КултураМакедонските актери во Атеље 212 – овации во БелградКако резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат“ и култниот белградски театар Атеље 212, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ.Како резултат на соработката меѓу шоуто „Глумците пеат“ и култниот белградски театар Атеље 212, во рамки на традиционалната предновогодишна манифестација „Брод плови за Београд„, синоќа и вечерва настапуваат двајца македонски актери – Игор Ангелов и Ања Митиќ. „Брод плови за Београд“ е култна предновогодишна манифестација на Атеље 212, со исклучителен интерес од публиката а билетите традиционално се распродаваат за неколку минути. Настанот е авторска идеја на доајенката Горица Поповиќ, а се реализира под уметничко водство на Светозар Цветковиќ. На првата вечер, настапот на Ања и Игор беше дочекан со овации од белградската публика. Во друштво на најпознатите белградски актерски имиња, тие ја освоија белградската публика, но и колегите со кои ја делеа сцената. Настапот на нашите актери во рамки на оваа реномирана манифестација претставува значаен момент за видливоста на домашната актерска сцена надвор од земјата и повод за искрена професионална гордост. Белградското гостување е вовед во продлабочување на соработката, веќе на следното издание на „Глумците пеат“ во март.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26
Свет„Ѕвер“ со големина на Франција ја погоди Кина: Два милиони евакуирани (ВИДЕО)Тајфунот Бави, најсилната бура што ја погоди континентална Кина оваа година, донесе обилни дождови на источниот брег со силни ветрови, тестирајќи ја способноста на властите да се справат со екстремни временски услови.Бави ослабе во тропска бура до недела наутро додека се движеше кон внатрешноста, но метеоролозите предупредија дека системот со големина на Франција може да донесе продолжени и обилни дождови низ источна и северна Кина во наредните денови, објави Ројтерс. Typhoon Bavi 🌀 pic.twitter.com/KbPxf7osUB — Danyal Gilani (@DanyalGilani) July 12, 2026 Речиси два милиони луѓе беа евакуирани пред пристигнувањето на Бави, главно во покраината Џеџијанг, економскиот и технолошкиот центар на втората најголема економија во светот. Today, massive waves topping 10 meters (33 feet) battered the coast of Zhejiang, China, as Typhoon Bavi slammed ashore. pic.twitter.com/HdvIrzInaJ — Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 11, 2026 Бави го погоди крајбрежниот град Јухуан во Џеџијанг околу 23:20 часот по локално време во саботата, пред да удри втор пат во Јуеќинг околу полноќ. „Слушнавме како паѓаат ќерамиди и гранки од дрвја. Секако дека бевме исплашени, но живееме покрај морето, па затоа сме навикнати на тоа“, рече еден жител. Typhoon Bavi passed today pic.twitter.com/iEBZKtOFHs — Lin Zhi Yuan (@lincoplastic) July 12, 2026 Државниот радиодифузен сервис „CCTV“ објави дека повеќе од 1.300 дрвја паднале во Јуеќинг, а повеќе од 700 се целосно искорнати. Поплавите достигнаа ниво од половина висина на гума од автомобил. Спасувачките екипи денес користеа багери и моторни пили за да ги исчистат улиците покриени со вода и паднати дрвја.Тагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветБројот на жртви во Венецуела се искачи на 4.333Бројот на жртви од земјотресите што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 4.333, а 16.740 се повредени, изјави претседателот на Националното собрание и раководител на привремените кампови, Хорхе Родригез.Тој рече дека 315 лица сè уште не се идентификувани меѓу жртвите, додека 6.462 лица се спасени од урнатините, а околу 17.000 жители останаа без покрив над главата. Родригез нагласи дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат. „Додека има живот, има надеж. Сè уште имаме едно или две места каде што ситуацијата останува неизвесна, каде што активно бараме преживеани“, рече тој на својата последна прес-конференција. Родригез објави дека вршителот на должноста претседател на Венецуела, Делси Родригез, ќе ги додели првите 200 станови на ранливи семејства следната недела. Според официјалните бројки, оштетени се 856 згради, од кои 190 се целосно уништени или претрпеле сериозни структурни оштетувања. Властите проценуваат дека се потребни околу 25.000 станбени единици. Идентификувани се околу 40 локации со вкупна површина од околу 584.000 квадратни метри за изградба на нови населби во областите Осма и Чуспа. Како дел од дневниот извештај, Родригез изјави дека 86.794 семејства добиле помош и дека се дистрибуирани 9.766 тони храна и 16.617.508 литри вода. Дополнително, претседателот на венецуелскиот парламент изјави дека се поставени 94 привремени кампови за да се помогне на населението погодено од земјотресите, кои предизвикаа 1.202 последователни потреси. Тој, исто така, истакна дека медицинска помош им е пружена на 31.193 пациенти. Родригез на прес-конференција изјави дека 91 процент од пациентите погодени од земјотресот кои се лекуваат во меѓународни теренски болници или национални болници веќе се отпуштени и се надвор од опасност. Тој, исто така, рече дека 2.422 меѓународни спасувачи остануваат во земјата за да соработуваат во спасувачките напори, додека 31.837 национални спасувачи се распоредени во различни бригади во земјата. Извор: Б92Тагови: Венецуела Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар ПланинаЛицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово.На 11.07.2026 во 18:46 часот во СВР Тетово, А.Ч.(38) од село Жеровјане побарал помош за него и уште две лица, Н.М. од с.Слатино и Б.А. од с.Глоѓи. Пријавителот известил дека со возило пристигнале до местото викано „Три води“, атар на село Теарце, по што пешки се упатиле кон Бистрица на Шар Планина, каде поради тежок и непристапен терен останале заглавени, а притоа оддеднаш му се влошила здравствената состојба со болки во градите и отежнато дишење. Веднаш по добиената пријава се известени Полициското одделение Теарце и Територијалната противпожарна единица лоцирана во село Лешок. Н.М. и Б.А. успеале да го симнат А.Ч. до местото викано „Бачило“, каде биле пречекани од спасувачката екипа на Територијалната противпожарна единица. По пронаоѓањето, групата заедно со спасувачите пешки се спуштила до нивното возило, а во 20:40 часот кај местото „Три води“ биле прифатени од полициски службеници од ПО Теарце. Лицата безбедно се спроведени до регионалниот пат кај с.Лешок, каде пристигнала екипа на Итна медицинска помош од Тетово, при што А.Ч. на 12.07.2026 во 00:55 часот со амбулантно возило е пренесен во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУспешно евакуирани три лица од непристапен терен на Бистрица на Шар Планина11:10Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26Мицкоски во посета на Општина Охрид09:47Ќе успеат ли партиите до 15 јули да договорат нов Изборен законик?15:00
Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо15:06
Мицкоски од Охрид: Продолжуваме да инвестираме во проекти кои ќе го подобрат животот на охриѓани12:26