Македонскиот научник Марјан Комненов пронајде досега непознат вид пајак во БиХ - Канал 5

Македонскиот научник Марјан Комненов пронајде досега непознат вид пајак во БиХ

Здружението „Фојничани“ од Босна и Херцеговина соопшти дека во пештерскиот комплекс Мокра Мегара е пронајден нов, досега непознат вид пајак и дека ќе биде именуван на планината Озрен.

Македонскиот научник Марјан Комненов пронајде досега непознат вид пајак во БиХ

Окритието научно наречено „Порхома озрененсис“ (Porrhomma ozrenensis) му се припишува на македонскиот спелеобиолог Марјан Комненов.

Наодите се претставени на 6. конференција на Мрежата за заштита на природата во БиХ.

По „Маглајскиот големаш“, редок инсект којшто, исто така, живее на ова подрачје, како што посочуваат од Здружението „Фојничани“ - откривањето на уште еден ендемски вид на Озрен дополнително ја потврдува исклучителноста на овој национален парк во Република Српска. Покрај новооткриениот пајак, научниците и истражувачите на собирот споделија и вредни информации за лилјаци, птици, водоземци, влекачи, инсекти, растенија, габи, мов и алги, повикувајќи на важноста од зачувување на оваа планина.

Озрен, како што предупредуваат дел од стручњаците, се соочува со сериозни предизвици поради планираните геолошки истражувања заради експлоатација на никел и кобалт. Проф. д-р Иван Драгичевиќ од хрватскиот Факултет за рударство, геологија и нафта при Универзитетот во Загреб и проф. Далибор Балиан од Шумарскиот факултет на Универзитетот во Сараево повикаа на зачувување на природата, обрнувајќи внимание опасностите што ги носат со себе проектите за геолошки истражувања и експлоатација на минерали.

Нивните излагања фрлаат светлина на актуелните настани, како во Озрен, така и во поширокиот регион.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

A1 повторно успеа да направи нешто што останува подолго во јавноста.

A1 повторно создаде кампања за која зборува јавноста

Овојпат, преку современа интерпретација на нашата „Билјана платно белеше“, компанијата отвори една поинаква културна приказна која деновиве е меѓу најкоментираните теми во јавноста.

Наместо класична sponsorship кампања, A1 Македонија, како генерален спонзор на Охридско лето избраа поинаков пристап , да создадат чувство. Со минималистичка визуелна естетика, jazz аранжман и внимателно раскажана приказна, „Билјана“ доби нова емоција, а публиката доби нешто што ретко се случува на домашната сцена: бренд што комуницира преку култура.

Особено внимание привлече фактот што целата комуникација е суптилна, достоинствена и далеку од агресивен branding. Токму затоа, реакциите на социјалните мрежи се главно во една насока, дека ова не изгледа како реклама, туку како вистински културен проект.

Со овој потег, A1 уште еднаш покажа дека најсилните кампањи не се оние што најгласно продаваат, туку оние што оставаат впечаток и создаваат емоција што луѓето ја паметат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

-Варот ги фрли Хрватите во очај!

Вистинска лудница на Мундијалот португалија со пресврт подобра од Хрватска, коцкестите се жалат на ВАР

Фудбалерите на Португалија ја победија Хрватска со резултат 2:1 во супернеизвесн натпревар од шеснаесетфиналето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Португалците направија пресврт во Торонто, а херој на мечот е напаѓачот на ПСЖ, Гонсало Рамос, кој го постигна победничкиот гол во четвртата минута од судиското надополнување.

Дуелот во Торонто имаше две сосем спортивни полувремиња, досадно прво и супер интересно и неизвесно второ полувреме, а посебно се издвои надополнувањето на времето кое траеше дури 20 минути.

Хрватска поведе со голот на Иван Перишиќ во 53. минута, а Кристијано Роналдо го врати својот тим во игра со гол од пенал во 68. минута.

Натпреварот потоа мирисаше на продолжение, но Рамош не мислеше така.

Леао центрираше во четвртата минута од судиското продолжение, а Рамош со глава покрај двајца Хрвати го матираше Ливаковиќ. Клуминацијата на драмата се случи во 13-тата минута од судиското продолжение, кога ВАР го поништи голот на Хрватска поради офсајдот на Пашалиќ.

ВАР исто така мораше да реагира, за да утврди дали Матановиќ ја допрел топката пред тоа, Хрватска лута на технологијата си заминува дома.

Во осминафиналето, на 6 јули, Португалија ќе се соочи со Шпанија во пиринејското дерби.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска во Макеоднија времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. 

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²), грмежи, засилен ветер (над 60 km/h) и појава на краткотрајно невреме со град. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме со пообилен пороен дожд и појава на град. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До средината на следната работна седмица следува период на стабилно и претежно сончево време. Во сабота ќе дува засилен до силен, а во следните денови умерен до засилен северен ветер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер