Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ЖивотМакедонските извидници на централна прослава во Прилеп и со порака за поддршка на младите Повеќе од 400 извидници денеска на Могилата на непобедените во Прилеп беа дел од централната прослава на Сојузот на извидниците на Македонија. Во рамките на прославата во Сојузот кој брои над 3000 членови во земјава се примени новите, најмлади извидници од 6 до 10 години кои ја положија извидничката заклетва. Дел од прославата е и движењето на извидниците по трасирана патека низ градот со бројни забавни активности. Како што вели Бобан Москов, претседател на Сојузот на извидници на Македонија ова е година на одбележувањето голем јубилеј: 70 години од Сојузот на извидниците на Македонија. Извидничкото движење кое во светот има околу 60 милиони членови е големо и влијае на формирањето на карактерот, доблесните особини кај младите и формирањето на сигурна и одговорна личност. - За првпат оваа централна манифестација на Сојузот се случува надвор од Скопје. Одлучивме да биде во Прилеп. Имаме поддршка од прилепскиот извиднички одред „Феникс“ и од градоначалникот. Имаме околу 400 извидници од цела Македонија. Овде ќе дадат завет и во извидничката организација ќе се придружат малите членови, од 6 до 10-годишна возраст. Предвидено е да имаме патека низ градот со контролни точки. Младите ќе се забавуваат и ќе уживаат. Годинава одбележуваме и 70 години од постоењето на Сојузот на извидните. Имаме континуитет и како организација се трудиме младите да ги упатиме на вистинскиот пат, да бидат сигурни и одговорни личности кои ќе придонесуваат во општеството, рече Москов. Срна Мајсторовиќ, координатор за програма во Сојуз на извидници на Македонија вели дека извидништвото е начин на живот и се залага за мир и за подготвување на младиот човек да има конструктивна улога во општеството. - Извидништвото за мене е начин на живот. Од мала сум во организацијата. Пораснав, се доградував како личност. Извидништвото е движење кое промовира мир, традиционални вредности кои треба да го подготват младиот човек да има конструктивна улога во општеството, да може да се снајде секогаш. Работиме и на практични, животни вештини. Се работи на развивањето на тимскиот дух, смета Мајсторовиќ. Ана Плетварец од Сојузот и началник на извиднички одред „Феникс“ од Прилеп и Елисавета Лукановска, од Сојузот на извидници на Македонија потенцираат дека во денешното технолошко време, многу значи социјализацијата и оформувањето на вистинска млада личност - Има многу голем интерес на младите да бидат извидници. Овие активности стануваат атрактивни за младите, во денешно време кога сме пренатрупани со технологијата, се поголем е интересот да се биде на отворено, да се дружиме да се социјализираме и секако, да изградиме извиднички вештини кои прераснуваат во животни вештини. Државата треба и финансиски да помогне, ние сме непрофитна доброволна организација и, едноставно, да нè промовира како организација која придонесува за подобро утре на државата, вели Плетварец - Извидништвото не е само умешност да се врзе јазол, туку е стекнување животни вештини и оформување карактер кај младата личност. Имам 25 години и се обидувам и настојувам да се најдам себе си во државава, да го дадам од себе она што го умеам, уверена е извидникот Лукановска. Дарко Тошиќ смета дека потребни се повеќе волонтирања и поддршка од државата за младите да стигнат на вистинскиот пат и да се реализираат во својата татковина. - Недостасуваат повеќе активизам, волонтерство, правилни вредности кои се трудиме да ги негуваме, да се изградат млади во возрасни личности со повеќе вредности. Државата треба да помогне со институционална поддршка, со поддршка во настани, за програми кои се имплементираат за младите, со вклучување на младите во организациите и поддршка на стратегии и насоки за млади, во имплементирање акциски планови и програми во подобрување на образовниот систем, формалниот и неформалниот, вели Дарко Тошиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter