ФудбалМакедонските фудбалерки се надеваат на позитивен резултат во МинскЖенската фудбалска репрезентација на Македонија утре против Белорусија ќе го одигра последниот квалификациски натпревар од групата 1 за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година. Селекторот Кирил Изов посакува изненадување за крај на овие квалификации. - Свесни сме дека во овие квалификации немаме шанси за пласман, но поради тоа и немаме што да изгубиме. Имаме подмладен состав на многу мотивирани играчи и во овој последен натпревар сакаме да направиме изненадување. Нема повредени фудбалерки, и искрено се надеваме дека ќе постигнеме позитивен резултат кој би претставувал мотивација и позитивен импулс за натамошните настапи на женската А репрезентација, изјави македонскиот селектор. За овој натпревар, Изов ги повика следните фудбалерки: голмани: Фроска Костова, Елена Чакмаковска и Викторија Панчурова; одбрана: Павлинка Николовска, Даниела Велеска, Симона Тасева, Ивана Биневска, Сашка Кокаловска и Мартина Смилковска; среден ред: Катерина Милеска, Емилија Стоиловска, Јана Чубриноска, Елма Шемсовиќ и Симона Крстановска; напад: Ели Јаковска, Улза Максити, Афродита Салихи и Александра Ристовска. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДел од Чаир попладнево без струја, имало пожар на бандераДел од жителите на Чаир, поранешен Центар 1, во близина на хотел Континентал попладнево останаа без електрична енергија.Според информации добиени од граѓани кои се обратиле до Контакт-центарот, станува збор за дефект на електродистрибутивната мрежа, за кој е поднесена пријава поради пожар на електричен столб, бандера. Засега нема информации колку домаќинства се засегнати, дали пожарот настанал поради обиди за диви приклучувања и кога се очекува нормализирање на снабдувањето со електрична енергија. Од ЕВН најавија официјални информации во текот на денот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУХМР: Влажниот бран ќе се задржи уште два дена, најмногу врнежи во вторник До вторник според Управата за хидрометеоролошки работи ќе продолжи врнежливото време. Веќе од средината на идната недела ќе настапи постепена стабилизација. Тагови: врнежи од дожд УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
МакедонијаГолем пожар на плац на автобуската компанија во близина на селото Тркање, кочанскоГолем пожар избувна утрово на плац со гаражи и автобуси во близина на селото Тркање, предизвикувајќи сериозна материјална штета. Огнената стихија избувнала околу 9 часот во објектот на компанијата, кој се наоѓа во месноста Цацков Бунар, во непосредна близина на бензинска пумпа . Со брза интервенција на протипожарните единици од Кочани и Виница пожарот е изгаснат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter