Македонските фудбалери ги продолжуваат подготовките за средбите со Турција и Шпанија - Канал 5

Македонските фудбалери ги продолжуваат подготовките за средбите со Турција и Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација ги продолжува подготовките за двата натпревари, контролниот против Турција на 5 јуни и квалификацискиот против Шпанија на 11 јуни.

Македонските фудбалери ги продолжуваат подготовките за средбите со Турција и Шпанија

Во репрезентацијата се приклучија калчо ѕвездите Горан Пандев и Илија Несторовски, додека за два дена ќе се приклучат и Стефан Ристовски и Езџан Алиоски.
Офанзивниот фудбалер на Шкендија, Ферхан Хасани вели дека ова е нова добра прилика за Македонија да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена.

- Сите ние имаме прилика да одиграме два големи натпревари, против силниот состав на Турција, а потоа и квалификацискиот дуел со една од најдобрите светски репрезентации, Шпанија. Македонија во претходните неколку натпревари покажа дека има одлични фудбалери и не се плашиме - веруваме во нашите квалитети. Во оваа селекција има талентирани фудбалери со многу потенцијал. Одново имаме прилика да се покажеме во најдобро издание на големата фудбалска сцена и сигурно е дека ќе бидеме 100 проценти во натпреварот против Турција, бидејќи фокусот сега е кон првиот дуел, а потоа и против Шпанија, изјави Хасани.

Кристијан Тошевски, дефанзивецот на Пелистер вели дека силата на Турција треба да претставуваа дополнителен предизвик за нашиот тим.
- Натпреварите се вистински предизвик, посебно што Турција доаѓа во полн состав. Но, тоа треба да биде дополнителен мотив за нас, мораме да уживаме во фудбалот и да се покажеме во најдобро издание. Ние помладите треба да се докажуваме за во иднина и се надевам дека ќе бидеме на висина на задачата и на тренинзите и доколку добиеме шанса за настап, истакнува Тошевски.
Двата натпревара ќе се одиграат на „Националната Арена“ во Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасада

Денеска треба да се донесе пресуда за случајот со палење на двете дипломатски возила на бугарската амбасада во Скопје инцидентот што се случи на 15 јуни  годинава .

Денеска  пресуда за случајот со палење на дипломатски возила пред бугарската амбасада

За кривично дело насочено против безбедноста на лицата и објектите под меѓународноправна заштита 44-годишниот скопјанец претходно ја призна вината за делото, изјавувајќи пред судот дека сам ја донел одлуката да ги полее со бензин и да ги запали возилата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ .

„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката

Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона.

Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници.

Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи.

Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните.

Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико.

Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка.

Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година.

Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини.

По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Кинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.

Си Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со Трамп

Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон.

Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер