Македонските каратисти освоија 46 медали на Европскиот шампионат во Грција - Канал 5

Македонските каратисти освоија 46 медали на Европскиот шампионат во Грција

Македонската репрезентација во традиционално карате постигна значителен резултат на 37. ЕТКФ Европскиот шампионат за сениори, младинци, јуниори и кадети и 7. ЕТКФ Европски куп за деца, одржани викендот во Неа Мудања, Грција. 

Македонските каратисти освоија 46 медали на Европскиот шампионат во Грција

Македонците освоија вкупно 46 медали, од кои 12 златни, 13 сребрени и 21 бронзени медали.

Најуспешни наши натпреварувачи беа: Антонија Белазелкоска европски шампион во кати за сениорки, Камелија Недев и Матеј Мангаровски станаа европски шампиони во енбу за јуниори, Матеј Мангаровски освои прво место во кати во кадетска конкуренција и 2 место во фукуго за кадети и јуниори.

Женскиот сениорски ката тим во состав Антонија Белазелкоска, Берта и Јана Милевски освоија 2 место во ката тим сениорки. Јана Милевска освои 3 место во кати за сениорки.

Кај децата најуспешни беа Камелија Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 12-13 години и Филип Недев со освоени три златни медали во кати, кихон и џиу кумите за деца 10-11 години.

Ката тимот во состав Максим Поп Трпев, Драган Стојановски и Војдан Паламидовски освоија прво место во ката тим за деца од 6-9 години. Максим Поп Трпев и Мила Владев освоија прво место во кихон кумите за деца од 6-9 години.

На првенството учествуваа 14 држави со околу 200 натпреварувачи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната.

На 14 септември камионџиите од Западен Балкан ќе ги блокираат границите кон ЕУ

На 14 септември, професионалните возачи на камиони од Западен Балкан ќе ги блокираат сите гранични премини кон земјите од ЕУ, по потврдената потврда на Европската комисија дека правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена во шенген зоната нема да биде променето..

Проблемот за превозниците се засили со воведувањето на електронскиот систем за влез/излез (EES), со кој автоматски се евидентира престојот на патниците од земји надвор од Шенген-зоната. Системот за земјите од Западен Балкан почна да се применува на 12 октомври 2025 година, а по завршувањето на преодниот период следеше целосна имплементација. Според информациите, возачите кои ќе го надминат дозволениот престој од 90 дена во рамките на 180 дена може да бидат вратени во земјата на живеење, додека товарните возила остануваат на местото каде што се наоѓале во моментот на проверката. Превозниците предупредуваат дека ваквите ограничувања создаваат сериозни проблеми за меѓународниот транспорт, бидејќи професионалните возачи, поради природата на работата, често мораат да престојуваат во земјите од ЕУ подолг период.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Загина возач на патот Охрид – Кичево, удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Загина возач на магистралниот пат Охрид- Кичево.

Загина возач на патот Охрид – Кичево,  удрил во глутница кучиња и изгубил контрола на возилото

Несреќата се случила ноќеса кога возачот најпрвило удрил во кучиња скитници изгубил контрола на возилото и удрил во металните оградни браници покрај патот и возилото се запалило.

Во возилото било пронајдено телото на починатиот возач. На местото интервенирала екипа на територијалната противпожарна единица Охрид, која го локализирала и изгаснала пожарот. По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на судска медицина за обдукција, како и за утврдување на идентитетот на починатото лице.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Активни се два пожари на отворен простор, информираат од ЦУК.

Активни се пожарите во Маврово и ростуше и гори депонијата кај Шуто Оризари

Три пожари се ставени под контрола, а 22 се целосно изгаснати.

Активни се пожарите во општина Маврово и Ростуше, на месноста Голем Брдаш, каде што гори шума, како и во Шуто Оризари, во Визбегово, зад хотелот „New Star“, каде што гори депонија. Под контрола се пожарите над селото Палиград – Преслап во општина Зелениково, во мешана шума, во селото Копаница во општина Сарај, каде што гори нискостеблеста шума и ниска вегетација, како и пожарот кај селата Пискупштина, Буринец и Локов во Струга, каде што е зафатена нискостеблеста шума.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер