По одличната игра заокружена со убедлива победа над Норвешка во четвртокот, избраниците на Јончевски вечерва ќе се обидат да го потврдат својот квалитет во дуелите против уште една скандинавска селекција, тимот на Данска.
Македонија е голем фаворит во вечерашниот меч дуел против студените Данци кои се без успех во досегашните претквалификации. Нашите противници сигурно сеуште се сеќаваат на првиот меч и кошот на македонскиот бек Ненад Димитријевиќ со звукот на сирената за премиерен триумф на Македонија во овој претквалифиациски циклус.
Македонските кошаркари со поддршка од трибините ќе атакуваат и на четвртиот успех за зацврстување на лидерската позиција во Групата Д од вториот претквалификациски круг за Евробаскетот во 2025 година.
ВТОРА РУНДА - ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ 2025
ГРУПА Д
ДВОЈКИ 4. КОЛО - ДЕНЕСКА:
18.00: Норвешка - Словачка
19.00: МАКЕДОНИЈА – Данска
ТАБЕЛА
1.МАКЕДОНИЈА 3 3 0 210:181 6
2.Норвешка 3 2 1 222:201 5
3.Словачка 3 1 2 217:236 4
4.Данска 3 0 3 215:246 3