Македонските партии во Србија на престојните избори на 17 декември - Канал 5

Македонските партии во Србија на престојните избори на 17 декември

Македонските партии во Србија на престојните избори на 17 декември

Со заклучувањето на изборните листи во Србија за вонредните парламентарни, покраински, локалните избори во 65 градови и изборите за градот Белград, се копмлетира изборниот амбиент, меѓу кои и на трите малцински македонски партии во Србија, Демократската партија на Mакедонците (ДПМ), Странката на Македонците во Србија (СМС) и Македонската странка во Србија (МАКСС), јави дописникот на МИА од Белград.

Најстарата македонска партија ДПМ, која имаше историски успех на изборите во 2012 година, кога тогашниот нејзин претседател Миле Спирковски стана првиот македонски пратеник во Републичкото собрание, на овие избори, по преговорите не успеа да постигне договор за можна колиција со носечките партии во Србија, и својата политичка активност ќе ја насочат на локално ниво.

-Одиме самостојно на изборите и само на локално ниво, имаме свои кандидати за одборници во Врање и во Врањска Бања. Сметаме дека на локално ниво најдобро ќе можеме да се избориме за политичките права на Македонците, изјави Маја Георгиевска, претседател на ДПМ.

Таа додаде дека идната година кога ќе се распишат изборите за Панчево, Опово и Нови Сад, тие исто така ќе настапат самостојно во овое градови и општини. Неофицијално, оваа партија на парламентарните избори ќе даде подршка за владejaчката Српска напредна странка (СНС).

Од Странката на Македонците на Србија (СМС), ни од нивната веб страна, како и лично, не дознавме за учеството на изборите. СМС на изборите пред две години постигна коалиционен договор за соработка со лидерот на Демократската странка (ДС), Зоран Лутовац.

Во изјавата за МИА, лидерот на ДС и член на коалицијата „Србија против насилството“ изјави дека тие имаат отворена врата за соработка.

-Имаме отврена врата за соработка со македонските партии во Србија, сметам дека нивното учество најголем ефект би имало на локално ниво, изјави Лутовац.

Третата македонска партија во Србија, Македонската странка во Србија (МАКСС), која на изборите пред две години беше во коалиција со партијата на Драган Ѓилас – Странка слободе и правде (ССП), на овие избори ќе даде подршка на проевропската опозициска коалиција „Србија против насилството“.

-Имамвме повеќе разговори, по нив, бидејќи немаме можност самостојно да настапиме на изборите, решивме да дадеме подршка за изборната листа „Србија против насилството“, изјави претседателот на МАКСС, Александар Паспаловски.

Од Македонците кои ќе земат учество на претстојните избори и имаат шанса за победа и влез во власта е познатиот адвокат Тома Фила, кој досега беше пратеник во Републичкото собрание, а потоа и советник во Собранието на град Белград. На овие избори тој како предлог на Социјалистичката партија (СПС) на Ивица Дачиќ и коалицијата „Ивица Дачиќ-премиер на Србија“ е кандидат за градоначалник на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

На вториот круг од вонредните избори за градоначалник во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Аркин Јахиј пред кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанче Радичевски. Во штабот на дуи во Брвеница синоќа се славеше.

Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата

Премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбујк напиша:

„Сами против сите. Ние со изборна програма и концепт, тие со поддршката на демографијата, националната карта и по некој тројанец за одвлекување на гласови.

Сепак, растот на гласови од првиот круг е јасен и чист од 3000 на 4200, а во однос на парламентарните избори имаме раст од 1300, но за жал недоволно за целосна победа.

Благодарам на сите жители на Брвеница што гласаа за нас и на тие што не гласаа, сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата.

Една Брвеница за сите е повеќе од концепт, тоа е начин на работа.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

А.Д. ИЛИНДЕН Струга известува дека од 28.10.2026 г. ќе се воведе времен режим на сообраќај на Автопатот А2 делница Кичево – Охрид, во делот Пресека – Песочан до клучка Арбиново, поради изведување градежни работи за санација на лев коловоз и ќе трае сѐ до завршување на санацијата.

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денес ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни (над 15 l/m²). 

Денес претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 16 степени.

До вторник ќе се задржи претежно облачно и постудено време со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), особено во вторник. Од среда до почетокот на викендот времето ќе биде стабилно и суво, со променлива облачност во текот на денот, која кон сабота постепено ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер