Стоп за УСЈЕ најавува марш на 23 јуни- Цементартница бара продолжување на дозволата по застарени стандарди
Анализа „Компас“: Најдобри резултати во образование, најслаби во родова еднаквост-реализирани едно од пет ветувања на владата
1Стоп за УСЈЕ најавува марш на 23 јуни- Цементартница бара продолжување на дозволата по застарени стандарди
2Анализа „Компас“: Најдобри резултати во образование, најслаби во родова еднаквост-реализирани едно од пет ветувања на владата
3ТИМОТ PEUGEOT TOTALENERGIES ПОКАЖА ИСТРАЈНОСТ ЗА ВРЕМЕ НА ОСОБЕНО ТЕШКОТО ИЗДАНИЕ НА 24 ЧАСА LE MANS
РакометМакедонските ракометари на контролки со Саудиска Арабија и СрбијаМашката ракометна репрезентација на Македонија, попладнево (17 часот и 30 минути) во Белград ќе го игра првиот од двата контролни натпревари кои се дел од подготовките за претстојното Европско првенство во Хрватска.Избраниците на селекторот Раул Гонзалез попладнево играат контролен меч против селекцијата на Саудиска Арабија, додека утре во терминот од 18 часот ќе го одиграат мечот против Србија. За селекторот Раул Гонзалез, резултатите од овие два меча се во втор план. - Не очекувам многу од двата пријателски натпревари. Најважно за мене е да видам што и како е досега сработено и како функционираат линиите. Добро работевме, сега треба да видиме како тоа ќе изгледа на терен, изјави селекторот Гонзалез. Тоа ќе бидат и единствените контролни средби за црвено-жолтите кои по утрешниот меч се враќаат во Скопје, по што ќе имаат два слободни дена за Божиќните празници, а од 8 до 11 јануари ќе ги одработуваат завршните подготовки пред нивното заминување за Загреб. Европското првенство репрезентацијата на Македонија ќе го отвори со средбата против Словенија на 13 јануари. Противници на нашите ракометари во загрепската Ц група ќе бидат и селекциите на Црна Гора и Германија, актуелниот европски шампион.иКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоп за УСЈЕ најавува марш на 23 јуни- Цементартница бара продолжување на дозволата по застарени стандардиГраѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ тврди дека Цементарницата „УСЈЕ“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадувањеГраѓанската иницијатива „Стоп за УСЈЕ“ тврди дека Цементарницата „УСЈЕ“ бара продолжување на работењето според застарени стандарди за загадување, наместо, како што велат, усогласување со современите европски норми и најдобрите достапни техники за заштита на животната средина.. Поради ова тие најавуваат протестен марш што ќе се одржи на 23 јуни во Скопје. Според иницијативата, во барањето на компанијата не биле предвидени конкретни мерки за намалување на емисиите на загадувачки материи, а предлозите доставени од граѓанските организации не СЕ земени ВО предвид. Оттаму оценуваат дека со ваквиот пристап „Усје“ практично бара да продолжи да работи со гранични вредности за загадување кои датираат од 2007 година. Од граѓанската иницијатива апелираат до Министерството за животна средина да не издаде, како што наведуваат, неусогласена и незаконска дозвола. „Наместо усогласување со европските стандарди и најдобрите достапни техники, компанијата бара да продолжи да работи со истите гранични вредности за загадување од 2007 година“. МЖСПП мора да обезбеди заштита на здравјето на граѓаните и подобар квалитет на воздухот во Скопје“, порачуваат од иницијативата. - Марија Манолчева- Стоп за УСЈЕ. Од министерството за животна средина уверуваат дека Цементарница Усје ќе добие дозола за работа по нови стандарди иако новиот закон стапува на сила во 2027 година. А додаваат и дека до сега никој не побарал објаснување ниту забелешка по однос на барањето на Усје, кое е јавно достапно на интернет страната на министерството. -Не е вистина дека дозволата ќе биде издадена според старите стандарди. Напротив, дозволата ќе биде издадена согласно новиот закон за контрола на индустриски емисии, иако законот со имплементација почнува од септември идната година. Цементара Усје се согласи дека во новата дозвола ќе прифатат услови според новиот закон, иако истиот стапува на сила во 2027 година. - Министерство за животно средина. Од министерството појаснуваат дека и другите фабрики на кои годинава им истекува дозволата се согласиле истата да им биде продолжена согласно новите стандарди, со цел да заштедат време и средства. Протестниот марш на „Стоп за Усје“ ќе се одржи на 23 јуни со почеток на релација од Собранието до Министерството за животна средина и просторно планирање. Тагови: ТИТАН Усје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнализа „Компас“: Најдобри резултати во образование, најслаби во родова еднаквост-реализирани едно од пет ветувања на владата Од ветувања до реализација – Владата во две години од својот мандат бележи умерен успех во исполнувањето на програмата, покажува анализата на платформата „Компас“.Според податоците, од вкупно 142 следени ветувања, Владата реализирала едно од пет, односно 18% се целосно исполнети. Во економијата има одредени позитивни поместувања – невработеноста опаѓа и се отвораат нови работни места. Целосно се реализирани ветувањата за непроменети даночни стапки и зголемување на пензиите, а јавниот долг останува под проектираната граница. Сепак, предизвици остануваат инфлацијата, буџетскиот дефицит, сивата економија и социјалната заштита. -Владата ќе мора да направи избор кои ветувања се приоритет и кои јавно ги ревидира, обидот истовремено да се реализираат сите би бил многу тежок. - Благица Петреска – Фајнанс Тинк . Најголем напредок има во образованието, со мерки за дуално образование, инклузија на ученици со попреченост и инвестиции во училишна инфраструктура, но предизвик остануваат реформите во високото и предучилишното образование. Во здравството се реализирани проширување на позитивната листа, укинување на економските директори, зголемен број бесплатни ин-витро процедури и повисок капитациски бод, но дел од системските реформи, како дигитализацијата и реорганизацијата на здравствениот систем, сè уште доцнат. Во младинскиот сектор дел од мерките остануваат неисполнети, меѓу кои скратеното работно време и бесплатниот интернет во образовните институции, како и ограничениот напредок во обуките за дигитални вештини. Најслаби резултати се бележат во мерките за родова еднаквост и социјална заштита, каде најголем дел од ветувањата остануваат нереализирани. - Во фаза на донесување се 3 значајни закони за високото образование и добар дел од мерките се предвидени таму, но бидејки тие се уште во фаза на јавна дискусија се уште чекаме кога ќе се донесат и на каков начин ќе се имплементираат. Ана Мицковска Ралевска - Македонски центар за граѓанско образование. -Клучните системски реформи кои што треба да обезбедат поквалитетен, поефикасен и побезбеден здравствен систем е предизвик кој што треба да се реализира наредните 2 години. Кирил Солески - Македонско лекарско здружение. Меѓу препораките од анализата е Владата да ги ревидира ветувањата што не се остварливи и во преостанатиот дел од мандатот да се фокусира на приоритети што граѓаните ги сметаат за најважни – капитални инвестиции, грижа за децата и старите лица и подобрување на квалитетот на јавните услуги.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛетово „One Stop Shop“ се очекува да профункционира и на границата со Албанија На почетокот од јули One Stop Shop се очекува да профункционира и на границата со Албанија – целта, според МВР, е граѓаните на поедноставен начин да ја минуваат границата уште ова лето. Откако одлуката вчера помина на владина седница, таква одлука сеочекува утре да донесе и албанската влада... како што информираат од МВР, веднаш потоа ќе биде следува средба на која министрите за внатрешни работи на двете земји ќе стават потпис на договорот, кој потоа ќе се ратификува во Собранието. Преминот Ќафасан, кај Струга, е веќе подготвен, има оптичка инфраструктура и ќе треба да се инсталира само софтверот – на премините Блато и Св. Наум се работи на адаптација, пред целосно да стартува „One Stop Shop“ и на овие гранични премини. -Во прва прилика, во наредните 7 до 10 дена, при слободен термин на двајцата министри за внатрешни работи, ќе се потпише договорот, кој потоа ќе се ратификува во Собранието. Во наредните две до три недели целиот процес треба да биде завршен. Во меѓувреме се тестира инфраструктурата, каблите, хардверот, се инсталира и тестира софтверот за да може системот да стартува. - Велат ОД МВР. Од Влада, по вчерашната седница на која се усвои воведување на „One Stop Shop“ и со Албанија, порачаа дека ваквиот систем, со кој се заокружува имлементацијата со трите соседни држави, ќе доведе до поголема безбедност и ќе стави крај на долгите чекања на границите. -Потребата од ваквото решение најдобро ја потврдува фреквенцијата на патниците на граничните премини со Р. Албанија. Во текот на 2025 година, на овие гранични премини биле регистрирани 4,6 милиони патници, од кои дури 2,3 милиони се на граничниот премин Ќафасан. Овие бројки ја истакнуваат важноста од воведување на системот, кој ќе овозможи побрз и поефикасен проток на патниците и ќе придонесе за намалување на времето на чекање на границите,- Венера Љатифи Азизи – Портпарол на Влада. Сепак, додека дел од Западниот Балкан ги поедноставува граничните процедури, останатите земји од регионов кои се во шенген зоната мака мачат да се адаптираат на новите ЕЕС правила кои создаваат километарски колони за влез. Поради оптовареноста на преминот Евзони Грција веќе посегна кон мерки кои би го олесниле влезот – отворена е дополнителна лента, се поставуваат модуларни пунктови за биометриска регистрација, а при огромни гужви, според оперативните проценки на граничарите, периодично биометриската регистрација нема ниту да се прави – туку ќе се преминува како до сега Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook