Македонскиот тим „eBionics" победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020 - Канал 5

Македонскиот тим „eBionics" победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020

Во конкуренција на 180 тимови од 36 земји во категоријата на натпреварувачи под 18 години, македонскиот тим eBionics е глобален победник на годинешниов светски натпревар младински предизвик „Генерација без граници 2019/2020" во Њујорк.

Македонскиот тим „eBionics" победник на младинскиот предизвик „Генерација без граници 2019/2020

Тимот победи со идејата „VenusArm" односно бионичка рака печатена со 3Д принтер, а наменета за лицата со недостаток на подлактица од раката.

Тимот „eBionics", кој ја изработи бионичката рака, го сочинуваат Орхан Багашов – задолжен за дизајнот, Тео Китановски – за програмирањето, Борис Ночески – за менаџирање на социјалните мрежи и Анамарија Илиева – за изработка на веб-страницата.

Станува збор за ученици во ПСУ „Јахја Кемал" во Скопје, кои работеа под менторство на професорот Иван Чорбев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Големиот пожар што беснее во областа Хај Фенс (High Fens) и во природниот резерват Хај Свомп (High Swamp) во источниот дел на Белгија се наоѓа на само три километри од германската граница.

Видео: Пожарот во Белгија се шири кон Германија

Ситуацијата во пограничниот град Моншау, во западна Германија, беше напната во текот на изминатата ноќ, а на жителите од некои делови на градот им беше препорачано да се подготват за напуштање на своите домови, пренесува „Блид“.

„Не може да се исклучат ризиците по здравјето предизвикани од чадот од пожарот. На жителите на Платевен, Лејлох и Калтерхерберг, западно од Месевего, им се препорачува да ги напуштат овие подрачја до 10 часот наутро и да престојуваат кај роднини и пријатели“, се наведува во соопштението на локалните власти.

Потврдено е дека градските власти на Моншау ќе отворат прифатилиште во општествениот центар во Имгенбројх, почнувајќи од 7 часот наутро, за сите оние што не можат самостојно да најдат алтернативно сместување.

Екипите за итни интервенции во Моншау не очекуваат огнот наскоро да се прошири на германска територија, но потврдуваат дека се во состојба на подготвеност.

„Секако, внимателно ја следиме ситуацијата. Ќе продолжиме континуирано да ја следиме и проценуваме состојбата, а по потреба ќе ангажираме и дополнителни противпожарни сили“, изјави Филип Кригер, командант на противпожарната служба во Моншау.

Од белгиска страна, евакуацијата на градовите Кихелшајд и Лејкауљ веќе е започната.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МО: Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

МО:  Утре во 19 часот, почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

Министерството за одбрана ги информираме граѓаните на Скопје, дека на 17-ти август 2026 година (понеделник), со почеток во 19.00 часот, во касарната ,,Илинден“ во Скопје од страна на единица на артилерискиот баталјон на Армијата ќе се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на 10 плотуни од 6 артилериски орудија.

Почесната стрелба како дел од протоколарните обврски на Армијата за одбележување на празници е во рамки на активностите кои се реализираат по повод одбележувањето на 18Август-Денот на Армијата.

Претходно, истиот ден, во 18.00 часот ќе биде извршена и пробна артилериска стрелба со истрелување на еден плотун од 6 артилериски орудија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Неверојатна сообраќајна несреќа во Италија.  Автомобил панда се заби во мал авион без да закочи .

Видео: Неверојатен судир на аеродромот: „Фиат Панда“ удри во мал авион

Невообичаена несреќа се случи во делот за општа авијација на аеродромот Милано-Линате, кога службено возило се судри со приватен авион од типот „Хокер Бичкрафт 400А“ (Hawker Beechcraft 400A).

Според снимката од безбедносната камера, авионот се движел кон пистата, додека возилото „Фиат Панда“ се приближило без видливо запирање и удрило во предниот дел на леталото.

https://www.instagram.com/reel/Db5e9ZDsOh_/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

За среќа, во несреќата нема повредени. За воланот на автомобилот бил 54-годишен вработен во компанија што обезбедува услуги за опслужување на аеродромот. Меѓу патниците и членовите на екипажот немаше повредени. Ударот бил насочен кон предниот дел на авионот, односно кон заштитниот поклопец што ги штити радарската антена и другата опрема сместена во носот на леталото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер