Македонскиот полициски синдикат: Остварени работни средби со раководството на МВР

На барање на Македонскиот полициски сидикат денеска претседателот на МПС , Марјан Кицев и генералниот секретар Киро Трајковски  имаа  работни состаноци со министерот Наќе Чулев и со дополнителниот заменик- министер Славјанка Петровска. 

Средбите беа иницирани од страна на Македонскиот полициски синдикат а како причина ја наведуваме актуелната состојба во Министерството за внатрешни работи на секојдневно издавање наредби и решенија за работа од страна на Министерот за внатрешни работи и нивно поништување од страна на Владата со што сите вработени во Министерството се доведени во една конфузна и збунувачка состојба што им преставува сериозна пречка за нормално извршување на редовните работни задачи и реализација на правата од работен однос.

Од страна на раководството на МПС на Министерот за Внатрешни работи Наќе Чулев и дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска им беше пренесен ставот на Македонскиот полициски синдикат дека највисоката цел на МПС е заштита на правата од работен однос на вработените, истовремено грижејќи се и за угледот на Министерството за внатрешни работи и интегритетот на полициските службеници, поради што како единствен репрезентативен синдикат во МВР и организација во која членуваат со над 8500 членови чуствуваме и морална одговорност да укажеме на погопренавените состојби и потребата од нивно итно надминување.

Од таа причина, а се со цел хитно надминување на актуелната состојба во Министерството ние како Македонски полициски синдикат предложивме во текот на утрешниот ден во наше присуство и наша медијација да се одржи состанок за што искрено сме благодарни и на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и на дополнителниот заменик на министер за внатрешни работи Славјанка Петровска за прифаќањето на нашата иницијатива.

Се надеваме дека на утрешниот состанок преку конструктивен дијалог ќе се надминат недоразбирањата и ќе се реши состојбата на општо задовослтво и за доброто на сите вработени во Министерството за внатрешни работи, соопшти Македонскиот полициски синдикат.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер