Македонските борачки легенди Могамед Ибрагимов и Насе Насев на прием во Агенцијата за млади и спорт - Канал 5

Македонските борачки легенди Могамед Ибрагимов и Насе Насев на прием во Агенцијата за млади и спорт

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денес оствари средба со Могамед Ибрагимов, кој на Летните Олимписки Игри во 2000 година ја претставуваше Република Македонија и го освои третото место во борење во слободен стил во категорија до 85 килограми каде стана првиот, и засега единствениот медалист за Македонија како независна држава.

Македонските борачки легенди Могамед Ибрагимов и Насе Насев на прием во Агенцијата за млади и спорт
На средбата присуствуваше и Насе Насев, поранешен борач и тренер на БК „Спартак“ - Кочани, долгогодишен селектор на македонската репрезентација во борење - слободен стил, долгогодишен инструктор на ФИЛА и Директор на голем број на светски семинари. Како спортски директор и под негово раководство, Ибрагимов го освои единствениот олимписки медал од осамостојувањето на Република Македонија.

На средбата беше разговарано за развојот на македонското борење и насоките по кои треба да се движи Република Македонија во делот на борењето. Истовремено, соговорниците констатираа дека Македонија претставува уникатен пример за расадник за млади борачи и дека таа ситуација мора да биде искористена за Република Македонија да се врати на старите патеки.

Инаку, двајцата великани на македонското борење се одликувани од Република Македонија за своите резултати. Ибрагимов е носител на највисокото спортско признание, популарно наречено Спортска пензија, додека пак Насев е првиот спортски работник кој ја доби државната награда за животно дело во областа на спортот “8-ми Септември”, откако истата беше востановена во 2012 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“, Албанија 114 години од независноста

Албанците во земјава денеска го слават 28 ноември - Денот на знамето, а Албанија прославува 114 години од независноста..

Албанците го слават „ 28 ноември - Денот на знамето“,  Албанија 114 години од независноста

Во Тетово општината организираше марш на кој според најавата учестувале околу 1.500 ученици, а прослава организираше и општина Чаир на плоштадот Скендербег...

Овој ден е поврзан со прогласувањето на независноста на Република Албанија во 1912 година, кога албанското црвено знаме со црн двоглав орел било подигнато во Валона, означувајќи го раѓањето на модерната албанска држава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавениот простест на студентите, кога, како што вели, државата им нуди повеќе од тоа што го имаат...  

Јаневска не гледа логика во најавениот протест на студентите: Државата им нуди повеќе од што имаат

Министерката за образование Весна Јаневска не гледа логика во најавените студентски протести. По ултиматумот што и го дадоа – во рок од две недели да има конкретен одговор за зголемување на студентскиот оброк, Јаневска вели дека работна група од министерството веќе работи на решение и дека државата им нуди повеќе од досегашното.

„Правото на протест е загарантирано, но јас навистина не разбирам против што би протестирале. Државата им нуди повеќе од тоа што го имаат, а тие сакаат против тоа да протестираат. Не ја гледам логиката, но формирана е работната група, многу брзо се развива проектот, заинтересирани сме брзо да се развие проектот. Во комуникација сум со релевантните студентски собранија, мислам дека немаме проблем и дека многу брзо ќе дојдеме до решението. Оттука не гледам причина, но секако тие имаат свое право како ќе одлучат така, иако повторувам, не гледам логика да протестираш за нешто што ти нудат повеќе.“

Владата дополнителната подршка за студентите ја гледа преку нова студентска картичка. Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ објаснија дека преку М-услуги стидентите ќе можат да добиваат 20% попуст на услугите што ќе ги користат преку апликацијата во текот на целата година.

„Секој студент ќе добие студентска картичка, преку која студентите ќе можат да остваруваат 20% пониски цени за сите услуги што ќе ги користат преку апликацијата М-услуги. Ова претставува дополнителна поддршка за нивниот буџет и намалување на трошоците. Студентите ќе можат да ја користат картичката во текот на целата година, а не само за време на академската година.“

Сепак студентите остануваат на нивното конкретно барање за зголемување на субвенцијата од сегашните 140 на 180 денари дневно, односно 4.500 денари месечно. Според анкета на студентските претставници, спроведена на околу 7.000 студенти, 90% се изјасниле за зголемување на износот, додека 80% бараат да остане досегашниот начин на исплата преку платежни картички. Студентите бараат зголемувањето на оброкот да не се условува со воведувањето на новиот дигитален модел. Рокот за исполнување на нивните барања е 2 недели, во спротивно најавуваат протести.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата

Поскапувањето на цената на парното е резултат на покачувањето на цената на гасот, која на светските берзи вртоглаво расте. И тоа не зависи ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од СДС.

ВМРО-ДПМНЕ: Поскапувањето на цената на парното е одлука на Регулаторната комисија за енергетика, а не на Владата

Според споредбените пресметки, граѓаните во Софија плаќаат за 18 проценти поскапо парно отколку граѓаните во Скопје, во Сараево за 44 проценти, во Белград за 81 процент, а во Љубљана за дури 86 проценти.

Додека просечната референтна месечна сметка за парно во Скопје ќе изнесува 2.681 денар, во Сараево таа изнесува околу 3.858 денари, во Белград 4.860 денари, а во Љубљана околу 5.000 денари.

Разбираме дека секое зголемување на цените претставува дополнителен трошок за граѓаните, но фактите и регионалните споредби покажуваат дека цената на централното греење во Скопје и натаму е значително пониска од цените во повеќе главни градови во регионот.

СДС и понатаму тоне во сопствениот талог, криминален ум и безидејност, без никаква корист за граѓаните, се наведува во партиската реакција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер