Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД
ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
1Опозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД
2ВМРО-ДПМНЕ: Лагите на СДС се на нивна штета и нема да ја сокријат одговорноста на кадрите на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар
Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
1Првиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболени
ФудбалМакедонските фудбалери ги започнаа подготовките за плеј-оф натпревар против Данска, Херера очекува успехМакедонската репрезентација денеска ги започна подготовките за претстојниот плеј-оф натпревар против Данска за пласман на Светското првенство. Под водство на новиот селектор Гоце Седлоски, националниот тим одработи тренинг во тренинг центарот „Петар Милошевски“. Во отсуство на неколкумина фудбалери кои се очекува да му се приклучат на тимот во текот на вечерта, своите први импресии ги сподели еден од новајлиите, Себастијан Херера од Борац Бања Лука. Тој истакна дека тимот треба да биде максимално мотивиран и да верува во сопствениот квалитет пред гостувањето во Копенхаген на 26 март. „За мене ова е нешто најголемо што може да се случи во мојата кариера, да го облечам дресот на Македонија. Навистина е чест и огромно задоволство што сум тука. Ќе дадам сè од себе за да помогнам на репрезентацијата. Ова го посакував, го чекав и го сонував долго време и среќен сум што конечно дојде моментот. Со нетрпение очекувам да започнеме. Најважно е да бидеме тим, сите заедно. Знам дека на мојата позиција Алиоски има големо искуство и многу години во репрезентацијата, и тоа е дополнителна мотивација. Очекувам тежок натпревар. Данска е силна репрезентација, но ние се фокусираме на нас самите. Верувам дека натпреварот е 50-50 и дека сè зависи од нас. Одиме максимално мотивирани и се надевам на позитивен резултат, зошто да не и пласман во финале.“Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОпозициски пратеник во Албанија украде доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САДВо албанскиот парламент се случи вистински хаос откако опозициски пратеник одзема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД, по што следуваше драматична потера низ собраниската зграда.На социјалните мрежи случката ја споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се гледа како опозицискиот пратеник зема доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и Соединетите американски држави, по што се обидува да го напушти местото. На снимката се гледа како пратеникот трча низ парламентот со документот во рацете, додека по него трча секретарката на Собранието во обид да го запре. 🇦🇱 Chaos in the offices of Albania's Parliament. Opposition MP Agron Shehaj stole a classified copy of the military agreement between Albania and the US. The Parliament secretary fell down the stairs while trying to stop him. https://t.co/kYakoDNP0K pic.twitter.com/n7QRkc6j16 — kos_data (@kos_data) July 27, 2026 Додека трае потерата таа паѓа по скалите.инцидентот предизвика бројни реакции, а снимката за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеПрвиот регистриран случај од западно-нилска треска годинава во Европа е во Македонија, досега има 8 заболениОваа година заклучно со вчера, во Mакедонија се регистрирани осум случаи на Западно-нилска треска, стои во новиот извештај на Институтот за јавно здравје. Од регистрираните случаи, седум се водат како потврдени, а еден како веројатен. „Регистрирани се шест автохтони случаи од Скопје и од Велес и еден случај од Скопје со историја на патување во Грција, но инку-бацискиот период покрива и престој во Македонија. Почетокот на симптомите кај 5 лица од заболените е регистиран во месец јули. Кај два случаи почетокот на симптомите е во јуни, а кај еден случај во мај“, пишува во извештајот од Институтот. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести, од почетокот на сезоната на пренос од оваа година, а заклучно со 22 јули, идентификувани се 35 региони погодени од вирусот на Западно-нилска треска. Во шест земји во европа овие региони се наоѓаат во Италија , Грција Романија, Македонија, Шпанија и Франција. Во оваа сезона, кај луѓе во европскиот регион, првиот регистриран случај е од Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМастантуоно оди на позајмица во Бенфика?Шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид го испраќа талентот Франко Мастантуоно на калење во Бенфика? Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Франко Мастантуоно, би можел да го напушти клубот ова лето и да замине на позајмица. Бенфика се спомнува како голем фаворит за неговиот потпис. Мастантуоно има само 18 години и не успеа да избори поголема минутажа по доаѓањето од Ривер Плата за вртоглави 45.000.000 евра. Со доаѓањето на Јан Диоманде од Лајпциг, дополнително ќе се заостри конкуренцијата на позицијата десно крило. Затоа Мадрид и Жозе Мурињо сакаат да му најдат клуб каде што би играл редовно. Очигледно, покрај Бенфика, заинтересирани се и Фулам и Фиорентина, но португалскиот клуб има предност бидејќи игра во европските натпреварувања. Реал верува дека позајмицата би можела да има ефект сличен на оној од престојот на Ендрик во Лион минатата сезона, каде што Бразилецот доби минути за развој и имаше добри настапи.Тагови: Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter