Македонските одбојкари на дво-меч со Словенија - Канал 5

Македонските одбојкари на дво-меч со Словенија

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија викендов ќе ги одигра два последни натпревари во Европската лига.

Македонските одбојкари на дво-меч со Словенија
Македонските одбојкари и гостуваат на Словенија во натпревари кои директно решаваат за првото место во „Б„ групата. Словенија и Македонија веќе се сигурни патници во полуфиналето од оваа група, додека од групата „А„ пласман во разигрувањето веќе обезбеди Црна Гора.

Во пресрет на средбите од последното коло Словенија и Црна Гора се во блага предност за освојување на првото место. Словенците имаа еден бод повеќе од Македонија додека Црна Гора која за противник во последното коло ќе ја има Грција има два бода повеќе од својот противник.

Натпреварите меѓу Словенија и Македонија ќе се играат во салата „Људски врт’’ во Марибор, денеска и утре, и двете со почеток од 20 часот и 30 минути. Табела – група Б: Словенија 18 бодови, МАКЕДОНИЈА 17, Австрија 9, Турција 3и Данска 1. Табела – група А: Црна Гора 14 бодови, Романија 13 (два натпревари повеќе), Грција 12, Полска 8 и Азербејџан 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна сообраќајка во Словенија - возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Две лица загинаа, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и едно дете кое е во животна опасност.

Страшна сообраќајка во Словенија -  возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица. Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.

Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади. Загинатите се романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повреденото дете е француски државјанин. Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.словенечката полиција отвори истрага поради сомнеж за сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство.

ФУЕН бара поддршка од МАЕИ за спроведување на Резолуцијата за македонското национално малцинство во Албанија

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) упати официјално писмо до претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во врска со неодамна усвоената Резолуција за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Резолуцијата, која беше поднесена од Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, беше усвоена на Собранието на делегати на ФУЕН за време на годишниот Конгрес одржан на 19 септември 2026 година во Хелсинки, Финска.

Во своето обраќање, претседателката на ФУЕН, Оливија Шуберт, истакна дека организацијата — која ги претставува автохтоните национални малцинства во Европа и ги застапува нивните права пред ОН, Советот на Европа, ЕУ и ОБСЕ — бара поддршка од МАЕИ за ефективна имплементација на усвоената резолуција.

Со оваа резолуција, од албанските власти официјално се бара Владата на Република Албанија да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици, да им овозможи на припадниците на македонското малцинство слободно да се изјаснуваат и да преземе ефективни мерки против какви било надворешни политички притисоци насочени кон негирање или асимилација на македонскиот идентитет. Покрај тоа, се бара Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на новата реформа да не претрпи територијални промени, односно да не се спојува со други општин.

Во одговорот до ФУЕН, претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, изрази искрена благодарност за континуираната грижа и посветеност на Унијата во заштитата и унапредувањето на правата, идентитетот, јазикот и културата на Македонците во Албанија.

„Усвојувањето на оваа резолуција е значаен чекор кон зајакнување на заштитата на малцинските права и обезбедување загриженоста и легитимните барања на македонското малцинство во Албанија да го добијат вниманието што го заслужуваат на европско ниво“, истакна Стерјовски.

Тој исто така го поздрави признанието што ФУЕН му го оддава на Македонското друштво „Илинден“ – Тирана за неговата активна работа и изрази подготвеност за понатамошна заедничка соработка во насока на целосно спроведување на резолуцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер