Други спортовиМакедонските одбојкари во Полска одат по две победи Одбојкарска репрезентација на Македонија в петок и сабота ќе гостува во Полска во рамките на натпреварувањата од ЦЕВ Европската Лига од А-група. Натпреварите ќе се играат во Калиш, двата со почеток во 17 часот. Селекторот Жарко Ристоски задоволен од досега прикажаното на неговите избраници. - Уште пред започнувањето на натпреварувањето рековме дека Естонија и Полска се фаворити во групата, а во нивни прилог одат и случувањата во текот на натпреварувањето како што се осум од десет натпревари на Естонците на домашен терен и директен пласман на Полска како домаќин на „фајнл-фор“ турнирот. И покрај вакви тешки околности ние останавме во игра за полуфинале до самата завршница. Полска е многу силна репрезентација без разлика во каков состав ќе настапи. Играат агресивно со добра одбрана и напад. Ќе биде тешко, но ние сме во нагорна форма. Одиме да одиграме најдобро што можеме, изјави Ристоски. Македонија со две победи во Полска, како и два пораза на Грција од Словенија ќе значи повторување на ланскиот успех кога „црвено-жолтите“ играа во полуфиналето. Капитенот Никола Ѓоргиев смета дека за успешен резултат, Македонија треба да го диктира темпото и да не му дозволи на противникот да се размавне. - Ако им ја пуштиш топката ќе те тепаат 3-0, ако им наметнеш своја игра ќе победиш 3-0. Затоа на овие натпревари треба да го покажеме нашиот квалитет. Одиме на две победи кои не оставаат во игра за „фајнл-фор“. Сите живееме за тоа, рече Ѓоргиев на денешната прес-конференција. Македонските одбојкари вечерва со автобус тргнуваат за Белград, од каде со авион заминуваат за Варшава, а потоа ги чека уште 260 километри пат со автобус до Калиш каде ќе се играат натпреварите со Полска. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДве финансиски друштва добија забрана да издаваат брзи кредитиДве финансиски друштва добија забрана во времетраење од 30 дена да одобруваат т.н. Брзи кредити, откако Министерството за финансии утврдило неправилности при вонреден надзор над нивното работење.Покрај привремената забрана, на друштвата им се изречени и парични казни согласно законските прописи. Од министерството информираат дека контролите биле спроведени во изминатите три месеци, постапувајќи по пријави и претставки од граѓани. Надлежните најавуваат дека контролите ќе продолжат, со посебен фокус на заштитата на граѓаните кои користат финансиски услуги, особено кредитите што ги нудат финансиските друштва. Од јули 2024 година досега, министерството за финансии изрекло повеќе мерки во рамки на надзорот над финансиските друштва. На четири друштва им биле одземени дозволите за работа, три биле привремено затворени, а 18 финансиски друштва добиле парични казни во вкупен износ од околу 49.400 евра. Дополнително, биле издадени и 58 писмени наредби со рокови за отстранување на утврдените неправилности.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОЈО Крива Паланка постапува по пријава за тешка телесна повредаДо Основното јавно обвинителство Крива Паланка денеска е доставена кривична пријава против три лица – татко и две ќерки поради сомнение дека сториле кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 1 од Кривичниот законик.Пријавени се дека поради недоразбирање околу добитокот најпрво започнале расправија, а потоа физички нападнале жена од селото Дрење, ја влечеле, туркале и и се заканувале. Кога ја турнале на земјата оштетената се здобила со тешка телесна повреда – скршеница на левиот скочен зглоб на ногата. По пријавата се постапува во редовна постапка, но сите дејствија се преземаат со итност, со цел што е можно побрзо донесување јавнообвинителска одлука. Наредено е вештачење на видот и карактерот на повредите на оштетената, а се обезбедуваат и други докази. Имајќи го предвид и претходното однесување на пријавените, како и другите постапки кои се водени и се водат против нив, надлежниот јавен обвинител врши проценка на потребата да предложи одредени мерки за претпазливост во текот на постапката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
СветРекордни цени на горивото во САД за Денот на благодарностаАмериканците кои патуваат за утрешната прослава на Денот на благодарноста ќе се соочат не само со лоши временски прогнози, туку и со високи цени на горивото – последица од војната во Иран.Проценките на „GasBuddy“ покажуваат дека во текот на петдневниот празничен период, кој завршува во недела, возачите ќе потрошат приближно 980 милиони долари повеќе за гориво отколку минатата година. Како резултат на тоа, овогодинешниот Ден на благодарноста би можел да го надмине рекордот поставен за време на администрацијата на Бајден, станувајќи најскапиот во историјата во однос на трошоците за гориво, пренесува Си-Ен-Ен. Значително повисоки цени на горивото Во вторникот, националната просечна цена за галон обичен бензин изнесуваше 3,62 долари. Ова е значително повисоко од 3,03 долари, колку што беше забележано минатата година, и малку го надминува претходниот рекорд од 3,59 долари, поставен пред четири години по руската инвазија врз Украина. Сепак, има и добри вести: цените на горивото нагло паднаа во последните недели. Анализата на податоците од ААА, спроведена од Си-Ен-Ен, покажува дека просечната цена на бензинот паднала за 56 центи во текот на првите 24 дена од ноември – што претставува најголем пад некогаш забележан за овој период. „Никој сè уште не треба да отвора шампањ“, изјави Патрик Де Хан, раководител за анализа на нафтениот пазар во „GasBuddy“. „Во секоја поединечна сојузна држава, луѓето сè уште трошат повеќе за гориво отколку минатата година – дури и во државите што привремено ги укинаа даноците на горивото.“ Овие невообичаено високи цени можеби ќе одвратат дел од Американците од патување. „ААА“ предвидува дека 72,9 милиони луѓе ќе патуваат со автомобил, што претставува благ пад во споредба со 73,1 милион луѓе минатата година. Во соопштение, „ААА“ објаснува дека овој пад од 200.000 патници делумно се должи на рекордно високите цени на горивото, при што се напоменува дека во текот на август, септември и октомври на бензинските пумпи биле забележани нови месечни рекорди. It’s that time of year: There’s heavy traffic on the 405 Freeway as Southern Californians head to their Thanksgiving destinations. https://t.co/mGWekhVHle — ABC7 Eyewitness News (@ABC7) November 25, 2026 Неодамнешен пад Иако цените остануваат блиску до историски највисоките нивоа, Белата куќа го истакнува неодамнешниот пад како свој успех. „Токму како што предвиде претседателот Доналд Џ. Трамп, цените на горивата паѓаат, а американските семејства добиваат олеснување токму навреме за Денот на благодарноста“, соопшти Белата куќа во вторникот. Ситуацијата навистина е подобра отколку што беше пред неколку месеци. Според проценките на „GasBuddy“, Американците заштедуваат 1,3 милијарди долари на гориво во споредба со минатиот месец. Постојат неколку клучни причини за овој пад. Цените на нафтата паднаа бидејќи конфликтот поврзан со Иран не ескалираше до степенот од кој се стравуваше. Оперативните проблеми во рафинериите, кои се појавија оваа есен, се главно решени, а побарувачката за бензин бележи сезонски пад како што деновите стануваат пократки. Факторот Иран И покрај падот, цените на горивата остануваат многу високи за овој период од годината. Според проценките на Универзитетот „Браун“, Американците потрошиле дополнителни 165 милијарди долари на бензин и дизел откако кон крајот на февруари започна конфликтот поврзан со Иран – што изнесува речиси 1.300 долари по домаќинство. Главната непозната за понатамошниот развој на ситуацијата останува конфликтот во Иран. Трговците со енергенси очекуваа продолжување на отворените конфликти по изборите на средината на мандатот, но тоа досега не се случи. Сепак, „JPMorgan Chase“ во вторникот ги информираше своите клиенти дека воената ескалација е најголемиот ризик на кој треба да се внимава по изборите. Оваа банка од Волстрит предупредува дека ескалација би можела да се случи уште следниот месец, што би предизвикало остар скок на цените на нафтата. Од „JPMorgan“ проценуваат дека овој скок веројатно би бил од краткотраен карактер, но само под услов ескалацијата да не трае долго и во неа да не бидат вклучени копнени сили. Извор: Индекс.хрТагови: Бензин САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСредба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00