Македонскиот народен театар ги откажа сите изведби - Канал 5

Македонскиот народен театар ги откажа сите изведби

Македонскиот народен театар соопшти дека ги откажува сите изведби оваа недела поради трагината несреќа што се случи во Кочани, а во која загинаа 59 лица, а 155 се повредени. 

Македонскиот народен театар ги откажа сите изведби

- Поради тешката трагедија од големиот пожар, кој се случи во дискотеката во Кочани, сите изведби во Македонскиот народен театар во текот на оваа недела од 17 до 22 март 2025 година ќе бидат откажани, како знак на почит кон настраданите и нивните семејства. Да покажеме солидарност и разбирање во овие тешки моменти за нашето општество. Средствата од купените онлајн билети ќе ви бидат рефундирани системски, а билетите купени од билетарницата ќе се рефундираат на истата, секој работен ден од 12:00 часот, велат од Македонскиот народен театар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со беспилотно летало на аеродромот во Лајпциг, но веројатно нема да ги уапсат, објави денес весникот „Зидојче цајтунг“ (SZ).

Германските власти идентификуваа двајца осомничени за нападот на аеродромот во Лајпциг

Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот латвиски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ја поддржува тврдењето на германската влада дека Русија стои зад инцидентот, објави „Ројтерс“.

Дрон полн со експлозив беше пронајден на аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август, но подоцна беше деактивиран. Неколку украински товарни авиони беа во близина, а аеродромот е еден од центрите за транспорт на воена помош за Украина.

Според претходните информации, траги од воен експлозиви беа пронајдени и во близина на аеродромот, додека барем уште едно беспилотно летало беше вклучено во инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Тој им е познат на властите и живее во близина на железничката станица во италијанскиот град Белуно, каде што поставил шатор. 

Бездомник отвори куфер полн со пари и почна да им ги дели на минувачите- мислеле дека е шега, се вмеша и полицијата

Сепак, во последните денови се најде во центарот на вниманието од многу необична причина.

Бездомник од Ирак, познат на граѓаните како Хајдер, се појавил со куфер полн со пари и почнал да им ги дели на минувачите, објавува „Кориере дел Венето“.

Не зборува италијански

„Некои ги зедоа банкнотите и ги ставија во џебовите, додека други мислеа дека е шега“, вели Марко Дал Понт, градски советник за социјални прашања.

Други реагираа поинаку - со тоа што ја повикаа полицијата, која кај бездомникот пронашла 4.390 евра. Парите биле предадени на градската администрација, во исчекување на деталите од необичната приказна.

Хајдер е познат на социјалните служби и живее во Белуно веќе неколку месеци. Тој не зборува италијански и не одговара на луѓето што му пристапуваат.

Локалните медиуми објавуваат дека не можел или не сакал да објасни од каде се парите што ги носел во куферот. По краток разговор со властите, тој се вратил во својот шатор.

„Целиот случај е необичен“

„Сите го познаваат и морам да кажам дека е добро примен од луѓето. Многумина се обиделе да му помогнат, нудејќи му храна и сместување, што тој го одбил“, додаде Дал Понт.

Социјалните служби го познаваат и ги следат неговите движења и постапки.

„Сепак, целиот случај е навистина необичен“, рече градскиот советник.

Банкноти од 50 евра беа пронајдени во куферот и на улицата, а засега се шпекулира од каде доаѓаат.

„Мора да одлучиме што да правиме со парите што ги најдовме, но само по консултација со властите“, заклучи Дал Понт.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Турските спасувачи трагаат по 10-член екипаж, откако два трговски брода се судрија во Мраморното море, во близина на Истанбул.

10 исчезнати при судир на два трговски брода во Мраморното море

Инцидентот се случил рано утрината кај истанбулската крајбрежна општина Сили-Ври, кога надлежните целосно го изгубиле радио и техничкиот контакт со еден од двата брода, кој потонал во морето. На еден од танкерите немало видливи оштетувања и екипажот бил безбедно евакуиран, но судбината на десетте морнари од вториот товарен брод засега останува непозната. Веднаш по поморскиот инцидент, турската крајбрежна стража упати спасувачки патролни бродови и специјални хеликоптерски екипи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер