3Трагедија во Пакистан – 33 ученици и еден наставник загинаа при уривање на покривот на училиште; сопственикот е уапсен
Други спортовиМакедонските одбојкари на мегдан со ПортугалијаСелекцијата на Португалија е следниот противник на машката одбојкарска репрезентација на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Полска. По вчерашниот пораз од фаворизираната Србија, која е домаќин на квалификациската група Ј, избраниците на селекторот Жарко Ристоски попладнево ќе се обидат да ја остварат првата победа против Португалија која вчера во дуел од 1.коло загуби од Словенија со 3:0. Дуелот Македонија – Португалија кој ќе се игра во салата „Чаир’’ во Ниш ќе започне од 15 часот, а во вториот натпревар од оваа група од 18 часот ќе играат Србија и Словенија. /Извор: МИА/Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЈанчев: ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци доби нов ЕМГ кабинет Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, објави на социјалните мрежи градоначалникот Митко Јанчев. -ЈЗУ Општа Болница со проширена дејност Кавадарци. Денеска официјално го промовиравме новиот ЕМГ кабинет во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци, со што се прошируваат можностите за современа невролошка дијагностика и унапредување на здравствената заштита на пациентите од Кавадарци и регионот. На промоцијата присуствуваа градоначалникот Митко Јанчев и директорот на Клиниката за неврологија, Јован Божиновски. Електромиографијата (ЕМГ) е значајна дијагностичка метода за испитување на функцијата на периферните нерви и мускулите, која помага во откривањето и процената на различни невролошки состојби. Со воведувањето на оваа услуга, на пациентите им се овозможува полесен пристап до потребните дијагностички испитувања, без потреба за патување во други здравствени установи за секоја ваква услуга. Како раководство на болницата, остануваме посветени на модернизација на медицинската опрема, унапредување на стручните капацитети и создавање подобри услови за работа на здравствените работници и поквалитетна здравствена грижа за пациентите. Наш приоритет е здравјето на граѓаните и постојаното унапредување на здравствените услуги што им се достапни, стои во објавата на Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Хаос во Сплит – 500 хулигани се тепаа на ривата пред 100 полицајциВо центарот на Сплит синоќа дошло до судир меѓу навивачите на Хајдук и Ајакс, по што се уапсени 57 лица.Според извештаите на хрватските медиуми, околу 150 припадници на навивачката група на хајдук, „Торцида“ ги нападнале навивачите на холандскиот клуб, а полицијата брзо интервенирала за да спречи поголеми нереди. Меѓу уапсените има 19 холандски државјани. Се наведува дека кај нив биле пронајдени ножеви и школки, а изречени им се седумдневни затворски казни, како и двегодишна забрана за пристап до „Пољуд“ и Сплит. 15.10.2026, Hajduk Split🇭🇷 - Ajαx Amsterdam🇳🇱, 150 Torcida Split attacked Ajax fans on the riva in Split before match, click here for more: https://t.co/w88c1AHmgc All in one place. Tap to download. 🔗 https://t.co/OD7UtlRC7D https://t.co/5Qe8Sy9vhW — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 15, 2026 По повод инцидентите, претставникот на Здружението на навивачи на Ајакс, Фабијан Нагцам, даде изјава за телевизијата AT5, барајќи силна реакција од УЕФА. 15.10.2026, Hajduk Split🇭🇷 - Ajαx Amsterdam🇳🇱, 150 Torcida Split attacked Ajax fans on the riva in Split before match, click here for more: https://t.co/w88c1AHmgc All in one place. Tap to download. 🔗 https://t.co/OD7UtlRC7D https://t.co/JqAKBXSoMH — Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 15, 2026 Тој нагласи дека безбедноста на гостинските навивачи мора да биде приоритет и предупреди на можноста од повторување на слични напади при гостувањата на европските натпревари. Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на стадионот „Пољуд“ ќе се одигра вечерва со почеток од 18:45 часот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
МакедонијаВо Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стапНастанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Националниот сојуз на слепи и Зета - Организација за попреченост и правда, денеска, во Собрание организираше настан по повод Меѓународниот ден на белиот стап. Настанот, во улога на модератор го отвори Елена Кочоска која ги поздрави присутните и изрази благодарност до Собранието за организацијата на овој настан. Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, во своето обраќање истакна дека секој човек има право на независен живот, како и на пристап до образование и здравствена заштита. Тој нагласи дека пристапноста не е дополнителна придобивка, туку неопходен чекор кон еднаквоста, повикувајќи на почитување на различностите и отстранување на бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост. Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се осврна на предизвиците со кои се соочува училиштето во секојдневното функционирање, како и на спроведените реформи насочени кон создавање услови учениците да се чувствуваат пријатно, да ги извршуваат своите обврски и успешно да се образуваат. Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружението на слепи и лица со оштетен вид – Скопје, ги посочи проблемите со кои се соочуваат слепите лица и лицата со оштетен вид во секојдневниот живот, нагласувајќи ја потребата од континуирана поддршка и унапредување на условите за нивно независно функционирање. Во продолжение на настанот, модерирањето го презема, Кристијан Лазарев, кој му даде збор на Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади, кој истакна дека Министерството е во постојана комуникација со организациите што ги застапуваат лицата со попреченост и работи на конкретни законски реформи за унапредување на нивните права. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координираната соработка меѓу надлежните институции и лицата на кои им е потребна помош се клучни за постигнување вистинска еднаквост. Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на активностите на училиштата и Министерството во насока на унапредување на инклузивноста во образовниот процес. Таа истакна дека целта е секој човек да има еднаква можност да го развива својот потенцијал и самостојно да ја гради својата иднина, посочувајќи ги промените што се преземаат за зголемување на самостојноста на лицата со попреченост. Портпаролката на Владата, Марија Митева, говореше за активностите на Владата во оваа област, нагласувајќи дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за поддршка на лицата со попреченост. Таа посочи дека обврска на институциите е донесените мерки и решенија да ги доближат до лицата на кои им се потребни, со цел тие да можат полесно да ги остваруваат своите права. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека сè уште постојат предизвици во однос на пристапот до дигиталната инфраструктура. Тој нагласи дека целта е секој граѓанин да може самостојно, едноставно и брзо да ги завршува административните обврски преку дигитални услуги, без потреба од посета на шалтери. Во таа насока, тој ја истакна важноста на предлозите и дискусијата отворени во рамките на денешниот настан. Пратеничката Емилија Ангелова, членка на ИППГ за правата на лицата со попреченост, сподели дека нејзиното професионално искуство со лицата со попреченост ѝ овозможило да научи значајни лекции за потребата од еднаквост, разбирање и почитување. Таа нагласи дека пристапот до институциите не е привилегија, туку човеково право, посочувајќи дека зад секое лице со попреченост стои личност со сопствени соништа, цели и потенцијал. Наместо да се создаваат пречки, неопходно е да се обезбедат услови за нивно рамноправно учество во општеството. Настанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter