Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
2Куриер и Руседски: Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, неговата статистика го потврдува тоа!
МакедонијаМакедонските иселеници од Италија благодарни за честа од претседателката Сиљановска ДавковаПретседателот на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши, преку објава искажува голема благодарност за покажаната чест и почит.Претседателот на италијанско-македонската стопанска комора „АПИ НОРДЕСТ“ Мунир Шемши, кој ја предводеше делегацијата на македонските иселеници во Италија на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова во Рим, преку објава искажува голема благодарност за покажаната чест и почит. - Уште еднаш голема благодарност до нашата претседателка Гордана Сиљановска-Давкова за срдечната средба. Во име на нашинците во Италија можам да кажам само едно дека таа е „Голем човек со огромно срце“, напиша тој меѓу другото во објава на социјалните мрежи. Додава дека високо ја ценат благодарноста што таа ја изнела на средбата за нивниот, како што рекла, силен придонес кон унапредувањето и продлабочувањето на соработката меѓу двете земји. Според Шемши, кој е родум од село Коџаџик, општина Центар Жупа и веќе три децении со семејството живее во Венеција, Италија, во оваа земја живее многубројна македонска заедница. Само од поширокиот дебарски регион Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше има над 10 илјади иселеници. Дел од нив, меѓу нив и Шемши, успешно се интегрирале во италијанското општество и се успешни стопанственици, кои се подготвени да инвестираат во родниот крај. По негова иницијатива во 2022 година беше формирана македонско-италијанската асоцијација „АПИ НОРДЕСТ“, по што со поддршка на генералниот конзул во Венеција, Стојан Витанов на 9 и 10 јуни истата година беа одржани два бизнис форуми, во Тревизо и Венеција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветШефот на Нвидија поднесе оставка по аферата со наводната кинеска шпионка Јенсен Хуанг (63) поднесе оставка од функцијата извршен директор на „Нвидија“, една од највредните компании во светот и водечки производител на чипови за вештачка интелигенција. Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател и претседател на одборот. Заминувањето на Хуанг доаѓа по откритијата за две вонбрачни афери, од кои едната наводно била со жена за која американските власти се сомневаат дека е поврзана со кинеската разузнавачка служба. Скандалот со шпионката предизвика сериозна криза во „Нвидија“, а вредноста на компанијата падна за стотици милијарди долари во последните денови. Аферата што ја потресе „Нвидија“ Хуанг минатиот викенд призна дека ѝ бил неверен на својата сопруга, но не го откри идентитетот на жената со која имал афера. Американските медиуми објавија дека жената за која станува збор била Алис Хуанг, бизнисменка со врски со кинеската технолошка индустрија за која се сомнева дека е вмешана во разузнавачки активности. Управниот одбор на „Нвидија“ започна независна истрага на 8 ноември за можноста Хуанг да бил цел на странска разузнавачка операција. Во исто време, нагласи дека нема причина да се верува дека националната безбедност на САД или трговските тајни на компанијата се во опасност. Ситуацијата дополнително ескалираше откако „Њујорк тајмс“ објави дека Хуанг имал уште една вонбрачна врска, со Кимберли Пауел, една од раководителите на „Нвидија“ која му била директно подредена. Ова, исто така, покрена прашања за можни судири на интереси и почитување на внатрешните правила на компанијата. Компанијата изгуби стотици милијарди долари во вредност Акциите на „Нвидија“ паднаа за повеќе од осум проценти во тргувањето по работното време по извештаите дека одборот на директори размислува за отстранување на Хуанг. Пазарната вредност на компанијата се намали за повеќе од 600 милијарди долари откако избувна скандалот. Компанијата игра клучна улога во глобалниот развој на вештачката интелигенција. Нејзините процесори се користат во центрите за податоци на најголемите технолошки компании, поради што промените на нејзиното врховни позиции би можеле да имаат последици за целата индустрија. Крај на 33 години на чело на компанијата Хуанг е ко-основач на „Нвидија“ во 1993 година и оттогаш континуирано ја води. Под негово водство, компанијата прерасна од производител на графички процесори за компјутери во еден од најважните добавувачи на технологија за вештачка интелигенција. Неговото заминување го покренува прашањето за идното раководство на компанијата во време кога се соочува со притисок од инвеститорите, контрола од страна на САД врз извозот на напредни чипови во Кина и високи очекувања за развој на вештачката интелигенција. На 17 ноември, Nvidia треба да објави нови квартални финансиски резултати.Тагови: Нвидија шпионка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКривични пријави за петмина насилници кои претепаа 13 - годишник во скопската ВлаеПетмина насилници од групата од 20 тинејџери кои претепаа 13 - годишник во скопската Влае пред речиси еден месец, добија кривична пријава од МВР за насилство. Случајот тогаш го пријави и обелодени мајката на претепаното дете, која кажа дека повозрасните, претежно 16-годишни малолетници, на плоштадот „Делфина“ го тепале со боксови и клоци претежно по главата, а употребиле и метален боскер, по што нејзиниот син завршил со скршени заби, контузија, отоци, модринки и крвни подливи. -СВР Скопје, по целосно документирање на случајот ќе поднесе кривична пријава против пет малолетни лица од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“,-Гоце Андреевски – Портпарол на МВР. Ова е само еден од низата случаи на суворово малолетничко насилство кои се случија изминатава година, а вчера една кривична пријава резултираше и со пресуда. На малолетничките кои малтретираа и омаловажуваа 13 годишно девојче, го гореа со цигари и го тераа да јаде измет додека го снимаа во паркот во Ѓорче Петров, им беше доделен поправен дом. -За предметот со насилство со малолетничка од Ѓорче Петров, со оглед дека се работи за малолетни деца и постапката е тајна, можеме да ви потврдиме дека случајот е првостепено завршен и изречена им е заводски воспитна мерка – упатување во воспитен дом, и тоа една година за две деца, а за две деца 8 месеци,- – Кривичен Суд – Скопје. Последниот случај на физички напад се случил вчера во гостиварско, каде малолетник од група деца бил нападнат во училишен двор, а малтретирањето го снимале и го објавиле на социјалните мрежи. Од полицијата, по пријавата на таткото на детето, велат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. Тагови: насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАнима Мунди: Сакаме во Еу, а толерираме суровост кон животните- во ЕУ за ова се оди во затвор!Замислете го човекот кој во преплашено живо суштество, врзано и изложено на страдање, страв и болка, не гледа апсолутно никаков проблем! Коза на покривот на возило, додека тоа се движи, принудена да се бори за рамнотежа и да се обидува да се исправи. Ова е одвратна суровост без оправдување, крајно непочитување на животот и целосно отсуство на совест, емпатија и одговорност! Со што сме опкружени кога некој може толку бесчувствително да постапува со живо суштество? И ако ваквото однесување помине без последици, каква порака испраќаме? Еве го возилото. Јавно ја објавуваме регистрацијата благодарение на хуман и одговорен човек кој го забележал и снимил ова постапување. И не, ова не смее да заврши со згрозување на јавноста и уште еден случај што ќе биде заборавен. Сакаме во Европската Унија? Тогаш европските стандарди за заштита на животните мора да важат и кај нас не само на хартија! За вакво постапување мора да има сериозна правна одговорност, вклучително и затворска казна доколку се утврдат законските услови. Министре за внатрешни работи, Панче Тошковски, директоре на АХВ, Јовица Андовски - бараме итно постапување, целосно утврдување на одговорноста и примена на најстрогите санкции предвидени со закон! БАРАМЕ МВР И АХВ ВЕДНАШ ДА ПОСТАПАТ! Бараме козата веднаш да биде одземена и спасена, да ѝ се обезбедат ветеринарен преглед и сигурно згрижување, а против одговорното лице да се поведе соодветна постапка. Ова е и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Не е загрозено само животното, туку и сите учесници во сообраќајот. Бараме итно дејствување, спас за козата и вистинска казна за сторителот. Институциите се на потег!, соопштуваат од Анима Мунди. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20