РакометМакедонските ракометари ги дознаа противниците за Медитеранските игри во ТарагонаРакометните репрезентации на Македонија во машка и женска конкуренција ги дознаа имињата на своите ривали во групната фаза на Медитеранските игри, кои ќе се одржат во Тарагона, Шпанија од 22 јуни до 1 јули. Мажите ќе играат во групата Д, каде ќе ги измерат силите со Србија, Египет и Турција. Дамите пак ќе бидат во слично друштво, откако во групата Б ќе спорат со Египет, Србија, Црна Гора и Турција. Кај мажите има три групи со по три репрезентации, додека една е со четири, а тоа е групата каде се наоѓа Македонија. Кај дамите има две групи со по пет селекции. Во претходниот настап на Медитеранските игри, кои се одржаа во Мерсин, мажите завршија на осмото место, додека женската репрезентација беше деветта во конечниот пласман. Медитерански игри 2018, ракомет: Мажи: Група А: Словенија, Црна Гора, Тунис. Група Б: Хрватска, Италија, Алжир. Група Ц: Шпанија, Грција, Португалија. Група Д: Македонија, Египет, Србија, Турција. Жени: Група А: Шпанија, Словенија, Грција, Италија, Португалија. Група Б: Македонија, Црна Гора, Србија, Турција, Египет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБезбедносен форум во Скопје - архитекти на стабилноста: безбедносен идентитет на Западен БалканБезбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе.Безбедносната криза по нападот на Русија врз Украина придонесе ЕУ да даде нов импулс на проширувањето – Украина ги отвори вратите преку кои Западен Балкан има можност да влезе, посочи поранешниот советник за надворешна политика и безбедност на претседателот и премиерот на Романија – Јулијан Чифу, на денешниот Скопски Безбедносен форрум. -Прилично сум сигурен дека директните преговори плус нивото на флексибилност и вклученост на ЕУ можат да и помогнат на Македонија низ ова, под услов Македонија да го исполни својот дел од договорот, видете ја Молдавија на пример или Црна Гора. Прилично сум сигурен дека поддршката од Комисијата ќе ја игра улогата дури и ако станува збор за Бугарија. Да ја видиме новата бугарска влада и нивните пристапи кон регионот и Македонија. - Јулијан Чифу. Македонската армија е досега најголемиот регионален добитник на средства од Европскиот мировен фонд за зајакнување на нејзините воени капацитети, што е дел од пристапот на ЕУ кон регионот наречен стабилизација преку интеграција, посочија од Европската делегација на форумот. Преку Мировниот фонд на ЕУ, ЕУ започна директно финансирање на зајакнувањето на воените капацитети. Армиите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и особено на Македонија имаат корист од таквата помош, за која оваа земја во регионот е главен корисник. Целта беше да се постигнат одредени стандарди и да се постигне подготвеност на армиите за распоредување заедно со земјите-членки во рамките на иницијативите што ги спроведува ЕУ. ЕУ ќе продолжи да соработува и да ги поддржува нашите партнери и сојузници како што е Македонија - сојузник на НАТО денес, а утре земја-членка на ЕУ. - Бен Нупнау, заменик шеф на ЕУ делегација во Македонија. Македонија ќе остане целосно усогласена со стратешките цели на НАТО и ЕУ во Европа и подалеку а членството во ЕУ за државава значи еден од најсилните гаранции за долгорочна безбедност и стабилност изјави министерот за европски –прашања Беким Сали на Безбедносниот форум во Скопје. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол.Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 17 возачи за безобѕирно управување возило, 14 лица возеле без возачка дозвола, од кои пет малолетници, а тројца возеле под дејство на алкохол. Шест лица во Скопје (двајца малолетници), четири лица во Тетово (тројца малолетници) и по едно лице во Куманово, Велес, Охрид и Прилеп возеле без возачка дозвола. По еден возач во Куманово, Македонска Каменица и Скопје управувале возило под дејство на алкохол. Возачот во Скопје, претходно со возилото „форд“ кое го управувал удрил во паркирано возило „форд“, при што била причинета само материјална штета. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќајТагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Како што лаже за сè друго, Мицкоски лаже и за субвенциитеМицкоски повторно лаже, се расфрла со лажни бројки за некакви големи успеси во земјоделството. Тоа најдобро го знаат земјоделците, колку и да сака да ги изврти, вистинските бројки го разобличуваат секој обид на Мицкоски да манипулира со реалната состојба во земјоделството и загубите што ги трпат земјоделците овие две години. Податоците на Платежната агенција за сумите за исплатата на субвенциите се јавно објавени и достапни. Вистината е дека Владата на СДСМ во периодот од 2021 до крајот на мандатот има исплатено вкупно 30 милијарди денари субвенции од Програмите за директни плаќања и за рурален развој. Владата на ВМРО-ОКГ од почетокот на мандатот до денеска исплатила 15 милијарди денари, што е двојно помалку. Значи ниту половина! Ова се податоци од годишните извештаи на Платежната агенција, јавно објавени, достапни за секој кој сака да ја знае вистината. Ајде да ги видиме бројките за тутунот. Во време на ВМРО во 2013 година откупната цена на тутунот беше 153 денари. Во 2023 година, во време на СДСМ, беше 365 денари, а во 2024 година, исто така во време на СДСМ, беше 400 денари. Субвенцијата изнесуваше 100 денари, која ВМРО ја намали. Значи, во време на СДСМ цената на тутунот порасна за повеќе од 100%, а во време на ВМРО само ниту за 10%. Фатен во лага, Мицкоски се обидува да го сокрие хаосот со исплатата на субвенциите со наводна исплата на стари долгови. Вистината е дека во секоја гранка во земјоделството доцни исплатата на субвенциите. Без субвенции ги оставија полјоделците среде жетва, градинарите, тутунарите. Сточарите сè уште ги чекаат субвенциите за грло добиток и премиите за млеко, а дополнително се соочени со ниски откупни цени на млекото и прекинат откуп. За какво партнерство зборува Мицкоски и со кое лице им се обраќа на земјоделците? Земјоделците не сакаат криминалец за партнер, кој гледа само како да скрати од нив и да зграби повеќе за своите луксузи и криминални тендери. Мицкоски нека одговори зошто земјоделците денеска добиваат двојно помалку субвенции отколку за време на СДСМ и зошто доцни исплатата? Вистината и реалноста е дека тој и неговата криминална организација ВМРО го доведоа земјоделството до колапс. Мицкоски нема пари за земјоделците. Пари има само криминални тендери. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook