3Се појави видео од тајната венчавка на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез која не носи венчаница
РакометМакедонските ракометари ги започнуваат квалификациите за ЛОИ во РиоМакедонската машка ракометна репрезентација денеска го започнува својот настап на квалификацискиот турнир преку кој ќе брка пласман на Олимписките игри во Рио летово. Полска е прв противник на црвено-жолтите во олимписката квалификациска група 1 чии средби ќе се играат во полскиот град Гдањск. Натпреварот ќе започне во вечерниот термин од 20 часот и 30 минути, а претходно од 18 часот и 30 минути во првата средба ќе играат Чиле и Тунис. Пласман на Олимпијадата во Рио ќе обезбедат двете првопласирани селекции. Во другите две групи, во Малме и Хернинг за место на олимпијадата ќе се борат: Шпанија, Словенија, Шведска и Иран (група 2 - Малме, Шведска) и Данска, Хрватска, Норвешка и Бахреин (група 3 - Хернинг, Данска). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАнгелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19Армијата го слави 34. роденден08:35Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
МакедонијаВработен во банка во Гевгелија украл над 145 илјади евра од сметките на двајца клиентиВработен во банка во Гевгелија доби кривична пријава бидејќи со месеци неовластено пристапувал до сметките на двајца клиенти и присвоил речиси 150.000 евра.„ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава против 52-годишниот К.К од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ‘проневера во службата’. Во период од 07.11.2025 до 03.03.2026 пријавениот, како стручен соработник во експозитура на банка во Гевгелија, во 13 наврати присвоил 4.920.000 денари и 63.350 евра кои му биле доверени во службата, на тој начин што без налог од корисниците, пристапувал до денарска платежна сметка на двајца корисници, при што причинил материјална штета на банката“, соопшти МВР.Тагови: МВР, Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Над 5.000 заболени, 22 дена вода со фекалии а Мицкоски и ВМРО-ОКГ слават во Гостивар!Вчера Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ славеа во Гостивар, во градот каде над 5.000 граѓани беа отруени.Што славеа, труењето на граѓаните? Мицкоски нема ниту трошка морал. Ниту срам. Наместо одговорност за една од најголемите здравствени кризи во Гостивар, партиска прослава. Тоа е вистинското лице на оваа криминалната власт. ВМРО-ОКГ слави а граѓаните на Гостивар 22 дена пиеја вода со фекалии, над 5.000 луѓе завршија во болница. И пет недели се уште нема документ, извештај, потврда, за водата во градот. Ако сè е во ред тогаш прашањето е многу едноставно: Зошто пет недели нема официјално објавени резултати од анализите на водата во Гостивар? Зошто документите се кријат од јавноста? Кој ги потпишал анализите? Која институција официјално гарантира дека водата е безбедна за пиење? Криењето на документите од страна на власта на Мицкоски создава несигурност, недоверба и паника меѓу граѓаните. Министерот Клековски вели дека анализи на водата се прават секојдневно. Ако анализите се прават секој ден, каде се резултатите зошто не се објавени? Пет недели власта тврди дека водата е исправна, а пет недели нема јавен документ што го потврдува тоа. Наместо стручни лица и надлежни институции, пет недели гледаме полицајци како се занимаваат со вода. Стручно лице кое ќе застане пред јавноста – нема. Институција која со потпис и печат ќе потврди дека водата е безбедна – нема. Само изјави, контрадикторни информации и „чувства“. Граѓаните на Гостивар не бараат славење, партиски прослави и здравици. Бараат документ и бараат чиста вида. Бараат вистина, бараат одговорност. Објавете ги веднаш анализите за водата во Гостивар. Прес конференција на СДСМ, Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалИнтер бара ново засилување во АнгалијаИталијанскиот фудбалски шампион Интер продолжува со „шопинг“ во Англија. Откако ова лето го ангажираше централниот дефанзивец Џон Стоунс (32) од Манчестер Сити како слободен играч и му плати 30 милиони евра на Тотенхем за десниот бек Џед Спенс (26), италијанскиот тим кој ја освои двојната круна тргнува по уште еден Англичанец. „Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер ќе понуди 30 милиони евра за играчот за врска на Ливерпул, Кертис Џонс (25) – сума за која се очекува да биде доволна, со оглед на тоа што договорот на Џонс истекува следното лето. Џонс има одиграно 228 натпревари за Ливерпул, при што постигнал 22 гола и забележал 25 асистенции.Тагови: Интер Ливерпул Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook