Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
1Димитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски услови
Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
2Мрачните тајни и „Златната топка“! Поранешниот шеф разоткри валкани игри: Агент остави мистериозен плик на масата, а потоа исчезна!
3Португалците спроведоа анкета за враќањето на Роналдо во репрезенатцијата: Огромно мнозинство има ист став
КошаркаМакедонските кошаркари „ја скршија“ Полска со 25 коша разлика за квалификациите во ЕвробаскетГолема победа во квалификациите забележаа кошаркарите на Македонија кои на гости убедливо ја совладаа селекцијата на Полска со 96:71.Македонската селекција беше поразена од Естонија, но сето „загубено“ беше брзо надополнето на тешкото гостување во Полска. Малкумина очекуваа дека полуфиналистот, и најпријатното изненадување на последниот Евробаскет, ќе одигра толку слабо. Избраниците на Јончевски уште од самиот старт им покажаа на домаќините дека ќе треба да се помачат за победа. Гостите уште од стартот дојдоа до водство од 26:16 во првата четвртина. Предноста ја задржаа до полувремето, а до крајот продолжија во ист ритам и забележаа убедлива победа. Водеа речиси постојано и со предност од над 20 поени во вториот дел, па може да се каже дека нивната победа никогаш не беше доведена во прашање. На крајот маестрална партија одигра Ненад Димитријевиќ, кој постигна дури 32 поени со по осум скока и асистенции, додека натурализираниот Етан Хип постигна 19 поени со девет скока и пет асистенции. Двоцифрени беа и Стојан Ѓуроски со 17 поени и Андреј Маслинко кој постигна 10 поени. Полска го немаше Матеуш Поњитка, кој се врати во Партизан за да се подготвува за мечот со Анадолу Ефес, а во негово отсуство најдобар беше Михал Михалак со 20 поени, додека Марчин Соколовски постигна 15, а Јакуб Гарбач заврши со девет поени. Олек Балчеровски застана на седум поени, исто толку колку и Анджеј Плута. Ситуацијата во групата Х сега е со Естонците први и единствени со две победи, а потоа следат Македонците и Литванците со по 1-1, додека Полска е 0-2. Од групата понатаму, покрај домаќинот Полска, одат двете најдобри селекции, па во сегашната состојба испаѓа Литванија!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Софија средба Муцунски и Петрова Чамова, можен ли е напредок во обновениот дијалог15:18Денеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Со јавните финансии управуваме одговорно – Ребалансот е навремена реакција на новите економски условиРебалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината.Ребалансот на Буџетот за 2026 година е навремена реакција на Владата за усогласување на буџетските проекции со новите економски услови и реалните текови во економијата до крајот на годината, но и потврда дека јавните финансии ги управуваме одговорно и со јасни приоритети. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска на прес-конференција на којашто го претстави Предлогот за измени и дополнување на Буџетот за 2026 година, којшто беше усвоен вчера од Владата. „Во изминатиот период глобалната криза донесе нови предизвици, особено преку растот на цените на енергенсите и зголемените ценовни притисоци. Кога во јуни го подготвувавме првиот ребаланс, проценките беа дека состојбата на меѓународните пазари постепено ќе се стабилизира. Во меѓувреме, за жал, се случи спротивното. Геополитичката криза се продлабочи, цените на енергенсите продолжија да растат, а Владата реагираше со конкретни мерки за да го ублажи ударот врз граѓаните и економијата. Потврда дека мерките се наврeмени и добро одмерени е тоа што инфлацијата е стабилизирана што значи дека нема прелевање на високите цени на нафтата врз останатите производи и услуги“, рече министерката. Таа додаде дека намалувањето на акцизите на горивата и намалувањето на ДДВ-то за дизелот од 18 на 10 проценти имаат една јасна цел да се заштити животниот стандард на граѓаните и да се помогнат на компаниите полесно да се справат со ценовниот шок, но дека тие мерки имаа директен ефект и врз буџетските приходи. Тоа, според министерката, е причината за вториот ребаланс со цел да се усогласат приходите и расходите со реланите економски текови и да се обезбеди стабилно функционирање на Буџетот до крајот на годината. „Вториот ребаланс не е резултат на проблеми со ликвидноста на Буџетот. Тој е одговор на променетите економски услови, со непроменет приоритет – заштита на граѓаните, исполнување на законските обврски, одржување на економската активност и фискална дисциплина“, потенцира Димитриеска-Кочоска. Претставувајќи ги измените рече дека вкупните приходи се на ниво од 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. При тоа напомена дека намалувањете во најголем дел е резултат на променетите услови на пазарот на енергенси и мерките што ги презедовме за заштита на граѓаните и економијата. „Остварувањето на приходите во текот на годината покажува позитивна динамика. Кај даночните приходи, со ребалансот е направена умерена корекција од 213,3 на 209,8 милијарди денари, односно намалување од 1,6 %. Најголемиот дел од корекцијата се однесува на акцизите, кои се ревидираат од 34,1 на 30,4 милијарди денари. Причината е намалувањето на акцизите на бензините и дизелот, мерка со која директно го ублажуваме влијанието од растот на цените на нафтените деривати врз граѓаните и компаниите. Тоа значи помал приход за Буџетот, но истовремено и директна поддршка за граѓаните и економијата“, рече министерката. Со Ребалансот кај неданочните приходи и донации, се предвидува намалување за околу 2 милијарди денари, додека кај останатите даночни приходи – данокот на личен доход, данокот на добивка, ДДВ-то и царинските приходи очекувањата остануваат стабилни и во рамки на планираните износи. Министерката потенцира дека на расходната страна со Ребалансот се пристапува одговорно и дисциплинирано. Вкупните расходи се планирани на ниво од 420,5 милијарди денари, што е намалување за 5,3 милјарди денари во однос на претходните проекции. При тоа намалувања има во ставките за стоки и услуги и субвенции, како резултат на дисциплинирано и поефикасно трошење. Дополнителни средства се обезбедени за најранливите категории граѓани и за здравствените услуги. „Ги намалуваме расходите таму каде што реализацијата е послаба или каде што не станува збор за највисоки приоритети. Но, не штедиме на она што е најважно. Обезбедуваме средства за социјално ранливите категории и здравствените услуги“, рече министерката за финансии. За капиталните расходи, посочи дека се прави корекција од околу 5,7 милијарди денари, пред сè поради пролонгирање на динамиката на реализација на одредени капитални проекти, но дека тоа не значи откажување од капиталните инвестиции.Продолжуваат вложувања во одбраната, патната и железничката инфраструктура, комуналната инфраструктура, животната средина, енергетската ефикасност, образованието, детската и социјалната заштита, земјоделството и локалната инфраструктура. Особено важно, наведе министерката, е што продолжува и финансиската поддршка за општините и капиталните инфраструктурни проекти на локално ниво, како дел од политиката за рамномерен регионален развој. Со Ребалансот на Буџетот, како што рече Димитриеска-Кочоска на прес-конференцијата, проекцијата за економскиот раст останува непроменет на 3,5%, како и нивото на буџетскиот дефицит којшто се задржува на ниво од 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПродолжи судењето за случајот „Државна лотарија“Три стана во сопственост на Артан Груби и неговото најблиско семејство, проценети на околу 335 илјади евра, се понудени како гаранција за да му биде вратен пасошот. Неговиот адвокат не откри за што конкретно му е потребен пасошот, но вели дека гаранцијата е посилна мерка за обезбедување од одземањето на патната исправа. Куќниот притвор на Груби истекува на 13 октомври. Од Кривичниот суд и од Јавното обвинителство денеска нема одговор дали е доставено мислењето за понудената гаранција, ниту кога би можела да се очекува одлука на Кривичниот совет. -Не можам да одговорам зошто му треба пасошот. Гаранцијата е појака мерка на претпазливост од одземена патна исправа. Куќниот притвор истекува на 13 октомври, легитимно право на обвинетиот е преку одбраната што поднесе такво нешто, гаранцијата во секој случај е појака мерка за обезбедување. Недвижен имот на обвинетиот Артан и на најблиското семејство. Три стана,- изјави – Гоце Ристески – Адвокат. Во меѓувреме, на денешното рочиште продолжи сведочењето во предметот „Државна лотарија“. Сведокот пред судот објаснуваше како се одвивала јавната набавка на ВЛТ терминалите, за кои потврди дека биле набавени, но никогаш не биле ставени во употреба. -Тие никогаш не беа ставени во употреба за потребите на Државна лотарија. Од страна на надлежниот сектор беа доставувани барања до УЈП и до Министерството за финансии, меѓутоа имајќи предвид дека апаратите се наоѓаат во магацините на Државна лотарија, и не се ставени во употреба, не можам да кажам во кој дел сме добиле позитивни или негативни решенија за пуштање во употреба,- -Александар Андонов – Сведок. Одбраната на Груби смета дека неговиот исказ оди во прилог на нивната теорија на случајот. Според адвокатот Ристески, сведокот потврдил дека Груби немал инволвираност ниту во јавната набавка, ниту во работењето на Државна лотарија. Судењето за овој случај продолжува на 20 октомври а паралелно се води и нова истрага. Во неа се опфатени две финансиски раководителки во Државна лотарија, осомничени за проневера на речиси 80 милиони денари, односно околу 1,3 милиони евра. За едната е скопскиот Кривиче суд определи притвор, а за другата куќен притвор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаВладата го усвои предлог ребелансот на буџетот, се крати и на приходите и на расходитеПомалку приходи и расходи, но без промена на буџетскиот дефицит. Со вториот ребаланс, Владата ги намалува и приходите и расходите за по 86 милиони евра, поради како што посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, променетите услови на енергетските пазари и мерките за поевтини горива. Приходите се коригираат од 6,17 на 6,08 милијарди евра, главно поради намалените акцизи, кои паѓаат од 554 на 494 милиони евра. Расходите се намалуваат на 6,84 милијарди евра, при што најголеми кратења има кај капиталните расходи, односно кај проекти што доцнат или се уште не се започнати. Најмногу средства се кратат од Министерството за животна средина и од енергетика, додека истовремено дел од нив се пренасочуваат кон социјалната политика и здравството. -Обезбедуваме стабилен буџет, редовно финансирање на сите обврски и заштита на граѓаните. Правиме корекции таму каде што се неопходни, штедиме таму каде што можеме, но продолжуваме да инвестираме таму каде што е најважно за идниот економски раст. Овој ребаланс не е чекор назад. Тој е навремена адаптација на буџетот на новите услови и потврда дека остануваме посветени на стабилни јавни финансии, заштита на животниот стандард и продолжување на економскиот раст,- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии. Димитриеска-Кочоска потврди и дека пред два дена државата се задолжила со 150 милиони евра, наместо 250 милиони колку што претходно било објавено. Задолжувањето е направено со камата од 5,25 проценти, а како што посочи министерката, тоа е веќе предвидено во проекциите од првиот ребаланс и не ги менува проекциите за јавниот долг. Парите, вели, се потребни за сервисирање на обврските кои доспеваат до крајот на годината, односно за отплата на главница и камата. - Каматата е некаде уште 100 милиони евра за исплата до крајот на годината, 54 милиони евра некаде е главницата. Така што овој износ отприлика ќе го користиме за да го дофинансираме тој дел. До крајот на годината се планирани одредени задолжувања во рамки, како што кажав, не на овој ребаланс, во суштина на првиот ребаланс, каде што ќе треба одредено рефинансирање доспеваат одредени кредити, ќе се задолжуваме за да ги вратиме тие кредити. Така што она што значи отплата на долговите мора да го иссервисираме,- Гордана Димитриеска – Кочоска – министерка за финансии. Со вториот ребаланс, непроменет останува буџетскиот дефицит, со околу 753 милиони евра или 4,1% од БДП. Непроменета останува и проектијата за економски раст од 3,5%, додека прогнозата за инфлацијата е намалена од 4,5 на 3,8%. Димитриеска- кочоска не ја исклучува можноста за нова прераспределба на средства до крајот на годината, онаму каде институциите нема да ги реализираат планираните средства. Тагови: ребаланс на Буџетот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook