КултураМакедонскиот стрип претставен пред романската публикаВо рамки на мултимедијалната изложба „CAN for Balkans“ во трговскиот центар „Кореси“ во Брашов, Романија, првпат е претставен македонскиот стрип.– Изложени се фрагменти од стрипови на Љубомир Филиповски, Илија Јордановски, Миле Топуз, Драган Ташковски, Диме Иванов-Димано и Дарко Богданов, вели стрип-хроничарот Александар Стеванов од Штип. Освен како селектор на македонскиот дел од овој сегмент, Стеванов воедно е автор и на студијата за македонските историски стрипови, извадоци од која се искористени за текстуална експликација и контекстуализација на изложените стрип-табли што се на теми од богатата македонска национална историја. На предлог на Стеванов, како најемблематичен лик од македонските историски стрипови е избран едноокиот Самуилов војник Никола, кој на изложбата е поставен на посебно пано, отпечатено во реална величина. Се работи за фиктивен лик, протагонист во стрипот „Одмазда на еднооките“, премиерно објавен во далечната 1966 година, во 69-тиот број на популарната горњимилановачка едиција „Никад робом“. Како комплетен автор на овој стрип од 30 табли, кој е на тема од македонското средновековие, се потпишува Љубомир Филиповски од Скопје, еден од најплодните македонски стрип-творци. – Иако Филиповски го создава на почетокот од својата кариера, како деветнаесетгодишен, „Одмазда на еднооките“ според мое мислење е не само еден од најдобрите македонски историски стрипови, туку и еден од најдобрите македонски стрипови воопшто. Мешајќи ги историските факти со имагинацијата, во него тој ја раскажува приказната за тројца храбри Самуилови војници – Никола, Владимир и Стамен – на кои им било оставено по едно око за поразената војска да ја вратат на својот цар. Но наместо тоа, во желбата за посветлото утре на родната грутка, тие ја продолжуваат битката против Ромеите, што овој стрип го прави безвременска авантура, изјави Стеванов. Во втората секција на изложбата е претставена современата перспектива за Балканот во историските стрипови, во форма на 64 дела. Меѓу изложените стрипови на 67 автори, од кои 27 уметници од осум земји беа избрани на меѓународен конкурс, е и стрип на Славица Купенкова од Скопје, на која на манифестација ѝ беше доделено специјално признание. Покрај Купенкова, како гости на Меѓународниот фестивал на историски стрип во Брашов, на отворањето на изложбата присуствуваат и претставниците на Стрип центарот на Македонија – Ване Трајков и Александра Андреева. Изложбата, чиј куратор е Никола Пепене, е поставена во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на историски стрип во Брашов, а е составена од две одделни секции. Во првата од нив, на мултимедијален начин и во креативна форма се прикажани резултатите од истражувачкиот проект за историјата на историските стрипови на Балканот, фокусирајќи се на споделените стереотипи и клишеа. „CAN for Balkans“, која е дел од истоимениот меѓународен проект, ќе биде поставена во Брашов до 13 ноември, по што ќе се пресели во Брисел, Лесковац, Тирана и во Велес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРуте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис. Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците. Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок. Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година. Q: Is Russia foolish enough to consider attacking any NATO country? NATO's Rutte: We don't think so, and we see no imminent threat against NATO territory. And if we were to see a buildup, we would react to it. https://t.co/9869xng9nM — Clash Report (@clashreport) October 14, 2026 Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД. Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана. Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.Тагови: Марк Руте русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11МВР распиша меѓународна потерница по Ива Михаилова08:3930 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
Бугарија не сака да ја екстрадира Ива Михајлова во Македонија, потерницата од Интерпол не им е важна 17:26
Се чешла медицинската документација на Ива Михаилова – како било констатирано дека нема услови за лекување во Македонија?15:00
Клековски: Нема здравствен случај кај Михаилова, бегството е поради доаѓањето на бугарскиот конзилиум кој ќе го потврдеше тоа13:11
30 дена притвор за Михаилова, распишана е и меѓународна централна потерница поради убиството на Дурмиши 16:32
МакедонијаМитева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева .На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените. „Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева. Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните. „Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева. На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија. „Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМито и корупција во договорите со НАТО- претреси и апсења во Норвешка, Романија и Германија Пет лица се уапсени во Норвешка, а претреси се спроведени во Германија и Романија како дел од истрагата за сомнение за измама и поткуп во врска со договори за бродови кои учествуваат во мисиите на НАТО.Пет лица се уапсени во Норвешка, а претреси се спроведени во Германија и Романија како дел од истрагата за сомнение за измама и поткуп во врска со договори за бродови кои учествуваат во мисиите на НАТО, објави Агенцијата на Европската Унија за судска соработка (Евроџаст). Евроџаст соопшти дека апсењата и претресите вклучуваат компанија и нејзините подизведувачи, осомничени за поднесување лажни фактури за услуги на брегот наменети за поддршка на бродовите и нивните екипажи додека се во пристаништата во северозападна Европа. Се проценува дека земјите-членки на НАТО претрпеле штета во износ од околу еден милион евра, или 1,1 милион долари, иако вкупниот износ на измамата сè уште не е познат, според Евроџаст. Компанијата е исто така осомничена за поткуп на јавни службеници преку посредници за да обезбеди преференцијален третман од Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО (NSPA). Името на компанијата во центарот на истрагата не е објавено NSPA им помага на 32 членки на најголемата безбедносна алијанса во светот и нивните партнери во набавката на одбранбена опрема, други безбедносни системи и придружни услуги и поддршка. НАТО како организација не поседува свои бродови, тенкови или оружје. Евроџаст не го објави името на компанијата што е во центарот на истрагата. Нејзините простории во Романија, како и неколку приватни куќи, беа претресени. Во Германија, истражителите претресоа две деловни локации и една куќа, според соопштението за медиумите на Евроџаст.Тагови: Германија НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook