Македонскиот стрип на европско ниво: Успешен настап на фестивалот во Сомбор - Канал 5

Македонскиот стрип на европско ниво: Успешен настап на фестивалот во Сомбор

Сомбор една недела беше регионален центар на деветтата уметност. Од 11 до 17 мај, градот го пречека 11-тиот Меѓународен фестивал на стрип и фантастика, кој преку изложби и работилници спои автори од Србија, Италија, Македонија и регионот.

Македонскиот стрип на европско ниво: Успешен настап на фестивалот во Сомбор

Програмата започна со изложбата „Најдоброто од Балканска смотра“ на Марко Стојановиќ, а централен настан беше поставката „Современ италијански стрип – мајстори на денешницата“. Пред публиката се претставија култни европски автори како Бранислав Бане Керац, Морено Буратни (сценарист на легендарниот „Загор“), уредникот Шибин Славковиќ, италијанскиот цртач Марчело Мангиантини и меѓународно признатиот Дарко Перовиќ.

Во оваа силна меѓународна конкуренција, македонската стрип-сцена уште еднаш докажа дека поседува достоен, врвен квалитет што рамноправно парира на европските стандарди. Клучен доказ за тоа беше забележителниот настап на македонската илустраторка Славица Купенкова. Нејзиниот нов графички роман предизвика исклучителен интерес и високи оценки кај присутните критичари и љубители на визуелната уметност. Успехот на Купенкова е јасна потврда дека македонските автори создаваат зрели, конкурентни дела и воедно претставува силен импулс за културната соработка во регионот.

Истовремено, во Соколскиот дом издавачите ги презентираа најновите графички романи, а фокусот на стручните дебати беше насочен кон регионалната соработка и улогата на стрипот во современата уметност.

Фестивалот заврши со порака дека Сомбор останува збирно место каде македонскиот и регионалниот талент секоја година ги потврдуваат своите високи креативни дострели.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите

Јеменската влада, поддржана од Саудиска Арабија и меѓународно призната, соопшти дека започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите, поддржани од Иран.

Јеменската влада започнува голема воена кампања за повторно освојување на сите области во земјата контролирани од Хутите

Вооружените сили на владата ќе продолжат со офанзивата „сè додека земјата не се ослободи од стисокот на терористичката милиција“, изјави јеменскиот претседател Рашад Ал-Алими во телевизиско обраќање.

Портпарол на војската подоцна ги повика Хутите да го положат оружјето.

Хутите, го држат главниот град на Јемен, Сана, и огромни делови од северозападот, каде што живее поголемиот дел од населението, од 2014 година. Тие досега издржаа серија напади во текот на годините од страна на Саудиска Арабија, Емиратите и нивните западни сојузници, и го осовременија своето оружје со помош на Иран.

Движењето минатиот месец започна изненадувачка офанзива со која го освои стратешкиот теснец Баб Ел-Мандеб,на Црвеното море за само неколку недели, давајќи им на Хутите нова предност над меѓународната поморска рута.Тој напредок, исто така, отвори нов фронт во пошироката американско-израелска војна започната во февруари против Иран кои вклучуваа задушување на транспортот на нафта низ Ормутскиот теснец.,

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ викендов билпримен во аудиенција кај папата Лав XIV за време на неговата официјална посета на Светата Столица.

Црногорскиот претседател донесе тениски рекет во Ватикан, Папата: Ѓоковиќ е Србин

„Папата Лав XIV би бил првиот папа во историјата што би ја посетил Црна Гора. За време на разговорите било потврдено пријателството меѓу Црна Гора и Светата Столица, како и заедничката посветеност на мирот, меѓусебното почитување и достоинството на секое човечко суштество“, соопштија од Кабинетот на претседателот на Црна Гора.

Милатовиќ истакна дека оваа година се одбележуваат 140 години од Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата Столица, 20 години од воспоставувањето дипломатски односи и 15 години од потпишувањето на Основниот договор. За време на средбата, посебно внимание било посветено на натамошното зајакнување на соработката, вклучително и на отворањето на Апостолска нунцијатура во Подгорица.

На крајот од средбата, претседателот Милатовиќ му подарил на папата специјално изработен тениски рекет со црногорски државни симболи, рачно изработен филигран инспириран од добротската чипка и репродукција од првата страница на Конкордатот меѓу Кнежевството Црна Гора и Светата столица од 1886 година.

Милатовиќ му подарил тениски рекет на папата поради неговата страст кон тенисот.

При врачувањето на подарокот, тој го споменал тенисерот Новак Ѓоковиќ. „Тој се изјаснува како Србин“, одговори папата. „Тој исто така е многу наклонет кон Црна Гора“, одговорил Милатовиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од полноќ нови цени на горивата!

Од полноќ во Македонија стапуваат во сила нови малопродажни цени на горивата, а според најавите, можно е нафтените деривати да поевтинат.

Од полноќ нови цени на горивата!

Одлуката за новите цени треба да ја донесе Регулаторната комисија за енергетика, која ќе утврди по кои цени од полноќ ќе се продаваат бензините, дизелот и останатите нафтени деривати.

Во моментов, на бензинските станици важат следните малопродажни цени:

Еуросупер БС-95 се продава за 100,00 денари за литар;

Еуросупер БС-98 чини 102,00 денари за литар;

Еуродизел БС (Д-Е V) се продава по цена од 100,00 денари за литар;

Маслото за горење ЕЛ-1 има цена од 111,50 денари за литар.

Очекувањата се дека со новата одлука може да дојде до намалување на цените, што би значело поевтино точење гориво за граѓаните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер