Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
2Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испит
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЖивотМакедонскиот тутун се бара во светот, но нема кој да го работиНа прагот на уште една откупна сезона на тутунот, за производителите е пресудно по која цена „ќе натежне вагата“. Тие со откупните претпријатија (во земјава се 10-тина) се во вечна „битка“ за откупните цени, особено сега, во ситуација на инфлација, скапи трошоци на производство и скапа работната рака. Во вакви моментални состојби се отвора прашањето: Колку е рентабилно македонското производство на тутун кое носи и девизен прилив, којшто според податоците, изнесува 100-тина милиона евра. Мирослав Димитриевски од Институтот за тутун во Прилеп, единствена научна институција што се занимава со проучување на состојбите во тутунопроизводството, анализи и производство на тутунов семенски материјал за потребите за земјава и за странство, вели дека до лани проиводството на тутун имало континуитет. Во периодот од 2010 до 2022 година годишното производство е околу 25 000 тони тутун, стабилизирано на 22 000 до 23 000 тони годишно. Според Димитриевски, имаме континуитет во производството на тутун за разлика од соседните земји каде се забалежува намалување и тоа треба да се искористи. -Намаленото производство во соседните земји како Грција, Бугарија, па и Турција, треба да го искористиме како држава за да го заштитиме производството на ориентален тутун, бидејќи на светскиот пазар имаме доста конкурентни сорти, препознатливи и реномирани чија тутунска суровина е ценета. По типот „Измир“, типот „Прилеп“ е на второ место на светско ниво во пласман како тип на тутун, посочува Димитриевски. И професорот Златко Арсов од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје потврдува дека македонскиот ориентален тип на тутун е баран на светскиот пазар, особено во ситуација кога светското производство стагнира, најмногу на ориенталските типови што се и најпроизведувани кај нас. -Последниве неколку години се забележува стагнација на производството на суров тутун во светот за околу шест милиони тони, од сите типови. Најголемо учество во светското производство имаат типовите „Вирџинија“, „Берлеј“, некои други типови, па и ориенталските. Од сите овие, најголемо опаѓање има кај ориенталскиот тип тутун и од некогашните 300 000 тони, светското производство е паднато на 120 000 тони. Засега, македонското производство не е доведено во опасност, бидејќи повеќе години имаме некое стандардно производство, со исклучок на оваа година. Тоа засега не претставува опасност, бидејќи има поголемо намалување во другите земји, на пример во Бугарија, Грција, Турција. Сѐ уште има место за нашиот тутун на светскиот пазар, објаснува Арсов. Се посочуваат два главни проблеми за рентабилноста на македонското производство на тутун и тоа откупната цена, која мора да ги следи скапите трошоци на производство и инфлацијата и промената на демографската структура поради иселувањето. Со други зборови - да се плати и да има кој да произведува. Тоа може да донесе стагнација на производството кај нас. -Нашите производители на тутун најмногу ги мачи откупната цена. Сметаат дека е ниска, и со право, ако се гледа од аспект на трошоците: горивото, вештачките ѓубрива се скапи, а веќе и работната рака стана скапа. Да се донесе аргат веќе е скапа работа. Од тој аспект, ќе има стагнација во нашето производство, освен ако нешто не се промени во откупните цени: да се зголемат, да бидат на некое ниво, да се следи оваа инфлација што владее овој период. Државата дава субвенција по килограм тутун, дава и други мерки како купување механизација, но, државната помош не треба да биде пресудна. Треба откупните претпријатија да ја зголемат цената. Според мене, тука лежи проблемот. Како да се натераат да ги зголемат откупните цени. Ако има мало количество тутун, мора да ја зголемат цената, па и да го зголемиме производството, да стане рентабилно, вели Арсов. Она што загрижува, според професорот Димитриевски од Институтот за тутун во Прилеп, е демографската структура на населението затоа што во последно време има нагло иселување на населението. - Тоа би бил еден од моментите што треба да нѐ загрижува и треба да се најде начин да се задржат младите луѓе и да продолжи континуитетот на ова производство, вели Димитриевски. Експертите предлагаат и други мерки за рентабилност на македонското тутунопроизводство како што се зголемени субвенции и окрупнување на површините. -Ќе помогнат зголемени субвенции од државата и окрупнување на површините под тутун. Тоа ќе овозможи поголеми површини, поголема примена на механизација за поголема продуктивност во тутунопроизводството, појаснува Гордана Мицеска од прилепскиот Институт за тутун. Научната фела во земјава посочува дека квалитетните сорти тутун можат да обезбедат продуктивност и рентабилност. -Секое наше недоволно внимание во поглед на изборот на сортата, воведувањето и одржувањето на сортите како и зачувувањето на сортната структура во примарното производство, може да има мошне негативен импакт со несогледливи последици за целото тутунско стопанство. Сепак, одговорноста е на нас, стручните лица и на откупувачите, вели Димитриески. Оваа производствена година никој не сака да ја земе за репер. Уште во текот на бербата, тутунарите и Сојузот на земјоделски здруженија предупредија дека производството ќе се намали за 30 до 40 проценти. - Годинава, состојбата со тутунот е катастрофа. Минатата година ако од 15 декари имав три тони, годинава се околу тон и половина. Немаме вода. Хидросистемот не стигнува до нас иако вештачкото прилепско езеро годинава е полно. Ако сакаме да го задржиме тутунопроизводството, треба државата и Министерството за земјоделство да нѝ овозможат дупчења за вода. Мора да се наводнат површините, зашто со овие временски промени ништо не правиме, вели Драге Касниоски, тутунопроизводител од прилепското село Големо Коњари. Претседателот на Сојузот на земјоделски здруженија Менде Стомнароски посочува дека родот е мал. - Пролетта имаше многу дождови кои предизвикаа болести кај тутунот. Тутунот многу се изретчи. Потоа го фати сушата која си го направи своето и оваа година имаме одличен квалитет на тоа што е произведено и набрано, ама килажата ќе биде многу помала во споредба со лани, вели Стомнароски. Сојузот на земјоделски здруженија се надева на поддршка од Министерството за земјоделство и на конструктивен дијалог со откупувачите за повисока цена на тутунот, поради инфлацијата, зголемените трошоци за репроматеријали и нискиот стандард за живот. Годинава со откупните претпријатија се потпишани 29 400 договори за 26 600 тони тутун. Со оглед на намалената реколта тутун, би се очекувале и повисоки откупни цени на тутунот. Но, и на неполн месец од почетокот на откупната кампања (најрано може да почне на 15 ноември, а најдоцна на 15 декември) неизвесно е колку ќе се плати маката на тутунарите. Со оглед дека старосната граница на тутунарите е висока, а ретко има подмладок, остануваат недоодговорени двете клучни прашања за рентабилното македонско тутунопроизводство - исплатливоста и работната сила. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче покажува дека не знае да ги чита економските параметриГо информираме Македонија има највисока стапка на раст на БДП во регионот и најниска инфлација. Венко Филипче како предводник на талогот од СДС покажува дека не знае ништо друго освен да излезе во јавност и да ги лаже граѓаните и да шири паника и хистерија. Овој пат тоа го прави со економските показатели. Филипче сега покажува непознавање на основните економски работи, односно покажува дека не се разбира од економија и не знае дека треба да се гледаат сите економски параметри, а не поединечно како што прави тој. Но, тоа е. Ни дава шанса да му објасниме. Владата предводена од ВМРО – ДПМНЕ води пробизнис и проекономска политика, а за тоа доказ се податоците на Европската комисија, Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. Што велат овие меѓународни институции? Македонија има највисока стапка на раст на бруто-домашниот производ во регионот и најниска инфлација. Инфлацијата во Македонија е за 25 проценти пониска од европскиот просек, додека економскиот раст во вториот квартал годинава достигнал 4,3 проценти. Дополнително, оваа Влада и по две години уште се справува со обврските наследени од владата предводена од СДС. Оттука, во 2027 година ќе треба да се рефинансираат или да се вратат заеми во вредност од 2,3 милијарди евра, додека за 2028 година се предвидени обврски од 2,7 милијарди евра. Бројките јасно зборуваат дека ова е значителен финансиски товар кој е наследен. И покрај се Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ се справува со предизвиците и продолжува да ги исполнува обврските и реформите. Се работи на одржување и подобрување на економските показатели и покрај меѓународните кризи и покрај наследените проблеми. Затоа кога Филипче нешто не знае подобро нека молчи. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, шест возеле без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода девет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, шест лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: А.С.(46), М.Р.(26) и З.С.(26) сите од Скопје, А.М.(27) од с.Никиштани, скопско, Г.Т.(56) од с.Подлес, општина Градско и А.К.(28) од с.Дреново, кавадаречко, кој бил и под дејство на алкохол. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол: Г.Ј.(49) од Кочани и М.С.(35) од Куманово. Додека, пак, Д.С.(21) од Крива Паланка управувал возило и покрај тоа имал активна мерка забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПотврдена средба на Трамп, Си Џинпинг и Путин в четврток во КинаБелата куќа потврди. Следната недела во четврток во кинескиот град Шенжен ќе се одржи состанок на Доналд Трамп, Си Џинпинг и Владимир Путин, на маргините на Самитот на Азиско-пацифичката економска соработка -АПЕК.Портпаролката на Белата куќа, Оливија Велс, изјави дека една од главните теми на разговорите ќе биде намалувањето на нуклеарното оружје. Претседателот јасно стави до знаење дека ќе се занимава со прашањето за намалување на нуклеарното оружје во светот. Американски претставник, кој зборувал под услов на анонимност, открил дека Трамп планира на средбата да го отвори и прашањето за Иран, а темата за Украина најверојатно нема да биде дел од трилатералните разговори, бидејќи сад водат одделни дипломатски процеси со Киев и Москва, во кои Кина не учествува. Американскиот претседател ќе отпатува во азија во понеделник, а според најавите, најпрво ќе ги посети филипините, по што ќе замине за шенжен, каде ќе се одржи самитот на АПЕК.Тагови: Владимир Путин Доналд Трамп Си Џинпинг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00