Македонските фудбалери одиграа нерешено 1:1 на домашен терен против Казахстан - Канал 5

Македонските фудбалери одиграа нерешено 1:1 на домашен терен против Казахстан

Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје одигра нерешено 1:1 со Казахстан во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026.

Македонските фудбалери одиграа нерешено 1:1 на домашен терен против Казахстан

Во првиот дел противникот беше подобар со повеќе контрола над топката, додека нашите репрезентативци имаа повеќе шанси за постигнување гол. Воведните минути беа во знакот на гостите од Казахстан, кои ја имаа и првата шанса за водство преку Ислам Чесноков, но тој биеше над голот. Во 24. минута македонските репрезентативци за заканија преку Милан Ристовски, кој биеше по нафрлената топка од Езгијан Алиоски. Две минути подоцна Казахстан се закани кога бекот Багдат Каиров од околу 20 метри биеше крај голот. Македонците во период од 90 секунди имаа три шанси за постигнување гол. Во 34. минута Бојан Илиевски нафрли, а Ристовски биеше, но голманот Мухамејан Сеисен спречи радост на Арената. По корнерот Ристовски уште еднаш шутираше, но противничкиот голман повторно одбрани и исфрли во корнер и по новиот удар од аголот Ристовски со глава биеше крај голот.

На стартот од вториот дел македонските фудбалери го имаа првиот удар, но голманот Сеисен повторно го одбрани ударот на Ристовски. По грешката на нашата одбрана Казахстан поведе во 54. минута со голот на Динмухамед Караман. Македонските фудбалери одиграа одлична акција на крајот ударот на Тихомир Костадинов заврши крај голот во 61. минута. Изедначувањето 1:1 стигна во 74. минута кога по слободниот удар од 27-28.метри капитенот Енис Барди беше прецизен. Во завршницата нашите фудбалери имаа иницијатива, но успеаја да го постигнат и вториот гол, а најзрелата шанса ја имаа во 90+5 минута кога Серафимов биеше крај голот.

На другиот дуел од оваа група, Белгија како гостин го совлада Велс со 4:2. Со оваа победа Белгија изби на првата позиција на табелата со 14 бодови, Македонија има 13, а Велс остана со 10. Казахстан вечерва го освои 7 бод, додека Лихтенштајн е без бод.

Нашата репрезентација последниот натпревар го игра во Кардиф против Велс на гостински терен на 18. ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот.

115 лица евакуирани од патнички брод со кој беше изгубен контактот

Вкупно 115 лица се евакуирани од индонезиски патнички брод со 243 патници и членови на екипажот – кој утрово исчезна откако беше изгубен контактот со него во Јаванското Море поради лошите временски услови – при што едно лице загина, а друго е повредено, изјави Дани Рахмат, портпарол на пристанишниот оператор „Пелиндо“.

Претходно, државната агенција за потрага и спасување на индонезија соопшти дека бродот Virgo Transport 8, испловил во саботата од градот Сурабаја во Источна Јава кон Банџармасин во Јужен Калимантан, потоа бил изгубен контактот, што ги поттикнало спасувачите да започнат потрага и да испратат тим на последната позната локација на бродот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Територијалното прашање останува да се реши пред да може да се постигне договор за крај на војната меѓу Русија и Украина, но Киев не е подготвен на отстапки, изјави Џаред Кушнер, специјален пратеник на американскиот претседател и негов зет.

Кушнер: Украина не сака да ѝ отстапи територија на Русија

Тој додаде дека американската страна изминатите девет месеци работела на други елементи од мировниот договор, вклучувајќи безбедносни гаранции и механизми за спречување на повторно разгорување на непријателствата.

Кушнер истакна дека за време на преговорите во Москва, рускиот претседател Владимир Путин ги изнел своите територијални барања. „Ако Украина се согласеше да се повлече до таа линија, веќе ќе го имавме подготвено остатокот од договорот. Но, засега, украина не е подготвена да го стори тоа“, рече пратеникот на Трамп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца.

Девет лица загинаа во руски напади во Украина, десетици се ранети

Најмалку девет лица загинаа, а десетици се ранети во серијата жестоки руски воздушни напади врз неколку украински области, во кои се оштетени станбени згради и критична инфраструктура, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека Русија загрижувачки ја пренесува војната кон економијата со истрелување на речиси 500 дронови од раните утрински часови.

Бројот на цивилните жртви во Украина нагло се зголеми во последните два месеца поради засилените руски напади врз електроцентралите и другата инфраструктура. Од своја страна, украина изведува напади врз енергетски објекти и магацини во оддалечените области на Русија, а двете страни напаѓаат и бродски пловни објекти.

„Москва ја пренесува војната од фронтот, каде што не постигнува успех, кон економијата, уништувајќи објекти што му помагаат на населението да се справи со воените услови. Русија сака да ја уништи украинската економија и да го скрши нашиот отпор“, изјави Зеленски на Телеграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер