3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
РакометМакедонските ракометари ја совладаа УкраинаМакедонската машка ракометна репрезентација ја забележа втората победа на меѓународниот турнир во Швајцарија, откако вечерва триумфираше над Украина со 31-26 (13-17).Избраниците на селекторот Кирил Лазаров до триумфот дојдоа со одлична игра во второто полувреме, откако одиграа потпросечно прво полувреме, во кое нападот и одбраната не функционира и Украина замина на пауза со предност од 17-13. Почетокот на второто полувреме донесе поинаква слика на паркетот во салата во Винтертур. Македонската репрезентација ги искористи неколкуте одбрани во серија на голманот Галевски и со серија од 6-1 дојде во водство од 19-18 во 39. минута. Во завршните 15 минути, македонските ракометари постепено ја зголемуваа предноста за на крајот да забележат убедлив триумф. Македонските ракометари стартуваа на турнирот во Швајцарија со победа во четвртокот над Бахреин од 32-28, а во завршното коло ќе играат против домаќинот Швајцарија, утревечер со почеток во 18 часот. За избраниците на Лазаров тоа ќе биде последен контролен натпревар пред настапот на Европското првенство на кое во воведното коло противник на 16 јануари, во Хернинг, ќе им биде домаќинот Данска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-БлацеПретседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-БлацеДенес во 11:00 часот претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува и свое обраќање ќе има на настанот по повод потпишување на договор меѓу ЈПДП и ЕБОР за грант средства за изградба на автопат Скопје-Блаце во Свечена сала во Влада.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес сончево со мала до умерена облачностВремето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена. До крајот на работнава седмица и почетокот на викендов, времето претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди. А попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 6. јули 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 6. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе биде потребна дипломатија зџа вие и саканата личност да ги усогласите ставовите на кој начин ќе уживате. Кариера Пазете се од илузии и заблуди . Денеска нема да бидете објективни во проценките. Здравје и совет Не претерувајте со алкохолот. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се нови предизвици , што ќе ве инспирираат за поголема активност во љубовта. Ќе најдете рамнотежа. Кариера Малите финансиски издатоци ќе го направат овој ден малку нестабилен , но тоа е минливо. Здравје и совет Можна е кашлица. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе бидат доста слаткоречиви и брзи во делењето комплименти. Не забаровајте да бидете убедливи. Кариера Ќе знаете да се прилагодите кон секоја нова ситуација , зашто вашиот шарм и способност за дипломатија ќе бидат на завидно ниво. Здравје и совет Останете свои. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот живот ќе биде уреден ; а вие ќе бидете оптворени за секој предлог на партнерот. Ќе ја користите и интуицијата во љубовта. Кариера Се наоѓате во фаза на истраѓување на малите нешта , што би можеле да придонесат кон поголем успех во работењето. Здравје и совет Доаѓате до нови решенија. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе добиете можност заедно да се тргнете од вообичаените места на движење било преку излет или патување. Кариера Веројатно уште подобро ќе се поврзете со колегите , кои не се од местото каде што работите. Тоа ќе биде конструктивна соработка. Здравје и совет Проверете го автомобилот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе блескате и ќе се обидете да ја привлечете личноста што ви е симпатична. Ќе настојувбате што побргу да преминете од зборови на дела. Кариера Без оглед што можете да сметате на поддршката од колегите , вие и натаму ќе имате потреба да се докажувате. Тоа е професионализам. Здравје и совет Смирете ги страстите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе се прашувате колку вреди вашата врска или односот. Очекувавте нешто повеќе , а до тоа треба уште да поработите. Кариера Минливи издатоци што не биле планирани , малку ќе ве загрижат. Сепак , набргу ќе најдете начинза тоа да го надоместите. Здравје и совет Планирајте ги работите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Во попладневните часови вашата сакана личност ќе престане да ги повторува своите барања и ќе се симне на земја. Кариера Ќе бидете кооперативни , иако нема во се да се согласите со соработниците. Но , овој зрел пристап подоцна ќе донесе резултати. Здравје и совет Проверете си ја крвната слика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата љубезност и шарм ќе ви донесе уште некое познанство или дополнителни поени во веќе постоечката врска. Кариера Треба да се потпрете на конкретните резултати , што можат да се измерат. Само така ќе може да продолжите кон успесите. Здравје и совет Бидете умерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку се фокусирате на својата смиосла за хумор, ќе успеете да победите и да ги оттргнете своите љубовни грижи. Кариера Иако изгледа како еден наизглед неважен проблем да е решен , но вие сте личноста која треба да се потруди за се да биде како што треба. Здравје и совет Бидете сериозни. Бик 21.4- 20.5. Љубов Вашиот љубовен план би можел да ве изневери. Не е ниту паметен , ниту морален. Подобро да ги послушате пријателите. Кариера Денеска нема да бидете реални во проценките на работата. Потребно е што повеќе да се поврзете со другите и да ги следите. Здравје и совет Претерувате со консумација на слатки. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Поголем дел од денот ќе го минете во разгледување на вашите приоритети во љубовниот живот. Ќе има тука големи дилеми. Кариера Нема да бидете целосно задоволни од со финансиската состојба , а во исто време ќе бидете склони кон трошење. Здравје и совет Најдете златна средина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook