ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
2ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче
3АЛТА банка АД Битола: Банката е самостојно правно лице, регистрирано во Република Македонија, кое работи согласно домашната законска регулатива
ФудбалМакедонските фудбалери вечерва против Грузија по нов триумф во Лига Нации Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра премиерниот дуел на домашен терен во новиот циклус натпревари во Лигата нации. Црвено жолтите на нашиот најголем стадион ќе ја нагостат селекцијата на Грузија. По две одиграни кола во Дивизијата Ц - Групата 4 македонскиот национален тим со 4 освоени бодови е на втората позиција во групата веднаш зад вечерашниот ривал Грузија. Селекцијата на Грузија во Скопје доаѓа во одличен натпреварувачки ритам по убедливиот триумф над Бугарија од 5-2 на гостувањето во Разград, со амбиции да ни се реваншира за победата на последниот меч со која Македонија избори пласман на Европско. Предводникот на Македонија Боби Милевски без разлика на квалитетниот ривал порачува дека со поддршка од трибините неговите избраници ќе бидат поблиску до планираните бодови. „Посакуваме исполнет стадион кој ќе биде додатен стимул за нас како тим, да ја осетиме таа домашна публика. Поддршката ни е многу потребна. Победаа од 5:2 над Бугарија може и не мора да значи ништо. Очекувам поразличен меч од оној нашиот со Бугарија и оној нивниот.Секако, го анализирав и не само тој туку и претходиоте дуели. Одличен тим, одлични индивидиалци. Одличен меч со Бугарија одиграа но секој меч е различна приказна. Овој период е таков каквов што е. Не може да бараме натпреварувачка форма од играчи кои се надвор од форма. Не гледам ништо поразлично од претходните два меча. Се што е поминато е историја, секој нареден меч е следниот предизвик и шанса за нова победа. Ќе се потрудиме да бидеме подобри во однос на претходните два меча. И како тим и како индивидиално Грузија има квалиотет кој ако им го дозволиоте да го покажат ќе знаат да бидат опасност. Но за тоа треба да им се дозвволи такво нешто а Македонија е таа која се прашува на утрешниот меч“ истакна Благоја Милевски - селектор на реперезентацијата на Македонија. Добро пополнети трибини и „празна“ мрежа посакува и нашиот голма Столе Димитриевски. „Сакам полн стадион, сакам голема, најголема подршка. Со публиката и со нашиот квалитет ќе биде полесно да славиме со побед. Јас секогаш сум пресреќен кога играм дома. Со полн стадион ќе ни биде полесно како што тоа било и во минатото. На секој меч се спремам да го дадам максимумот и да имам празна мрежа. Грузија ја гледам како сериозна селекција која има голем напредок од ној наш меч во Тбилиси. Тоа што даваат многу голови тоа не ме плаши. Знаеме и ние да даваме и знам како работиме во одбраната. Утре со наша празна мрежа ние ќе го добиеме натпреварот, порача голманот Столе Димитриевски. Дуелот Македонија - Грузија во рамките на 3 коло во групата 4 на Арената Тодор Проески стартува во 20 часот и 45 минути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отстоБројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита. Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда. На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена. Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС. Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФлик: „Ламин Јамал добро го поднесе исходот во трката за „Златната топка““ Тренерот на Барселона, Ханси Флик, вели дека најдобриот млад фудбалер на светот, нивната ѕвезда Ламин Јамал добро реагирал по разочарувачкиот исход во изборот за „Златната топка“.Многумина очекуваа, вклучително и самиот Јамал, дека престижниот трофеј ќе заврши во негови раце, но титулата за најдобар играч во Европа, изненадувачки, му припадна на Хари Кејн. -Ова не беше добра вечер за Јамал – какви што имало и други во неговата млада кариера. Како член на златната генерација светски шампиони, тој, разбирливо, имаше големи очекувања; сакаше да ја круниса неверојатната година со најпрестижниот индивидуален трофеј, а само тој знае како се чувствувал кога сфатил дека останал со празни раце. Познато е дека ваквите моменти можат да го вознемират еден млад фудбалер, па иако ова можеби претставувало удар за Јамал, тоа траело кратко, бидејќи, според Флик, неговиот најдобар играч на крајот реагирал „многу добро“. „Горд сум на Јамал бидејќи реагираше навистина добро и гледам дека е фокусиран на тренинзите. Тоа е реакција на шампион“, изјави Флик. „Мило ми е што тој чекори во вистинската насока со својот менталитет, што е важно и за целиот тим“, додаде германскиот стручњак. На крајот, да потсетиме, Јамал заврши дури на третото место, зад Кејн и Мбапе, според бројот на гласови. „На крајот на краиштата, и Хари заслужи награда“, рече Флик.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаШокантен пресврт во Шпанија: Пет исчезнати лица по железничката несреќа пронајдени живиПет исчезнати лица пронајдени живи, бројот на загинати би можел да надмине 70.Од 72 лица пријавени за исчезнати по железничката несреќа во Шпанија, петмина се пронајдени живи. Тројца се пронајдени неодамна, двајца се наоѓаат во болница, а едно лице воопшто не се качило во возот, изјави Емилијано Гарсија-Пахе, претседател на регионалната влада на Кастиља-Ла Манча. Според него, меѓу преостанатите 67 исчезнати лица има 14 странски државјани од Аргентина, Австралија, Канада, САД, Франција, Јапонија, Мексико, Чешка, Тунис и Венецуела, пренесува „Ел Мундо“. Бројот на потврдени жртви во несреќата останува 69, но оваа бројка би можела да се зголеми откако ќе заврши ДНК-идентификацијата на пронајдените човечки останки, изјави Гарсија-Пахе на прес-конференција – на која присуствуваше и шпанскиот премиер Педро Санчез – одржана по состанокот на Координативниот центар за цивилна заштита (CECOPI). Претседателот на Кастиља-Ла Манча појасни дека бројот на загинати изнесува 69, „врз основа на веродостојни податоци потврдени од правосудните органи и Граѓанската гарда“. Сепак, тој додаде дека има 70 пријави за исчезнати лица, па постои можност конечниот број на жртви да надмине 70. Пахе изјави дека има 31 вреќа што содржи човечки останки, како и дека нивното собирање и идентификација се „исклучително сложени“.Тагови: воз Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter