НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
1НБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непречено
ЗдравјеМакедонскиот неврохирург, Рендевски, претседавач на Европскиот конгрес по неврохирургија Македонскиот неврохирург, проф. Владимир Рендевски, претседавач на Европскиот конгрес по неврохирургија ЕАНС 2024 во Софија, на сесијата на неврохирурзи од југоисточна Европа.Професорот од универзитетската клиника за неврохирургија во Скопје неврохирургот д-р Владимир Рендевски, на овогодишниот европски конгрес на неврохирурзи што се одржува од 13 – 17 октомври во Софија, Бугарија, е избран за претседавач на сесијата на неврохирурзи на југоисточна Европа, во рамки на работниот дел на конгресот, што претставува големо признание за нашата држава од страна на европската асоцијација за неврохирургија, како држава која сеуште не е официјална членка на Европската Унија. На овој најголем научен настан од областа на неврохирургијата во Европа, учествуваат 1675 учесници, со 1337 научни презентации, 371 предавач и 6 главни говорници, кои во овие 5 дена во повеќе паралелни работни сесии ги разменуваат своите искуства и научни сознанија од областа на неврохирургијата и невронауката. Темата на овогодишниот конгрес е ,,Иновации, образование и лидерство“, што ја одразува моменталната потреба темелно да се дискутира за иднината на неврохирургијата во врска со технолошкиот напредок, што може да го подобри неврохируршкото образование, обука и третман, со цел да се создадат следните лидери на неврохирургијата во Европа. Професорот Рендевски, во работната научна сесија, како раководител на научноистражувачкиот мултидисциплинарен тим, ги претстави најновите резултати од нивната повеќегодишна работа во областа на биомаркерите од групата на инерлеукини и оксидативниот стрес, кај пациентите со хеморагичен мозочен удар. Тие направија апликативен софтверски пакет, кој овозможува математичка пресметка и 3Д прикажување на резултатите од предвидуваниот мозочниот едем што се развива кај пациенти по настанување на мозочниот удар. Дел од овие истражувања минатата 2023 година беа публикувани и во престижното списание Brain Pathology, како и во поглавје од стручна книга објавена од најголемата издавачка куќа за стручна стручна литература Springer, а за кои работната група беше и наградена со 1-ва награда на меѓународниот европски конгрес по невронаука Mind and Brain, што традиционално по 62-ри пат се одржа во Пула, Хрватска. Во рамки на европскиот конгрес по неврохирургија, Македонија ја претставуваат и проф. д-р Александар Чапароски и асс. д-р Благој Шунтов, сите заедно од универзитетската клиника за неврохирургија Скопје, воведно и актуелни наставни работници на Медицинскиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ од Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола во Битола, Тетово и Струмица – исплатата на средствата се одвива непреченоОд денеска се отворени шалтерите на „АЛТА банка“ АД Битола и во Тетово и Струмица, покрај шалтерите во Битола, коишто работат од 6 ноември. На овие шалтери граѓаните коишто немаат платежни картички можат да подигнат до 20.000 денари.Исплатата на средствата во сите три града се одвива непречено и според утврдениот распоред. Во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имаше краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика. Исплатите ќе продолжат и во следните денови, со цел клиентите на Банката да можат да располагаат со своите средства. Исто така, од оваа недела се зголемува неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари. Народната банка континуирано ја следи состојбата и презема соодветни активности, приспособувајќи ги мерките во согласност со развојот на состојбите. Приоритет останува обезбедувањето уредно опслужување на граѓаните и заштитата на интересите на клиентите на Банката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски на средба со амбасадорот на Швајцарија - Посилни партнерства за нови можности за СкопјеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари протоколарна средба со амбасадорот на Швајцарија во Република Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер, во духот на пријателството, меѓусебната почит и отвореноста за соработка.- Како градоначалник, мојата определба е да создаваме партнерства што ќе придонесат за развојот на Скопје и за поквалитетен живот на нашите сограѓани. Швајцарските искуства во локалното управување, заштитата на животната средина и унапредувањето на јавните услуги се значајна можност за размена на знаења и добри практики. Верувам дека преку отворен дијалог и заеднички иницијативи можеме да создадеме основа за соработка со конкретни придобивки за нашиот град. Скопје заслужува да се развива, да учи од најдобрите и да отвора нови можности за своите граѓани - рече на средбата градоначалникот Ѓорѓиевски. Градоначалникот Ѓорѓиевски му изрази благодарност на амбасадорот Сомер за посетата и за срдечниот разговор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп најави поинаква Украина: „По војната, таа нема да биде иста како порано“Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија.Претседателот на Соединетите Држави, Доналд Трамп, изјави дека Украина би можела да изгледа „малку поинаку“ по завршувањето на војната со Русија, додавајќи дека верува оти Вашингтон е блиску до постигнување мировен договор. Трамп го изјави ова во интервју за емисијата „60 минути“ на телевизијата CBS, во пресрет на трилатералните разговори меѓу претставници на Соединетите Држави, Украина и Русија, закажани за 10 и 11 ноември во Абу Даби. „Мислам дека ќе го постигнеме тоа, мислам дека тоа ќе се случи, и на крајот ќе добијат Украина која ќе изгледа малку поинаку“, му рече Трамп на новинарот Рос Даутат, додека разговараа за изгледите за завршување на руската инвазија врз Украина. Оваа изјава на американскиот претседател го отвора прашањето за можни територијални промени како дел од евентуален мировен договор. Сепак, Трамп не појасни кои делови од украинската територија би можеле да бидат опфатени со таквите промени. Американскиот претседател повтори дека очекува војната наскоро да заврши, напоменувајќи дека се подготвува важна средба. „Се одвива една многу важна средба. Верувам дека оваа војна ќе заврши, и тоа наскоро. А единствената причина поради која ќе заврши, сум јас“, рече Трамп. Тој ја посочи нетрпеливоста меѓу претседателите на Украина и Русија – Володимир Зеленски и Владимир Путин – како најголема пречка за постигнување мировен договор. Кога еден новинар забележа дека чувствата на Зеленски кон рускиот претседател се разбирливи, со оглед на тоа што Русија ја нападна Украина, Трамп не даде директен одговор. „Кога Путин и Зеленски ја имаа својата прва средба, беше покажано големо непочитување кон Русија. Затоа нема да кажам ништо“, изјави американскиот претседател. На прашањето кому му верува повеќе – на Путин или на Зеленски – Трамп избегна да заземе страна. „Би претпочитал да не кажам, но добро се согласувам со двајцата“, рече тој, додавајќи дека не верува оти рускиот претседател намерно го доведува во заблуда за време на преговорите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter