3ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина Бутел
Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
1Времето застанало во село на северот на Италија- до него се стигнува преку 1.400 камени скали (ВИДЕО)
КултураМакедонскиот „Види ја ти неа“ најдобар интернационален краток филм на „Санденс“Краткиот филм „Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски и продукција на Скопје Филм Студио и Црна Мачка Продукција на 34-от Филмски фестивал Санденс, најголемиот американски фестивал на независен филм, ја освои наградата Најдобар интернационален игран филм во категоријата кратки филмови.Во конкуренција за наградата беа 17 наслови од целиот свет. „Види ја ти неа“ е приказна за младата девојка Анета, која се обидува да ги реши проблемите во семејството и училиштето вклучувајќи се во еден исклучиво машки верски ритуал, скокање по крстот за Водици. Улогите во филмот ги толкуваат Сара Климоска, Игор Ангелов, Пируника Киселички и други. Сценарист е режисерот Столевски, кинематографер е Наум Доксевски, сценограф Влатко Чачоровски а костимограф Жаклина Крстевска. Филмот е финансиски поддржан од Агенцијата за филм на Република Македонија. Горан Столевски е роден во Македонија, а живее и работи на релација Австралија – Велика Британија. Своето образование го стекнал на Универзитетот во Мелбурн и Викторијанскиот колеџ за уметности во Мелбурн. Столевски веќе има реализирано над дваесет кратки филмови, прикажани и наградувани на голем број фестивали низ целиот свет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
ЕвропаНад илјада луѓе во Европа се заразени со западнонилска треска Повеќе од илјада локално стекнати инфекции со Западнонилскиот вирус се пријавени низ цела Европа од почетокот на сезоната на пренос оваа година, според податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC).До 3 септември, вкупно 1.086 случаи се регистрирани во 15 земји, соопшти агенцијата во своето последно неделно ажурирање во петок. Бројот нагло се зголеми во последните недели. На почетокот на август, малку повеќе од 240 случаи се пријавени во седум европски земји. Италија регистрираше најмногу случаи, 516, по што следуваат Грција со 284 и Шпанија со 88. Вкупно 144 области низ Европа беа погодени, вклучувајќи 62 во Италија, иако ECDC предупреди дека бројките не ја даваат целосната слика. Вирусот Западнонил главно се шири преку комарци меѓу дивите птици, но заразените комарци можат да го пренесат и на луѓето. Според германскиот Институт Роберт Кох (RKI), околу 20 проценти од заразените лица развиваат болест слична на грип, додека само околу еден од 100 се разболува сериозно. Западнонилската треска обично се повлекува без компликации, иако долгорочните последици се релативно чести кај пациентите кои развиваат тешка болест.Тагови: западнонилска треска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВЛЕН: Голем чекор кон енергетската независност и сигурностМакедонија официјално стана дел од Вертикалниот гасен коридор, иницијатива која ги поврзува енергетските системи на земјите од Југоисточна и Централна Европа.Меморандумот во Солун го потпиша директорот на НОМАГАС, Недим Рама. Членството во овој коридор отвора нови можности за снабдување со природен гас, намалување на зависноста од еден единствен извор на снабдување и зајакнување на позицијата на земјата во регионалната енергетска мрежа. Енергетската криза во последните години покажа колку скапа може да биде зависноста од еден извор на снабдување. Затоа, отворањето нови патишта за снабдување е од особено значење, како за економијата, така и за енергетската сигурност на земјата. ВЛЕН ја поздравува работата на Недим Рама и тимот на НОМАГАС. Договорите од ваков обем не се постигнуваат преку ноќ. Зад нив стојат месеци работа, разговори и координација со партнерите од регионот, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште во Визбегово, 5 спортски центри и над 30 игралишта добиваат граѓаните на општина БутелЕдна година локална власт е една година работа, реализирани проекти и видливи резултати. Во Општина Бутел промените се гледаат на терен и во улиците, парковите, училиштата, градинките и спортските терени. Во изминатиот период започна водоводот во Љубанци и Љуботен, завршено е новото училиште во Визбегово во вредност 106 милиони денари, изградена е надградбата на ООУ „Ацо Шопов“ и започна изградбата на затворен базен. Изградени се две нови детски градинки, пет спортско рекреативни центри и над 30 спортски и детски игралишта. Уредено е речното корито на Серава во должина од 1.800 метри, Радишани доби нов парк и плоштад, а се градат новиот мега-парк на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, пешачка патека покрај Серава и два нови моста. Во изминатите пет години се реализирани и бројни реконструкции и асфалтирања на улици. А работата продолжува. Следуваат нова модерна поликлиника, секундарна водоводна мрежа во Љубанци и Љуботен, доградба на ООУ „Панајот Гиновски“, нова градинка во Визбегово, нови спортски центри и дом на културата. Се реализираат и активности за видеонадзор на јавните површини. Една година е само почеток. Бутел се гради, се развива и се менува со конкретни проекти и уште посилно темпо во периодот што следува, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook