Македонскиот селектор Џикиќ за утре ја закажа прва прозивка на кошаркарите - Канал 5

Македонскиот селектор Џикиќ за утре ја закажа прва прозивка на кошаркарите

Новиот селектор на машкаta репрезентација на Македонија, Александар Џикиќ, за утре (вторник) со почеток од 10 часот во СЦ „Борис Трајковски’’ ја закажа првата прозивка на кошаркарите пред стартот на подготовките за квалификациите за Европското првенство 2015.

Македонскиот селектор Џикиќ за утре ја закажа прва прозивка на кошаркарите
Подготовките на репрезентацијата ќе се одвиваат во Скопје и Охрид пред стартот на квалификациите на 10 август.

Репрезентацијата ќе тренира секој ден по два пати, во претпладневниот термин од 10 до 12 часот и во вечерниот термин од 19 до 21часот во СЦ „Борис Трајковски’’. Првите десет дена подготовките ќе минат во Скопје, по што репрезентативците ќе продолжат со редовна работа во Охрид, каде ќе го одиграат и првиот од двата подготвителни турнири.

На турнирот во Охрид, кој ќе се игра од 16 до 18 јули, покрај Македонија, ќе учествуваат и Романија, Грузија и Австрија.

По овој турнир репрезентацијата се враќа во Скопје каде од 25 до 27 јули ќе се одигра и вториот турнир на кој ќе настапат селекциите на Полска, Италија и Црна Гора.

Кошаркарите ќе останат во главниот град се до стартот на квалификациите, односно 10 август за кога е закажан дуелот со Белгија.

Според распоредот следуваат три гостувања и тоа: Данска (13 август), Белорусија (17 август) и Белгија (20 август), а последните два натпревари македонските кошаркари ќе ги одиграат пред својата публика во Скопје против Данска (24 август) и Белорусија (27 август).

Дали се ќе оди според планот, по најавата на кошаркарите за бојкот на репрезентацијата, и со кои кошаркари Македонија ќе игра во овој циклус квалификации останува да се види.

Потсетување дека на листата од 24 кошаркари пријавени во ФИБА Европа за настап за репрезентацијата за овој циклус квалификации се и имињата на: Перо Антиќ и Предраг Самарџиски кои најавија дека нема да настапат во овој квалификациски циклус, како и Ѓорѓи Чековски кој најави повлекување од репрезентацијата.

Од натурализираните играчи, покрај Лестер Бо Мекејлеб на поширокиот список се и Дариус Вашингтон и Ричард Хендрикс, а од кошаркарите кои минатата година настапија на ЕП во Словенија пријавени се: Владо Илиевски, Војдан Стојановски, Дамјан Стојановски, Александар Костоски, Дарко Соколов, Владимир Брчков и Стојан Ѓуроски.

Списокот на Џикиќ го комплетираат: Кирил Николовски, Андреј Магдевски, Марјан Јанески, Оливер Двојаковски, Марко Симоновски, Бојан Трајковски, Бојан Крстевски, Ивица Димчевски, Љубомир Младеновски, Михајло Арсоски и Андреј Маслинко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.

Фото: Ирина Шајк скоро гола на забава

Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина.

https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading

Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание.

40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките.

Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа.

Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси.

Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации.

Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?

Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија  Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал.

Фудбалска Англија „трепери“: Манчестер Сити ќе биде исфрлен во четвртата лига?

Светскиот фудбалски гигант, повеќекратниот шампион на Англија Манчестер Сити би можел да се соочи со една од најтешките казни во историјата на англискиот фудбал, а според информациите што ги пренесува „Дејли мејл“, последиците би можеле да бидат толку сериозни што клубот би можел да го загуби своето место во Премиер лигата уште оваа сезона.

Оливер Холт, уредник на фудбалската рубрика во весникот, тврди дека на „Граѓаните“ им се заканува одземање на голем број бодови. Ваквото сценарио практично би значело испаѓање од елитниот ранг, а дополнителна казна би можела да ги очекува и во следната сезона.

Според истите наводи, Сити нема автоматски да биде префрлен во Лига 2, односно во четвртото ниво на англискиот фудбал.

Сепак, постои можност клубот да биде санкциониран во натпреварувањата што се под покровителство на Англиската фудбалска лига (EFL), иако таа организација не е обврзана да прифати таква одлука. Покрај одземањето бодови, се очекува и изрекување на значителна парична казна.

Манчестер Сити инаку покрена постапка за жалба откако независна комисија утврди дека клубот прекршил 114 од вкупно 115 финансиски правила за кои беше обвинет.

Конечната одлука за санкциите сè уште не е донесена, но, според информациите, Премиер лигата сака казната да биде позната пред да се донесе одлука по жалбата на клубот. Одлуката по жалбата се очекува во средината на јануари 2027 година, а целта е целиот случај да се затвори во текот на тековната сезона.

Сепак, неизвесноста веќе предизвикува незадоволство кај другите клубови од Премиер лигата. Како што пренесуваат англиските медиуми, од одредени страни доаѓаат сè погласни приговори, бидејќи сè уште не е јасно какви последици ќе има постапката против „Сити“ врз исходот на првенството.

– Никој не знае за што се игра оваа сезона и како ќе се одвиваат работите до мај – е пораката што може да се слушне меѓу незадоволните клубови. Доколку најавеното сценарио се оствари, последиците би можеле да бидат далекусежни – не само за Манчестер Сити, туку и за борбата за титулата, местата што водат во европските натпреварувања и опстанокот во Премиер лигата. Засега, сепак, сè останува на ниво на медиумски шпекулации, додека се чека официјалната одлука на надлежните органи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството

Изјава за медиуми на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила.

Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер