи но не им го дадао предметот да увидат кој ги направил. Ги искористија и фалсификатите за оваа пресуда. Во моментов не е битно дали си виновен туку да бидам осуден а тоа е да бидам спречен да се кандидирам на повторните избори во општина Карпош.“- Стевче Јакимовски – екс градоначалник на О.Карпош

Дополнително од судот велат дека предметот во однос на укинатиот дел ќе биде распределен на понатамошно судење кај нов судија со оглед да судијата кој досега постапуваше не е во одделот за организиран криминал и корупција, а во однос на потврдената затворска казна ќе биде доставен на понатамошно постапување кај судија за извршување санкција.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите?

Сите интитуции знаеле, но татко и ќерка со години успевале да им пркосат на надлежите и бесправно да стопанисуваат со уникатниот геоморфолошки локалитет „Куклица“ во Кратовско.

Како уникатниот локалитет „Куклица“ станал предмет на узурпација на очиглед на институциите?

Веста дека семејство го узурпирало просторот, па дури и наплаќало влезници, предизвика бура реакции во јавноста. Случајот датира од поодамна и веќе е предмет на судска постапка. Михајло Видимлиски и снимателот Сашо Тренчев денеска тропнаа на врата на локалитетот Куклица.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер