Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
1Беким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспектива
3Историски успех на македонското карате на Светското универзитетско првенство во Бразилија, Бразил – 2026
РакометМакедонските ракометари изборија ново учество на Светските првенстваНајдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија го продолжува континуитетот на настапи на големите натпреварувања и со триумф во баражот над Романија го обезбеди пласманот на Светскиот шампионат во 2019 во Данска и Германија.Убедливиот триумф на нашите најдобри ракометари на првиот бараж меч во Скопје во неделата од осум голови позитива беше недостижен за солидната селекција на Романија предводена од шпанскиот стратег Чави Пасквал. И покрај минималниот пораз на нашиот национален тим на реваншот во Клуж од 26-25, црвено жолтите ќе патуваат на Мундијалот, што за Македонија ќе биде четвртото учество во низа на едно светско првенство и шесто во досегашната историја. Во натпревар во кој избраниците на Гонзалес во сите 60 минути ја имаа контролата на играта и резултатот најефикасни во нашиот состав беа Манасков со 8 Кире Лазаров со 5 и Стоилов со 4 погодоци. Повторно одличен на голот беше нашиот искусен голман Борко Ристовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБеким Сали: Пораките од Европскиот парламент се потврда дека Македонија има реална европска перспективаПрвиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја поздрави расправата во Европскиот парламент по Извештајот за Македонија, оценувајќи дека пораките упатени од европратениците претставуваат силна потврда за европската перспектива на државата и дополнителен поттик за продолжување на реформскиот процес. Во рамки на дебатата, известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц, испрати охрабрувачки пораки за европската перспектива на државата, истакнувајќи дека земјата има капацитет и потенцијал да биде дел од следниот бран на проширување на Европската Унија. „Ова е значајна порака која доаѓа во важен момент за нашата држава. Фактот што во Европскиот парламент се препознава напредокот на Македонија и се истакнува можноста земјата да стане следна членка на Европската Унија претставува охрабрување за сите институции да продолжат со уште посилно темпо на реформи. Европа ја гледа Македонија како дел од европското семејство, а наша обврска е преку резултати да ја оправдаме таа доверба“, изјави Сали. Тој нагласи дека Владата останува целосно посветена на спроведувањето на реформите во владеењето на правото, јавната администрација, економскиот развој и зајакнувањето на демократските институции, како клучни предуслови за напредок во евроинтегративниот процес. „Членството во Европската Унија не е само надворешнополитичка цел, туку стратешки избор кој носи посилни институции, економски развој и повеќе можности за граѓаните. Нашата европска перспектива е јасна и остварлива. Денешната дебата во Европскиот парламент е потврда дека местото на Македонија е во Европската Унија. Наша одговорност е преку реформи, резултати и политичка зрелост да го искористиме овој моментум и да ја приближиме државата до полноправно членство во европското семејство“, истакна Сали. Во однос на сите прашања разгледувани во рамки на Извештајот, Сали нагласи дека Македонија останува посветена на европските вредности, добрососедските односи и конструктивниот дијалог, во согласност со преговарачката рамка и принципите на Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваО. Карпош: Летна читачко-креативна детска авантура во КарпошВо период од 16 јуни до 16 јули, библиотеката ,,Другарче” ќе биде централно место за дружење, креативност и многу читање. Станува збор за проектот ,,Читањето како навика, библиотеката како дом-Интеркативни читачки работилници за деца”, во организација на Марија Павлеска, едукатор и основач на профилот ,,Мама ми чита”. Проектот е финансиски поддржан од Општина Карпош, преку Програмата за култура на Секторот за дејности од јавен интерес. Работилниците ќе се одржуваат секој вторник и четврток, во период од пет недели. За време на овие интерактивни читачки и креативни работилници, децата ќе откриваат нови книги, ќе создаваат свои приказни и ќе развиваат читачки и социјални вештини во друштво на своите врсници. Во текот на еден месец, децата ќе уживаат во игра и драматизација како и стекнување на нови пријателства. Читачко-креативната работилница се однесува за деца од 4 до 12 годишна возраст, а учеството е бесплатно кое претходно се пријавува преку порака на инстаграм профилот @mama_mi_chita. Општина Карпош секогаш ги поддржува ваквите иницијативи со цел да се поттикне љубовта кон читањето и навиката да се посетува библиотеката од најмала возраст. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветВидео: Силен земјотрес ја погоди Индонезија, се отвори земјата Најмалку едно лице загина, а 38 се повредени во земјотрес со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала, кој во вторник го погоди дел од островот Сулавеси во централна Индонезија, објавија денес официјални лица.Во земјотресот, чиј епицентар беше регистриран околу 43 километри југоисточно од Палу, на длабочина од околу десет километри, оштетени се куќи и инфраструктура, јавува АП. 6/17 Yesterday morning Source from Indonesia 🇮🇩 ⭐️哇😮…!!!!6.7 级地震 印尼… 没在开玩笑的….😳🫨🫨 (完蛋了….同一天!!!!) 地裂开了!!! 😳😳😳支~~离~~破~~碎 太惨了…… 这个要…【怎么收拾】….? ……………………………..😮😱#Earthquake #Indonesia 🇮🇩 pic.twitter.com/uvoK7VcfOP — 𝐁é𝐧é𝐝𝐢𝐜𝐭𝐞𝐋.𝐉𝐮𝐫𝐠𝐞𝐥𝐞𝐯𝐢č𝐢𝐮𝐬 (@Benedicte_Lin) June 17, 2026 Силниот потрес ги испрати луѓето надвор од своите домови и ги натера да излезат на отворени простори во и околу Палу, град со околу 400.000 жители, кој е главен град на покраината Централен Сулавеси. Според портпаролот на Националната агенција за управување со катастрофи, Абдул Мухари, неколку болници евакуирале пациенти, а според прелиминарниот извештај, 38 лица се повредени и префрлени во блиската болница, вклучувајќи 13 со сериозни повреди. The M6.7 earthquake in Palu and Sigi, Indonesia, was followed by three strong aftershocks: two M5.0 tremors and one M5.1. #gempa #lindol #sismo. At least eight people are injured, and widespread building damage is reported across Central Sulawesi. https://t.co/CQDzYrIQH9 pic.twitter.com/JY28zWzw7X — GeoTechWar (@geotechwar) June 16, 2026 Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика регистрираше најмалку 71 последователни потреси во текот на денот.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook